Африканската Унија е меѓународна организација во која членуваат 55 африкански држави. Основана е на 9 јули 2002 година и е создадена од Африканската економска заедница и Организација на африканско единство. Седиштето е во Адис Абеба во Етиопија.
Африканската Унија се стреми да има една валута - афро валута. Исто така се стреми за обединување на воените сили, но и сите други институции на членките. Целта на унијата е да и помогне на демократијата на африканските држави, човековите права и економијата на африканските држави особено преку прекинување на внатрешните конфликти во Африка и создавање на единствен пазар.
Членство
Проблеми на Унијата Африканската унија се соочува со многу проблеми, вклучувајќи ги и проблемите со здравјето како што е на пример маларијата и сидата. Исто така се соочува и со политички проблеми како на пример судар со недемократските општества и режими и многу граѓански војни, економските проблеми како што се проблеми со зголемување на стандардот на живеење, сиромаштијата, неписменоста, еколошки проблеми и проблеми со меѓународни законски акти, а особено деколонизацијата на Западна Сахара.
Економија Комбинацијата на африканските држави во унијата претставува 17 светска економија со БДП од 500 милијарди американски долари, и е веднаш зад Холандија. Со споредна на БДП со ППП, економијата на Африканската Унија брои 1.515 трилиони американски долари и ја рангира Унијата на 11 место веднаш зад Бразил. Во исто време, Унијата има долг од 200 милијарди американски долари.
Целите на Африканската Унија вклучуваат и создавање на единствена трговска зона, потрошувачка унија, единствен пазар, централна банка и монетарен сојуз а особено единствена валута. Плановите за валутата се да се направи единствена валута до крајот на 2023 година..
Јазици на Африканската Унија Во согласност со уставниот акт на Африканската Унија, работни јазици во рамките на Унијата се арапски јазик, англиски јазик, француски јазик и португалски јазик како и африкански јазици ако е можно користење на истите.Article 25, Constitutive Act of the African Union. Со протокол на уставен акт на Унијата прифатен во 2003 (кој сѐ уште не на сила) се додадени шпански јазик, свахили и секој друг африкански јазик и работните шест јазици се именувани како службени јазици.Article 11, Protocol on Amendments to the Constitutive Act of the African Union Во праксата, преводот на документите на Африканската Унија на било кој од службените јазици создава значителен застој и потешкотии за развој на бизнисот. Во 2001 година е создадена Африканска академија на јазици за да промовира африкански јазици помеѓу африканското население.
Географија Членките на Африканската Унија ја покриваат речиси сета територија на Африка и неколку острови покрај бреговите на Африка. Географијата на Африка е многу разновидна, меѓу кои и најголемата пустина Сахара, големи и пространи џунгли и савани и најголемата река во светот Нил.
Африканската Унија има површина од 29,922,059 км2 со 24,165 км2 брег. Поголем дел од оваа површина се наоѓа во континентална Африка, а додека сосем мал дел отпаѓа на острови како што се Мадагаскар и некои околни острови и заедно се околу 2% од вкупната површина.
Симболи Грбот на Африканската Унија се состои од златна лента закачен со црвени прстени и палмови листови од околу и формираат круг во кој е претставена Африка со златна боја. Црвените прстени ја претставуваат африканската солидарност и пролиената крв за слобода на Африка од колонизаторите. Палмовите листови го претставуваат мирот во Африка. Златната боја и мотиви го претставуваат богатството на Африка а додека зелената боја ги претставуваат надежта и аспирациите на африканските нации. Африка е претставена без граници како симбол на единството на државите.
Знамето на Африканската Унија е претставено со зелени хоризонтални ленти и тенки златни линии а додека во центарот се наоѓа грбот на Африканската Унија. Исто така и во знамето зелената боја ги претставува надежта и аспирациите на африканските нации а златната боја го претставува богатството на Африка. Боите ги претставуваат панафриканските бои и колорит.
Африканската Унија прифатила нова химна која се вика Let Us All Unite and Celebrate Together или „Ајде сите да се обединиме и прославуваме заедно“.
Надворешни врски
Африканска Унија официјална страница Африканска Унија - Мисија во ООН Самит на Африканската Унија 2002 во Дурбан, Јужна Африка Самит на Африканската Унија 2003 во Мапуто, Мозамбик African Union Summit 2005 in Sirte, Libya. 6th African Union Summit 2006 во Картум, Судан. 7th African Union Summit 2006 во Банџул, Гамбија. 7th African Union Summit 2006 во Банџил, Гамбија, создадена од владата. African Economic Community BBC Profile: African Union Africa turns from instability and conflict to mutual co-operation Jane's Intelligence Review, September 2006 Open Directory Project - African Union AfriMAP Southern Africa Regional Poverty Network страна на Африканската Унија. Institute for Security Studies (South Africa) регионални организации AU Monitor US-Africa.org African Elections Database Africare.org Femmes Africa Solidarité Picture of the African Union
Наводи
Категорија:Политика на Африка Категорија:Меѓународни организации Категорија:Организации во Африка Категорија:Африка