мини|Планини во Калинга Калинга е покраина на Филипините која се наоѓа во регионот Кордиљера на островот Лусон. Главен град е Табук. Се граничи со Планинската Покраина на југ, Абра на запад, Исабела на исток, Кагајан на североисток, и Апајао на север.

Историја До 1995, Калинга и Апајао сочинуваа една покраина под името Калинга-Апајао, сè додека не се разделија сè со цел на подобро управување на домородните народи.

Стопанство Оризовото производство и одгледувањето на свињите се најголемите стопански гранки. Шумарството е исто така доста застапено.

Административна поделба Калинга е поделена на 1 град и 7 општини.

Надворешни врски Официјалното мрежно место на Калинга

Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Држави и територии настанати во 1995 година Категорија:Кордиљера (регион)