Ромблон () — островска покраина на Филипините која е сместена во регионот Мимаропа на Лусон. Главен град е истоимениот Ромблон. Ромблон се наоѓа во Сибујанско Море. Лежи јужно од Мариндуке и Кесон, источно од Миндоро, северно од Аклан, и западно од Масбате.
Народ и култура Јазици Во Ромблон се зборуваат три различни јазици во зависно од народот кој живее тука. Па има Ромбломанонски јазик, Аси и Онхан. Од недомородните јазици се зборуваат Хилигајнон, тагалски и Англиски.
Религија Најголемиот дел од населението се христијани - 75% од кои 25% се католици, одека другите се припадници на помалите филипински протестантски цркви и други католички секти.
Стопанство Сместен точно во центарот на архипелагот помеѓу Лусон, Висаите и Минданао, Ромблон има извонредни предуслови за економски развој. Тука се наоѓаат едни од најголемите пристаништа и карго аеродроми. Ромблон е голем произведувач на мермер кој е високо квалитен и му парира на италијанскиот.
Административна поделба Ромблон е поделен на 17 општини.
Надворешни врски Romblon Travel Guide Romblon...A Journey of Discovery Sanrokan Online Banton, a Paradise Island Romblon, Our Island Home thumb|200px|лево|Оризови полиња на Ромблон.thumb|лево|200px|Занаетчиството на Ромблон.thumb|лево|200px|Заливот Ромблон
Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Држави и територии настанати во 1917 година Категорија:Мимаропа