Падот на Цариград — крупен историски настан кој траел од 2 април до 29 мај 1453 г. и дошол до својата разврска кога во ноќта на 28-29 мај султанот Мехмед II дал заповед за последен напад на градот. Првите две негови единици биле одбиени од страна на одбраната на градот па затоа султанот решил во напад да ги пушти јаничарите. Тие успеале да ја пробијат одбраната. Во освоениот Цариград започнале масовни пљачки и убиства. Повеќе од 60.000 жители биле заробени. Според отоманскиот обичај султанот ја оставил војската да ограбува низ градот два дена, а на третиот ден наредил да се престане со тоа. Потоа тој влегол во идната престолнина и наредил да ја претворат црквата Света Софија во џамија, а себеси се прогласил за римски кесар (Kayser-i Rum; како директен престолонаследник на Константин XI).

Утрото во тој несреќен вторник на 29 мај 1453 година, кога ЦариградConstantinople Constantine XI, Capture of Constantinople Battles That Changed History Decisive Archbishop Christodoulos Meditation паднал во рацете на Османлиите, откако се расчистило небото од чадот од османлиските топови, станало јасно дека не е ставен крај само на Римското Царство. Светот се променил - средновековието станало минато. Во Западна Европа ренесансата веќе била во својот ек. Ова повторно раѓање, заедно со изумувањето на Гутенберговата печатница со подвижни букви, ќе значат многу за полесно пренесување и зачувување на античките знаења (улога која претходно ѝ припаѓала на Римското Царство за време на средниот век) и со тоа ќе се обележи започнувањето на Новиот век.

thumb|600px|right|Цариград во средновековното римско време.

Состојба во која се наоѓала Империјата thumb|270px|десно|Рим во првата половина на XV век. Солун бил освоен од Османлиите во 1430 година. Од 330 година, откога Цариград е престолнина на Римското Царство, под опсада се нашол повеќепати и само еднаш бил освоен - во 1204 година во текот на Четвртата крстоносна војна. По првото освојување на градот, Римското Царство се распаднала на повеќе помали земји наследнички (односно на: Империјата Никеја, Деспотатот Епир и Империјата Требизонт). Овие држави се бореле како сојузници против Латините (државите одновани од западните католици), но истовремено си претставувале соперници кои претендирале на римскиот престол.

Никејската империја на многу лесен начин успеало повторно да го освои Цариград во 1261 година. Во вековите кои следеле, во голема мерка ослабената Римско Царство се соочувала со напади од Латините, од Србите, од Бугарите и најважно од Турците Османлии. Во 1453 година царството се состоело од Цариград и неговата околина и од само уште еден дел од полуостровот Пелопонез (кој во тоа време се нарекувал Мистра). Царството Требизонт формирано по Четвртата крстоносна војна, како потполно независна држава, успеало да опстои до 1461 година на бреговите на Црното Море.

За поголемиот дел на жителите на Царството сѐ уште биле свежи сеќавањата на погубните резултати од Четвртата крстоносна војна и за пљачкосувањата кои во тој период биле направени. За нив католичкиот свет не можело повеќе да се смета за христијански. Потребната воена помош од Западот секогаш била нудена по цена на унијатење на црквите. Тоа за мнозинството во Римската држава се сметало за прескапа помош.

Разединет и слаб, градот кој пред неколку векови изобилувал со златни статуи и украси по црквите сега претставувал само бледа копија на убавината и раскошот кои пред неколку векови ги поседувал. Зградите кои биле уништени од последниот земјотрес не биле обновени, а трговијата во царското пристаниште со текот на времето значително се намалила.

Подготовки thumb|200px|лево|Унгарски топ, наречен според инженерот Орбан од Унгарија кој успеал да им го конструира на Турците непосредно пред започнувањето на опсадата на Цариград. Прикажаниот примерок му припаѓа на Британскиот воен музеј. thumb|220px|Портрет на султанот Мехмед II Кога султанот Мехмед II го наследил својот татко Мурат II на престолот на Отоманското Царство се верувало дека тој нема да биде способен владетел и дека нема да претставува голема закана за христијаните на Балканот и на Егејското Море.Runciman 1965, p. 60 Ваквото мислење било поткрепено од пријателскиот прием кој тој им го укажувал на пратениците кои ги примал во својот двор. Во текот на летото во 1452 година Мехмед II (чиј прапрадедо Бајазит I изградил тврдина на азиската страна на Босфор) решил да изгради нова тврдина на европската страна на Босфор со што се зајакнува турското влијание во теснецот. Посебно важен аспект на градењето на оваа тврдина е тоа што на Цариград му се скратува можноста да добива помош од колониите на Џенова кои во тоа време постоеле на брегот на Црното Море. Новата тврдина била наречена Римска Тврдина (турски: Rumeli Hisarı).

Римскиот цар Константин XI апелирал до Западна Европа за помош, но неговите барања не наишле на очекуваното внимание. На оваа одлука на царот Константин XI Палеолог се противела анти-унионистичката група предводена од Георги Схолариј. Уште од времето на Големиот раскол од 1054 година, римокатоличкиот Запад се обидувал да стекне доминација над Истокот. Затоа унијатството било отворена тема со која се условувала помошта уште од XIII век. Царот Јован VIII Палеолог во 1439 година во Фиренца успеал да договори унијатење на источната со западната црква, но како резултат на големи негодувања во Цариград предизвикани од настаните од периодот на падот на Цариград во 1204 година овој договор не бил прифатен.

Во летото 1452 година, кога Румелихисар (другиот назив на турски на оваа тврдина е вратосечач) бил изграден заканата станала очигледна, па затоа Константин XI на 12 декември истата година му пишал на папата писмо во кое унијатењето на црквите се става во сила. Иако папата сакал да помогне, сепак неговото влијание врз кралевите и принцовите во Западна Европа не било толку силно како што очекувале во Констатинопол. Од друга страна Англија и Франција биле ослабени од стогодишната меѓусебна војна, а Шпанија се наоѓала во последната фаза на повторното освојување на Пиринејскиот Полуостров од берберските освојувачи.

thumb|right|350px|Карта на Цариград на која се означени и ѕидините на градот.

Најзначајната помош која на Римското Царство ѝ стигнала во оваа фаза била од џеновјанецот Џовани Џустинијани (Giovanni Giustiniani) кој во престолнината пристигнал со приватна армија од околу 700 луѓе во јануари во 1453 година.Runciman 1965, pp. 83-84 Со оглед на тоа што Џустинијани бил специјализиран за одбрана на утврдени градови, нему од страна на царот му била доделена улогата на командант на одбраната. Отприлика истовремено, наспроти наредбите од Венеција и од папата Никола капетаните на венециските бродови кои, во март таа година, се наоѓале во Златниот Рог се обиделе да донесат три брода натоварени со помош за градот. За жал во април најверојатно потценувајќи го моралот на бранителите на градот, седум италијански бродови го напуштиле ЦариградRunciman 1965, p. 85..

Намерата Константин XI да го одоброволи султанот со подароци и од него да побара гаранции за безбедноста на градот завршила со убиство на римскиот амбасадор - ниту римската дипломатија не можела да го спаси градот.

Позиционирање на двете страни Војската која го бранела Цариград била мала. Имала околу 7.000 луѓе под оружје од кои околу 2.000 биле странци. Во моментот кога опсадата започнала, заедно со бегалците од околината, популацијата изнесувала околу 50.000 луѓеD. Nicolle, Constantinople 1453: The end of Byzantium, 32. Градот бил утврден со веројатно најсилните ѕидини кои било кога биле направени во историјата (5,5 км на копно; 7 км ѕидини од страната на Златниот Рог и 7,5 км од страната на Мраморното Море). Во времето на владеењето на Јован VIII Палеолог ѕидините биле поправени и се наоѓале во задоволително добра состојба. Ова им давало на надеж на бранителите на градот дека ќе можат да издржат додека пристигне помошта од Запад.Nicolle 2000, p. 39. Исто така, бранителите биле и добро опремени. Тие поседувале флота од 26 брода (5 од Џенова, 5 од Венеција, 3 од Крит кој во тоа време и припаѓал на Венеција, 1 од Анкона, 1 од Арагон, 1 од Франција и уште десетина римски бродови.Sir S. Runciman, The Fall of Constantinople 1453, Cambridge University Press, 1965

Се проценува дека Османлиите имале околу 80.000 војници од кои околу 5.000 јаничари. Српскиот вазал Ѓураѓ Бранковиќ обезбедил 1.500 коњаници како дел од своите обврски кон султанот. Други извори од современици на настанот сметаат дека надмоќта на султанот во оваа битка била многу поголема и неговите трупи ги проценуваат, во зависност од изворот, помеѓу 160.000 и 300.000 војници.Nicolò Barbaro, Giornale dell'Assedio di Costantinopoli, 1453. Копија од делото е зачувана во Biblioteca Marciana во Венеција. Дел од англискиот превод (направен во 1969 г.) е достапен на here .Chronicles of George Sphrantzes; Greek text is reported in A. Mai, Classicorum auctorum e Vaticanis codicibus editorum, tome IX, Romae 1837, pp 1-100Epistola reverendissimi patris domini Isidori cardinalis Ruteni scripta ad reverendissimum dominum Bisarionem episcopum Tusculanum ac cardinalem Nicenum Bononiaeque legatum (letter of Cardinal Isidore to Cardinal Johannes Bessarion), dated 6 14 јули,53 Флотата на султанот се проценува дека имала помеѓу 100 и 450 бродови.

Опрема и стратегии Позициите на Османлиите right|thumb|320px|Мехмед II ја води отоманската војска кон Цариград за да ја започне опсадата. На сликата е прикажан и транспортот на топот кој бил конструиран од страна на Орбан Пред да започне опсадата на Цариград било познато дека Османлиите поседуваат топови со средна големина, но непосредно пред опсадата со ангажирање на Орбан (или Урбан) по потело Унгарец (постојат извори кои велат дека тој бил Германец). успеале да добијат многу посилни топови. Орбан се обидел да ги продаде своите услуги на Римјаните, но тие немале доволно средства за да го ангажираат и затоа го затвориле. Султанот организирал упад во затворот и го ослободил Орбан. Тој на султанот му гарантирал дека може да му направи топ со кој би можело да се срушат ѕидовите на Вавилон сакајќи да каже дека најголемата фортификација во историјата не би била поштедена од таквото оружје. Имајќи ги сите ресурси на располагање и користејќи ја сета своја вештина, Орбан успеал да го направи најголемиот познат топ за тоа време. Топот бил толку голем што во неговата внатрешност можело да собере возрасен човек. Новиот топ можел да испука ѓуле со тежина од околу 544 кг на далечина од околу 1,5 км. Топот имал и неколку недостатоци: биле потребни неколку часа да се наполни; некои велат дека топот можел да функционира само шест недели (ова тврдење не е сигурно Pertusi, Agostino, ed. (1976). La Caduta di Costantinopoli. Fondazione Lorenzo Valla: Verona. (Антологија на современи текстови и документи поврзани со падот на Цариград; содржи библиографски податоци и коментарит на учени од тоа време)., зашто него го изнесува само еден авторLeonardo di Chio, Letter to Pope Nicholas V, датирано 16 август 1453 (edited in Migne, Patrologia Graeca 159, 923A-944B).). Овој успех на Орбан се смета за едно од најголемите инженерски дела на тоа време. Откако топот бил направен било потребно тој да се транспортира околу 200 км до целното одредиште. За транспортирање на огромниот топ биле потребни 60 волови и околу 400 луѓе.

Мехмед планирал да го нападне градот од западната страна каде Ѕидините на Теодосиј го штитат градот од напади (од единствената страна со која тој е поврзан со копното). Отоманската војска се стационирала од надворешната страна на ѕидините во понеделникот на 2 април во 1453 година - еден ден после Велигден.

Најголемиот дел на единиците на султанот биле сконцентрирани на југот на Златниот Рог. Европските единици биле распоредени по должината на Ѕидините на Теодосиј. Регуларната војска била распоредена и на брегот на Мала Азија сѐ до Мраморното Море. Башибозукот бил сместен во првите борбени редови, а самиот Мехмед бил обезбедуван од елитните јаничари.

Позициите на Римјаните