Мајкрософт (англиски: Microsoft Corporation) — американска мултинационална компанија со седиште во Редмонд, Вашингтон. Мајкрософт произведува, лиценцира, продава и овозможува поддршка за компјутерски софтвер, потрошувачка електроника, персонални компјутери и сервисирање. Нивни најдобри производи се: оперативните системи „Мајкрософт виндоус“ (Microsoft Windows), комплетот „Мајкрософт Офис“ (Microsoft Office) и прелистувачот „Интернет Експлорер“ (Internet Explorer). Нивните главни хардвер производи се играчката конзола „Иксбокс“ (Xbox) и серијата на таблети „Мајкрософт Сурфејс“ (Microsoft Surface). Мајкрософт е најголемиот произведувач на софтвер, сметано според приходите. Исто така, Мајкрософт е една од најважните светски компании. Мајкрософт е основан од Бил Гејтс и Пол Ален на 4 април 1975 година, за развивање и продажба на основни извршните програми за Алтер 8800 (анг. Altair). Мајкрософт израсна доволно за да доминира на пазарот на оперативни системи за лични сметачи со МС-ДОС (анг. MS-DOS) кон средината на 1980-тите, по кој дојде и „Мајкрософт Виндоус“ (Microsoft Windows). Првата јавна понуда на компанијата во 1986, следена од растот на цената на акциите, создаде 3 милјардери и 12,000 милионери од вработените на Мајкрософт. Од 1990-тите, Мајкрософт значајно се оддели од пазарот на оперативни системи и откупи голем број на корпорации. Во Мај 2011, Мајкрософт ја откупи Скајп Технолоџис (Skype Technologies) за 8.5 милјарди долари, што претставува нивно најголемо откупување досега.

Од 2013 година, „Мајкрософт“ е доминантен на пазарот на оперативни системи компатибилни со ИБМ (IBM) и пазарот на канцелариски софтвер (со софтверот „Мајкрософт Офис“). Компанијата исто така произведува голем број на разнолик софтвер за персонални копјутери и опслужувачи, и исто така е активна во полиња како што се Интернет-пребарувањето (со интернет пребарувачот Бинг), индустријата за видео игри (со „Иксбокс“, „Иксбокс 360“ и „Иксбокс 1“ конзолите), маркетот на дигитални услуги (преку МСН), мобилните телефони (преку оперативниот систем „Виндоус Фоун“, Windows Phone). Во јуни 2012 година, Мајкрософт за првпат влезе во пазарот на производство на лични сметачи со лансирањето на „Мајкрософт Сурфејс“ (асортиман на таблети).

Историја мини|Објект 92, место каде се наоѓа седиштето на Microsoft в Редмонд , Вашингтон Од 1972 до 1983: Основање и почетоци на компанијата Пол Ален и Бил Гејтс, пријатели од детството со страст за компјутерско програмирање, бараа начин да ги искористат нивните заеднички вештини. ВО 1972 тие ја основаа нивната прва компанија наречена Треф-Оу-Дејта (анг. Traf-O-Data) која нудеше основен компјутер кој пронаоѓаше и анализираше податоци за автомобилскиот сообраќај. Ален отиде на Универзитетот во Вашингтон за да се стекне со диплома за компјутерски науки, но подоцна се откажа за да работи во Ханивел (анг. Honeywell). Гејтс почна да студира на Харвард. Во јануарското изнадание на Популар Електроникс (анг. Popular Electronics) се појави Алтер 8800 микрокомпјутерот на МИТС. Ален забележа дека можат да програмираат основни извршнипрограми за направата; по повикот од Гејтс кој тврдеше дека има основна извршна програма која е функционална, МИТС побараа демонстрација. Бидејќи тие всушност сè уште ја немаа програмата, Ален почна да работи на симулаторот за Алтер, додека Гејтс почна да го развива извршниот програм. Иако ја развија извршната програма на симулатор а не на вистинската направа (Алтер), извршната програма работеше без никаков проблем за време на демонстрацијата пред МИТС во Албукерки, Ново Мексико (анг. Albuquerque, New Mexico) во март 1975; МИТС се согласи да ја дистрибуира, рекламирајки ја како Алтер БЕЈСИК (анг. Altair BASIC). Тие (Ален и Гејтс) официјално го основаа Мајкросфт на 4 април 1975, со Гејтс како извршен директор. Ален го смисли оригиналното име Мајкро-софт (анг. Micro-soft), комбинација од зборовите микрокомпјутер (анг. Microcomputer) и софтвер (анг. Software), како што е спомнато во 1995 во артикл на магазинот Фортјун (анг. Fortune). Во август 1988 компанијата склучи договор со АСЦИИ Магазинот (анг. ASCII Magazine) од Јапонија, со што ја отвори својата прва интернационална канцеларија, АСЦИИ Мајкрософт (анг. ASCII Microsoft). Компанијата се пресели во нов дом во Белву, Вашингтон (анг. Bellevue, Washington) во јануари 1979.

Мајкрософт влезе во бизнисот со оперативни системи во 1980 со нивната верзија на Уникс (анг. Unix), наречена Ксеникс (анг. Xenix). Но сепак, МС-ДОС (анг. MS-DOS) беше она што го зацврсти владеењето на компанијата. Откако преговорите со Дигитал Рисрч (анг.Digital Research) пропаднаа, ИБМ им додели договор на Мајкрософт во ноември 1980 за да достават верзија на ЦП/М (анг. CP/M) оперативен систем, која беше планирана да се користи во претстојниот ИБМ личен сметач (анг. IBM-PC). За овој договор, Мајкрософт купи клон на ЦП/М наречен 86-ДОС од компанијата Сиетл Компјутер Продактс (анг. Seattle Computer Products), и го брендираше како МС-ДОС, кој подоцна ИБМ го ребрендираше во ПЦ-ДОС. По објавувањето на ИБМ личниот сметач во август 1981, Мајкрософт ја задржа соственоста на МС-ДОС. Бидејќи ИБМ стави авторско право на биосот на ИБМ личниот сметач, другите компании мораа да користат обратно инженерство за да може хардверот којшто не е сопственост на ИБМ да работи исто како ИБМ ПЦ-компатибилен, но не и на оперативниост систем за кој не постоеја вакви рестрикции. Заради различни фактори, како што е достапноста на разновиден софтвер на МС-ДОС, Мајкрософт конечно стана водач на произведувачите на оперативни системи. Компанијата се прошири на нови пазари со пуштањето во промет на Мајкрософт Глушец (анг. Microsoft Mouse) во 1983, како и издавачки оддел наречен Мајкрософт Прес (анг. Microsoft Press). Пол Ален се повлече од Мајкрософт по добивањето на болеста Ходкинс (анг. Hodgkin’s disease).

Од 1984 до 1994: Виндоус и Офис Додека развиваа нов оперативен систем заедно со ИБМ во 1984 (наречен ОС/2) Мајкрософт го пушти во промет Мајкрософт Виндоус (анг. Windows), кој всушност беше графички додаток за МС-ДОС. Мајкрософт го префрли својот главен штаб во Редмонд (анг. Redmond) на 26 февруари 1986, а на 13 март компанијата ги пушти во промет своите акции; претстојното растење на вредноста на акциите направи 3 милјардери и 12,000 милионери од вработените во Мајкрософт. Заради партнерството со ИБМ, во 1990 Федералната комисија за трговија (анг. Federal Trade Comission) почна да го надгледува Мајкрософт за можно тајно самостојно дејствување; тоа го обележа почетокот на легалните битки со владата на Америка кои траеја повеќе од 10 години. На 2 април 1987 мајкрософт го најави пуштањето во промет на својата верзија на ОС/2 која беше валидна за ОЕМ (анг. OEM) производителите на оригинална опрема; во меѓувреме, компанијата работеше на 32 битниот оперативен систем, Мајкрософт Виндоус НТ (анг. Microsoft Windows NT), користејќи идеи од ОС/2; беше објавен на 21 јули 1993 со нов модуларен кернел и со Вин32 (анг. Win32) апликативен програмерски интерфејс АПИ (анг. API), овозможувајќи полесен пристап од 16 битните (МС-ДОС засновани) Виндоуси. Откако Мајкрософт го извести ИБМ за НТ, партнерството за ОС/2 пропадна.

Во 1990, Мајкрософт го претстави својот софтверски “Офис” комплет, Мајкрософт Офис (анг. Microsoft Office). Софтверот претстави различни апликации, како што се Мајкрософт Ворд (анг. Microsoft Word) и Мајкрософт Ексел (анг. Microsoft Excel). На 22 мај Мајкрософт го лансираше Виндоус 3.0 со подобрена графика на корисничкиот интерфејс и со подобрена работа на заштитниот мод (анг. Protected mode) за Интел 386 обработувачот. Офис и Виндоус станаа доминантни во нивните полиња. Новел (анг. Novell), кој од 1984 до 1986 беше конкурент на Мајкрософт за Ворд апликацијата, го тужеше Мајкрософт години подоцна тврдејќи дека Мајкрософт не документирал се од нивниот АПИ (анг. API) за да добие конкурентска предност. На 27 јули 1994, Дивизијата за недоверба (анг. Antitrust Division) која е дел од Американското министерство за правда (анг. US Department of Justice) поднесе извештај за конкурентски судир во кој се велеше дека: “Почнувајќи во 1988, и континуирано до15 јули 1994, Мајкрософт поттикна многу ПОО (произведувачи на оригинална опрема) да воведат анти-конкурентска политика. Со оваа политика, еден ПОО му плаќа на Мајкрософт процент за секој продаден компјутер кој содржи одреден микро-обработувач, без разлика дали ПОО го продава компјутерот со оперативен систем на Мајкрософт или со некој друг. Всушност, процентот што ПОО му го плаќа на Мајкрософт кога се продава еден производ кој не е произведен од Мајкрософт, е во вид на казна, заради тоа што ПОО користи оперативен систем произведен од некој конкурент на Мајкрософт. Од 1988, Мајкрософт ја зголеми употребата на овој “плакање-по-обработувач” договор.

Од 1995 до 2005: Интернет и ерата на 32 бита Откако Бил Гејтс го објави интерниот “Прирачник за големите бранови на интернет” на 26 мај 1995, Мајкрософт почна да ја редефинира својата понуда на производи и ја прошири производствената линија навлегувајќи во компјутерските мрежи (анг. Computer networks) и во светската мрежа (анг. World Wide Web). Компанијата го пушти во употреба Виндоус 95 (анг. Windows 95) на 24 август 1995, кој вклучуваше повеќезадачност, целосно нов кориснички интерфејс со ново копче за стартување, и компатибилност со 32 бита; слично како и кај Виндоус НТ (анг. Windows NT), постоеше Вин32 АПИ (анг. Win32 API). Онлајн сервисот МСН (анг. MSN) дојде во пакет со Виндоус 95, како и прелистувачот Интернет Експлорер (анг. Internet Explorer), кој дојде во пакет со Виндоус 95 за ПОО. Интернет екплорер не беше во пакет со Виндоус 95 кој се продаваше директно на корисниците бидејќи кутиите за испорака беа спремни и испринтани со маркетинг материјал пред тимот комплетно да заврши со работа на Интернет Експлорер, но затоа беше вклучен во Виндоус 95 Плус (анг. Windows 95 Plus) пакетот. Проширувајќи се и на другите пазари во 1996, Мајкрософт и НБЦ Универзал (анг. NBC Universal) создадоа нова 24/7 кабелска станица за новости, МСНБЦ (анг. MSNBC). Мајкрософт го создаде Виндоус ЦЕ 1.0 (анг. Windows CE 1.0), нов оперативен систем дизајниран за уреди со мала оперативна меморија и со други недостатоци, како што се персоналните дигитални уреди. (анг. Personal digital assistans). Во Октомври 1997, Министерството за правда (анг. Justice Department) поднесе предлог во Федералниот Суд (анг. Federal District Cоurt), тврдејќи дека Мајкрософт прекрши договор потпишан во 1994, и побара од судот да го прекине спојувањето на Интернет Експлорер со Виндоус.