Енисеј () е најголемиот речен систем којшто тече кон Северноледен Океан. Речниот систем во кој се уште и реките Ангара и Селенга е долг 5.539 км, а со тоа е на петтото место по должина во светот. Извирајќи во Монголија, Енисеј продолжува да тече низ централен Сибир, заедно со Ангара и Селенга кон Енисејскиот Залив и Карското Море.

Покрај целиот речен систем се изградени многу моќни хидроцентрали. Реката поминува низ областа на тајгите, а реката ја преминува и Транссибирската железница минувајќи низ градот Краснојарск.

Горен Енисеј

Енисеј во почетокот на своето течение се нарекува Горен Енисеј којшто е составен од реките Биј-Хем која извира помеѓу планините Источен Сајан и северните делови од Тану-Ола кај Тува, и од реката Каа-Хем којашто извира во Даркад во Монголија.

Долен Енисеј

мини|десно|Поглед на Енисеј од Транссибирската железница кај градот Краснојарск.

Јужно од Опско-енисејскиот канал реката Енисеј се нарекува Долен Енисеј и истата поминува низ Тунгузија и во близина на областа која во 1908 г. била погодена од метеорит. Целата околина покрај овој канал е со тундра, а последниот град низ којшто поминува (завршува) каналот е Дудинка којшто е споен со Краснојарск.

Реката е пловна, но кон нејзините северни текови, таа преку зима е замрзната, па затоа за кршење на мразот се употребуваат бродовите наречени мразокршачи.

Енисеј како тема во уметноста и во популарната култура Некои дела од областа на уметноста и популарната култура се инспирирани од Енисеј, како на пример: „Енисеј“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 107-111.

Поврзано Голем Енисеј Мал Енисеј Горен Енисеј Опско-енисејски канал

Наводи

Надворешни врски

Енисеј — „Голема советска енциклопедија“

Категорија:Реки во Русија Категорија:Реки во Азија Категорија:Енисејски слив Категорија:Краснојарски крај Категорија:Хакасија Категорија:Реки во Краснојарскиот крај Категорија:Реки во Тува Категорија:Реки во Хакасија