thumb|Протести против скиентологијата во февруари 2008 г. како дел од проектот „Chanology“. thumb|right|220px|Демонстрант ја критикува скиентологијата. Скиентологија — учење за духот и за неговиот однос кон себеси, универзумите и другите живи форми, создадено во 1952 година од страна на Рон Хабард, под името Дијанетика. Земено од латинскиот збор scio — „знаење“ во потполна смисла на зборот и грчкиот збор logos — „учење за“. Сам по себе, зборот значи „да знаеш како да знаеш“. Скиентологијата е „рута“, пат, а не дисертација или наметливо самоуверено знаење. Низ нејзините вежби и изучување, човек сам може да ја открие вистината. Затоа, технологијата не е образложена како нешто во кое треба да се верува, туку како нешто кое треба да се прави.
Скиентологијата е едно тело на знаење што се протега од одредени фундаментални вистини. Оние што го заземаат основното место меѓу овие вистини се: човекот е бесмртно духовно битие; неговото искуство се протега многу подолго од само еден животен век; неговите способности се неограничени, дури и кога во мигот не се реализирани.
Исто така, скиентологијата смета дека човекот е во основа добар и дека неговиот духовен спас зависи од него самиот, од неговите пријатели и од неговото постигнување на братство со универзумот.
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Страници за учење Center for Studies on New Religions (CESNUR) Stephen A. Kent
Категорија:Религија Категорија:Псевдонаука