На оваа Страна има детален преглед на рекордите на ФК Арсенал.

Поединечни рекорди Настапи Најмлад Најмлад играч во првиот тим – Цеск Фабрегас, 16 години 177 дена (против Ротерам Јунајтед, Лига Куп, 28 октомври, 2003) Најмлад играч во првиот тим на лигашки натпревар – Џек Вилшер, 16 години 256 дена (против Блекбурн Роверс, Премиер Лига, 13 септември 2008) Најмлад играч во првиот тим во Европа – Џек Вилшер, 16 години 329 дена (против Динамо Киев, Лига на Шампиони, 25 ноември 2008) Најмплад играч во ФА куп – Џек Вилшер, 17 години 2 дена (против Плумот, 3 јануари 2009)

Најстар Најстар играч во првиот тим – Џок Ратерфорд, 41 година 159 денови (против Манчестер Сити, Прва Дивизија, 20 март, 1926) Најстар играч во првиот тим во Премиер Лига - Џон Лукич, 39 години 336 дена (против Дерби Каунти, 11 ноември 2000) Најстар играч во првиот тим во Европа - Џон Лукич, 39 години 311 дена (против Лацио, Лига на Шампиони, 17 октомври 2000) Најстар дебитант во првиот тим – Рони Роки, 35 години 7 дена (против Чарлтон Атлетик, Прва Дивизија, 14 декември 1946)

Најмногу настапи Само за официјални натпревари, вклучително и натпревари започнати од клупата. Броевите во загради се постигнати голови.

#ИмеНационалностЛигаФа КупЛига КупЕвропски настапиКомјунити ШилдВкупно1Дејвид О’Лири 558 (11) 70 (1) 70 (2) 21 (0) 3 (0) 722 (14)2Тони Адамс 504 (32) 54 (8) 59 (5) 48 (3) 4 (0) 669 (48)3Џорџ Армстронг 500 (53) 60 (10) 35 (3) 26 (2) 0 (0) 621 (68)4Ли Диксон 458 (25) 54 (1) 45 (0) 57 (2) 5 (0) 619 (28)5Најџел Винтерберн 440 (8) 47 (0) 49 (3) 43 (1) 5 (0) 584 (12)6Дејвид Симан 405 (0) 48 (0) 38 (0) 69 (0) 4 (0) 564 (0)7Пет Рајс 397 (12) 67 (1) 36 (0) 27 (0) 1 (0) 528 (13)8Питер Стори 391 (9) 51 (4) 37 (2) 22 (2) 0 (0) 501 (17)9Џон Радфорд 379 (111) 44 (15) 34 (12) 24 (11) 0 (0) 481 (149)10Питер Симпсон 370 (10) 53 (1) 33 (3) 21 (1) 0 (0) 477 (15)11Боб Џон 421 (12) 46 (1) 0 (0) 0 (0) 3 (0) 470 (13)12Греам Рикс 351 (41) 44 (7) 47 (2) 21 (1) 1 (0) 464 (51)12Реј Парлоу 339 (22) 44 (4) 26 (0) 52 (5) 5 (1) 466 (32)14Мартин Кион 333 (4) 40 (0) 23 (1) 49 (3) 4 (0) 449 (8)15Пол Дејвис 351 (30) 27 (3) 51 (4) 16 (0) 2 (0) 447 (37) 16Еди Хапгуд 393 (2) 41 (0) 0 (0) 0 (0) 6 (0) 440 (2)17Пол Мерсон 327 (78) 31 (4) 40 (10) 24 (7) 3 (0) 425 (99) 17Денис Беркамп 315 (87) 39 (14) 16 (8) 48 (12) 5 (0) 423 (121)19Патрик Виера 279 (29) 48 (3) 7 (0) 68 (2) 4 (0) 406 (34)20Френк МекЛинток 314 (26) 36 (1) 34 (4) 19 (1) 0 (0) 403 (32)

Сегашен играч со најмногу настапи – Коло Туре, 326, заклучно со 24 мај 2009 Најмногу последователни настапи – Том Паркер, 172 (3 април, 1926 – 26 декември, 1929)

Голгетери

Најмногу голови во една сезона – 44, Тед Дрејк (1934-35) Најмногу лигашки голови во една сезона – 42, Тед Дрејк, (1934-35) Најмногу лигашки голови во една Премиер Лига сезона – 30, Тјери Анри, (2003-04)

На еден натпревар

Најмногу голови на еден натпревар – 7, Тед Дрејк (Против Астон Вила, Прва Дивизија, 14 декември, 1935) Најмногу голови на еден натпревар на домашен терен – 5, Џек Ламберт (против Шефилд Јунајтед, Прва Дивизија, 24 декември, 1932) Најмногу голови на натпревар од ФА Купот – 4, рекордот го делат: Клиф Бастин (против ФК Дарвин, 9 јануари 1932) и Тед Дрејк (против ФК Барнли, 20 февруари 1937) Најмногу голови на натпревар од Лига Купот – 4, Жулио Баптиста (против ФК Ливерпул, 9 јануари 2007) Најмногу голови на натпревар од европската сцена – 4, Алан Смит (против ФК Австрија Виена, Европски Куп, 18 септември 1991) Најбрз гол – 13 секунда, Алан Сандерленд (против ФК Ливерпул, ФА Куп, 28 април, 1980)

Најмлад и најстар

Најмлад стрелец – Цеск Фабрегас, 16 години 212 дена (против Вулверхемптон Вандерерс, Лига Куп, 2 декември, 2003) Најмлад стрелец во лигата – Цеск Фабрегас, 17 години 113 дена (против Блекберн Роверс, Премиер Лига, 25 август 2004) Најмлад стрелец во ФА КУпот – Клиф Бастин, 17 години 303 дена (против Челси, 11 јануари 1930) Најмлад стрелец во Европа – Цеск Фабрегас, 17 години 217 дена (v. Розенборг, Лига на Шамиони, 7 декември 2004) Најмлад стрелец на хет-трик – Џон Радфорд, 17 години 315 дена (против Вулверхемптон Вандерерс, Прва Дивизија, 2 јануари 1965) Најстар стрелец – Џок Ротерфорд, 39 години 352 дена (против Шефилд Јунајтед, Прва Дивизија, 20 септември 1924)

Најдобри стрелци Само официјални натпревари. Броевите во загради се настапи.

#ИмеНационалностЛигаФА КупЛига КупЕвропски настапиКомјунити ШилдВкупно1Тјери Анри 174 (254) 7 (24) 2 (3) 42 (84) 1 (4) 226 (369)2Ијан Рајт 128 (221) 12 (16) 29 (29) 15 (21) 1 (1) 185 (288)3Клиф Бастин 150 (350) 26 (42) 0 (0) 0 (0) 2 (4) 178 (396)4Џон Радфорд 111 (379) 15 (44) 12 (34) 11 (24) 0 (0) 149 (481)5Тед Дрејк 124 (168) 12 (14) 0 (0) 0 (0) 3 (2) 139 (184)6Џими Брејн 125 (204) 14 (27) 0 (0) 0 (0) 0 (1) 139 (232)7Даг Лишман 125 (226) 10 (17) 0 (0) 0 (0) 2 (1) 137 (244)8Џо Хулм 107 (333) 17 (39) 0 (0) 0 (0) 1 (2) 125 (374)9Дејвид Џек 113 (181) 10 (25) 0 (0) 0 (0) 1 (2) 124 (208)10Денис Беркамп 87 (315) 14 (39) 8 (16) 12 (48) 0 (5) 121 (423)11Рег Луис 103 (154) 13 (21) 0 (0) 0 (0) 2 (1) 118 (176)12Алан Смит 86 (264) 6 (26) 16 (38) 7 (17) 0 (2) 115 (347)13Џек Ламберт 98 (143) 11 (16) 0 (0) 0 (0) 0 (2) 109 (161)14Френк Степлтон 75 (225) 15 (32) 14 (27) 4 (15) 0 (1) 108 (300)15Дејвид Херд 97 (166) 10 (14) 0 (0) 0 (0) 0 (0) 107 (180)16Џо Бејкер 93 (144) 4 (10) 0 (0) 3 (2) 0 (0) 100 (156)17Пол Мерсон 78 (327) 4 (31) 10 (40) 7 (22) 0 (3) 99 (423)18Дон Ропер 88 (297) 7 (22) 0 (0) 0 (0) 0 (2) 95 (321)19Алан Сандерленд 55 (206) 16 (34) 13 (26) 7 (14) 1 (1) 92 (281)20Клиф Холтон 83 (198) 5 (18) 0 (0) 0 (0) 0 (1) 88 (217)

Меѓународни настапи

Прв играч на Арсенал со меѓународен настап – Цезар Џенкинс (за Велс против Шкотска, 21 март, 1896) Прв играч на Арсенал со меѓународен настап за Англија – Џими Ашкрофт (против Северна Ирска, 17 февруари, 1906) Играч со најмногу меѓународни настапи, додека играл во клубот – Тјери Анри, 81 настап за Франција додека играше за Арсенал Играч со најмногу меѓународни настапи за Англија, додека играл во клубот – Кени Сансом, 77 настапи додека бил играч на Арсенал Прв играч на Арсенал кој играл на Светско Првенство – Дејв Боуен и Џек Келси (за Велс против Унгарија, 8 јуни, 1958) Прв играч на Арсенал кој играл за Англија на Светско Првенство – Греам Рикс и Кени Сансом (против Франција, 16 јуни, 1982) Лори Скот и Џорџ Истам биле повикани за составот на Англија во (1950, 1962 и 1966), но не играле. Прв играч на Арсенал кој играл во финале на Светско Првенство – Емануел Пети и Патрик Виера (како замена) (Франција против Бразил, 12 јули, 1998) Прв играч на Арсенал кој победил на Светско Првенство – Емануел Петит и Патрик Виера (1998 ФИФА Светско Првенство) Во 2007, Џеорџ Истхам беше награден со метал, за играч кој не настапил за Англија на светското првенство во 1996. Алан Бал, Тјери Анри, Роберт Пиерс и Жилберто Силва Имаат победено на Светско Првенство, но во моментот на освојување не играле за Арсенал. Прв играч на Арсенал кој играл во Европско првенство – Кени Самсон и Тони Адамс за Англија, Ниал Квин (како замена) за Република Ирска во натпреварот помеѓу двете репрезентации (12 јуни 1988) Прв играч на Арсенал кој победил на Еврпоско првенство – Емануел Петит, Патрик Виера и Тјери Анри (Сите на ЕУРО 2000) Цеск ФабрегасПодоцна освои медал на ЕУРО 2008. Џон Јенсен, Робер Пирес и Силвијан Вилторд Имаат освоено Европска титула, но не додека играле за Арсенал.

Клупски рекорди Победи

Најмногу лигашки победи во една сезона – 29 на 42 натпревари, Прва Дивизија, 1970-71 Најмалку лигашки победи во една сезона – 3 на 38 натпревари, Прва Дивизија, 1912-13

Порази

Најмногу лигашки порази во една сезона – 23 на 38 натпревари, Прва Дивизија, 1912-13 Најмалку лигашки порази во една сезона – 0 на 38 натпревари, Премиер Лига, 2003-04

Голови

Најмногу лигашки голови постигнати во една сезона – 127 на 42 натпревари, Прва Дивизија, 1930-31 Најмалку лигашки голови постигнати во една сезона – 26 на 38 натпревари, Прва Дивизија, 1912-13 Најмногу лигашки голови примени во една сезона – 86 на 42 натпревари, Прва Дивизија, 1926-27 и 1927-28 Најмалку лигашки голови примени во една сезона – 17 на 38 натпревари, Премиер Лига, 1998-99

Бодови

Најмногу бодови во лигашка сезона (2 за победа) – 66 на 42 натпревари, Прва Дивизија, 1930-31 Најмногу бодови во лигашка сезона (3 за победа) – 90 на 38 натпревари, Премиер Лига, 2003-04 Најмалку бодови во лигашка сезона (2 за победа) – 18 на 38 натпревари, Прва Дивизија, 1912-13 Најмалку бодови во лигашка сезона (3 за победа) – 51 на 42 натпревари, Премиер Лига, 1994-95

Натпревари „Први“ случки Прв натпревар – против Истерн Вандерерс, пријателски, 11 декември, 1886 (победа 6-0) Прв натпревар од ФА Купот – против ФК Линдхарст, Прва квалификациона рунда, 5 октомври, 1889 (победа 11-0) Прв компетитивен натпревар од ФА Купот – против Дерби Каунти, Прва рунда, 17 јануари, 1891 (пораз 2-1) Прв лигашки натпревар – против Њукасл Јунајтед, Втора Дивизија, 2 септември, 1893 (нерешено 2-2) Прв Прволигашки натпревар – против Њукасл Јунајтед, 3 септември, 1904 (пораз 3-0) Прв натпревар на Хајбери – против Лестер Сити, Втора Дивизија, 16 септември, 1913 (победа 2-1) Прв европски натпревар – против Ставенет (Копенхаген XI), Куп на саемски градови, 25 септемвти, 1963 (победа 7-1) Прв натпревар од Лига Купот – против ФК Гилингам, 13 септември, 1966 (нерешено 1-1) Прв натпревар на Емирати – против Ајакс, пријателски, 22 јули 2006 (победа 2-1)

Најголеми победи Најголема победа – 26-1 (дома против Париз XI, пријателски, 5 декември 1904) Најголема лигашка победа – 12-0 (дома против ФК Лоуборо, Втора Дивизија, 12 март, 1900) Најголема победа во ФА Купот – 12-0 (дома против Ешфорд Јунајтед, 14 октомври, 1893)Арсенал го победил ФК Лејтон Ориент со 15-2 на натпревар за време на војната на 8 февруари, 1941, но ова не се важи како официјален натпревар. Најголема победа во Првата Дивизија – 9-1 (дома против Гримсби Таун, 28 јануари, 1931) Најголема победа во Премиер Лигата – 7-0 (двапати; дома против ФК Евертон, 11 мај, 2005 и исто така дома против ФК Мидлзборо, 14 јануари, 2006) Најголема победа во Лига Купот – 7-0 (дома против Лидз Јунајтед, 4 септември, 1979) Најголема победа на гости и Најголема победа во европско натпреварување – 7-0 (против Стандард Лиеж, Куп на победници на Купови, 3 ноември 1993) Најголема победа на Хајбери – 11-1 (против ФК Дарвин, ФА Куп, 9 јануари 1932) Најголема победа на Емирати и Најголем домашна победа во европско натпреварување – 7-0 (против Славиа Прага, Лигата на Шампионите, 23 октомври 2007) Најголема победа во двомеч (вкупен резултат) – 10-0 (против Стандард Лиеж, Куп на победници на Купови Втора Рунда, 1993-94)

Најголеми порази Најголем лигашки пораз – 0-8 (гости против ФК Лоуборо, Втора Дивизија, 12 декември, 1896)Невообичаено но Арсенал биле приморани да играат два натпревари во ист ден 12 декември 1896; додека првиот тим играл против ФК Лејтон во ФА Купот, резервите играле против Лоуборо во Лигата, тоа е причината за толку тешкиот пораз.Арсенал загубиле 9-0 од ФК Челси за време на војната на 21 април, 1916, но ова не се важи како официјален натпревар. Најголем пораз на домашен терен – 0-6 (против Дерби Каунти, ФА Куп, 28 јануари, 1899) Најголем пораз во ФА Купот – 0-6 (дома против Дерби Каунти, 28 јануари, 1899 и на гости против Вест Хем Јунајтед, 5 јануари, 1946) Најголем пораз во Првата Дивизија – 0-7, четири пати, сите на гости (против Блекберн Роверс, 2 октомври 1909; против Вест Бромвич Албион, 14 октомври 1922; против Њукасл Јунајтед, 3 октомври 1925; против Вест Хем Јунајтед, 7 март 1927) Најголем пораз во Премиер Лигата – 1-6 (гости против Манчестер Јунајтед, 25 февруари, 2001) Најголем пораз во Лига Купот – 0-5 (дома против ФК Челси, 11 ноември, 1998) Најголем пораз во европско натпреварување – 2-5 (дома против Спартак Москва, Куп на УЕФА, 29 септември, 1982)