мини|Споменик во Источен Мисамис Источен Мисамис — покраина на Филипините која е сместена во регионот Северен Минданао на островот Минданао. Главен град е Кагајан де Оро. Покраината се граничи со Северен Ланао и Букиднон на југ, Северен Агусан и Јужен Агусан на исток, и на север излегува на Бохолско Море.

Стопанство За разлика од другите филипински покраини, Источен Мисамис е високоразвиен во поглед на индустријата (челична, хемиска, метална, дрвна и др.) и има голем број не економски зони. На 10 јануари 2008 отпочнала изградба на големо бродоградилиште кое е корејска инвестиција во вредност од 2 милијарди долари.

Административна поделба Источен Мисамис е поделен на 23 општини и 3 града.

Градови Кагајан де Оро Хингог Ел Салвадор

Надворешни врски Официјално мрежно место Кагајан де Оро: Социо-економски профил Кагајан де Оро - Туризам

Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Држави и територии настанати во 1939 година Категорија:Северен Минданао