Премиер лига на Англија (англиски: Premier League) или само Премиер лига — највисоката фудбалска лига во Англискиот лигашки систем. Во лигата се натпреваруваат 20 клуба и истата се состои од промоција и испаѓање од и во Фудбалската лига. Премиер лигата е најгледаната спортска лига во светот,The Daily Telegraph, Premier League abroad: Potential venues, 7 февруари 2008 г., проверен на 17 ноември 2008 г. како и најбогатото фудбалско првенство.The Daily Telegraph, Premier League is world's favourite league , 6 ноември 2007, проверено на 17 ноември 2008 г. Исто така, таа е фудбалска лига со најголеми приходи во светот, со вкупни приходи на тимовите од околу 1,93 милијарди фунти во сезоната 2007-2008.

Премиер лигата е основана на 20 февруари 1992, кога клубовите во Првата дивизија на Фудбалската лига решиле да се одделат од Фудбалската лига која била основана уште во 1888 година, за да искористат профитабилен договор за продажба на своите телевизиски права. Досега во неа учествувале 43 различни клуба, а само 7 од нив успеале да станат шампиони: Манчестер Јунајтед (13 пати), Манчестер Сити (6), Челси (5), Арсенал (3), Блекбурн Роверс (1), Лестер Сити (1) и Ливерпул (1). Актуелен шампион е Манчестер Сити, победник во сезоната 2021-2022.

Според УЕФА — во пресрет на сезоната 2020-2021 — таа е рангирана на второто место меѓу националните фудбалски лиги во Европа, мерено според достигнувањата на клубовите во последните пет години, и се наоѓа единствено зад шпанската Ла Лига.

Историја Почетоци thumb|400px|Оригиналното лого на Премиер лигата

И покрај значајните европски успеси за време на 1970-тите и раните 1980-ти, доцните 1980-ти биле означени како најниска точка во англискиот фудбал. Стадионите се распаѓале, навивачите биле сè помалку заинтересирани, хулиганството се појавило повторно, а англиските клубови биле отстранети од европските натпреварувања за период од пет години, поради случувањата на стадионот „Хејсел“ во 1985 година. Првата дивизија на фудбалската лигата, која била првото ниво на англискиот фудбал уште од 1888, сега била зад други лиги во светот како што била италијанската Серија А и шпанската Примера Дивисион, и според посетеноста и според приходите, а најдобрите англиски играчи оделе да играат во други земји. Но, како и да е паѓачкиот тренд почнал да се намалува во 1990-тите со добрите резултати на англиската репрезентација на Светското првенство во 1990, каде стигнале до полуфиналето. Европското фудбалско власничко тело ја прекинала забраната со што англиските тимови заиграле повторно во Европските натпреварувања по 5 години пауза. Тејлор Репорт стандардот, за безбедноста на стадионите, за да се прекинат несреќите како онаа на Хилсборо бил прифатен во јануари истата година и дел од стадионите биле реконструирани.

Телевизиските пари станале многу поважни, Првата Дивизија добивала 6,3 милиони фунти за двегодишен договор во 1986, но кога се обновувал договорот, во 1988, таа добивала 44 милиони фунти за 4 години. Преговорите во 1988 биле прв знак дека лигата ќе се распадне. Десет екипи се заканувале дека ќе ја напуштат лигата и ќе оформат нова “Суперлига“, но најпосле биле наговорени да останат. Како што се зголемиле капацитетите на стадионите и посетеноста и приходотите пораснале, но повторно најдобрите екипи најавувале дека ќе ја напуштат лигата, бидејќи не добивале доволно од зголемениот прилив на пари во спортот.

Основање По завршувањето на сезоната 1990-1991, бил изнесен предлог за основање на нова лига, која ќе носи повеќе пари по натпревар. Договорот на членовите основачи, бил потпишан на 17 јули 1991 година од екипите што требало да се натпреваруваат во највисоката дивизија на лигата, со што биле утврдени основните правила за формирање на Премиер лигата. Новоформираната највисока дивизија требало да има комерцијална независност од Фудбалскиот сојуз и Фудбалската лига, давајќи и дозвола на Премиер лигата да преговара за сопствени договори за емитување и спонзорства. Аргументот даден во тоа време бил дека дополнителниот приход ќе им овозможи на англиските клубови да се натпреваруваат со најсилните екипи низ Европа. Грег Дајк човекот кој играл значајна улога во создавањето на Премиер лигата, сепак заедно со ITV (од кои бил дел и LWT) загубиле во наддавањето за правата на емитување: BSkyB победил со понуда од 304 милиони фунти во текот на пет години, а BBC го добиле пакетот за емитување на хајлајтси од натпреварите преку емијијата Натпреварот на денот.

Клубовите од Првата дивизија масовно се повлекле од Фудбалската лига во 1992 година, а на 27 мај истата година Премиер лигата била формирана како ограничена компанија, работејќи во канцеларија во тогашното седиште на Фудбалскиот сојуз во Ланкастер Гејт. Тоа значело крај на 104-годишното раководење на Фудбалската лига со четирите дивизии. Од тогаш Премиер лигата раководи со една, а Фудбалската Лига со три дивизии. Немало измени во форматот на натпреварувањето, бројот на клубови бил ист, а отпаѓањето и влегувањето во лигата било исто како помеѓу старите Прва и Втора Дивизија.

Основачи на Премиер лигата биле следниве 22 клуба: Арсенал, Астон Вила, Блекбурн Роверс, Вимблдон, Евертон, Ипсвич Таун, Квинс Парк Ренџерс, Ковентри Сити, Кристал Палас, Ливерпул, Лидс Јунајтед, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Миделсбро, Норич Сити, Нотингем Форест, Олдам Атлетик, Саутхемптон, Тотенхем Хотспар, Челси, Шефилд Венздеј и Шефилд Јунајтед.

1992-1995; Почетокот на првенството и првите сезони Триумфите на Манчестер Јунајтед со Алекс Фергусон

Така набргу по основањето, првите натпревари во новоформираната Премиер лига на Англија тргнале со сезоната 1992-1993. Првите натпревари се одиграле во сабота на 15 август 1992. Првиот гол во новоформираната лига бил дело на Брајан Дин од Шефилд Јунајтед, кој само по пет минути игра ја затресол мрежата на Манчестер Јунајтед во победата на сечилата со 2-1 на Брамал Лејн. Првата сезона во Премиер лигата завршила со победа на Манчестер Јунајтед, што била прва титула за црвените ѓаволи по 26 години чекање. Тие завршиле на врвот на табелата со удобни 10 бода предност пред вицешампионот Астон Вила. Норич Сити водел на табелата во поголемиот дел од сезоната, но нивните надежи за титулата згаснале во последните недели од сезоната останувајќи и математички надвор од игра на три кола пред крајот на сезоната, откако загубиле со 3-1 од Ипсвич Таун. Норич сепак завршил на третото место, изборувајќи пласман во европските натпреварувања. Кристал Палас, Мидлсбро и Нотингем Форест биле првите клубови кои испаднале од Премиер лигата. Теди Шерингам од Тотенхем Хотспар бил најдобар стрелец во сезоната 1992-1993, со 22 постигнати гола.

Во летото 1993 година, трансферот на Рој Кин од испаднатиот Нотингем Форест во Манчестер Јунајтед бил најскапиот трансфер регистриран од англиски клуб и изнесувал 3.75 милиони фунти. Засилени со 22-годишниот ирски играч од средниот ред, во сезоната 1993-1994 играчите на менаџерот Алекс Фергусон ја одбраниле титулата од претходната сезона. Манчестер Јунајтед воделе речиси од почетокот до крајот на второто издание на Премиер лигата, завршувајќи со 8 бодови предност во однос на нивниот најблизок конкурент Блекбурн Роверс, кои завршиле на второто место. На третото место завршил Њукасл Јунајтед, благодарение на фантастичната сезона на нивниот напаѓач Енди Кол, кој постигнал 34 гола и бил најдобар стрелец за сезоната.

Изненадувањето: Блекбурн Роверс 1994-1995 За време на сезоната 1994-1995, продолжиле да паѓаат нови рекорди во поглед на трансферите: пред почетокот на сезоната Блекбурн Роверс се засилиле со 21-годишниот напаѓач на Норич Сити, Крис Сатон, за рекорд од 5 милиони фунти, пред рекордот за најскап трансфер да биде срушен повторно во јануари 1995 година, кога најдобриот стрелец од минатата сезона Енди Кол преминал од Њукасл Јунајтед во Манчестер Јунајтед за 6 милиони фунти.

По доминацијата на Манчестер Јунајтед во првите две сезони во кои тие со убелдива предност пред конкурентите ја освојувале титулата, сезоната 1994-1995 донела многу поголема возбуда и трката за титулата останала отворена до последните мигови од првенството. Блекбурн Роверс предводени од клупата од играчката легенда на Ливерпул, Кени Далглиш, воделе на табелата од средината на првенството па сè до последното коло во кое влегле со два бода повеќе од бранителот на титулата Манчестер Јунајтед. Во последното коло, кое изобилувало со многу возбуда, сепак немало промена на табелата иако Блекбурн загубиле на гостувањето кај Ливерпул со 2-1, тоа не успеале да го искористат нивните конкуренти од Манчестер кои одиграле само 1-1 со Вест Хем Јунајтед, што за Блекбурн значело прва титула по 1914 година. Тајната на изненадувачкиот успех на Роверс лежела во нивиот убиствен напаѓачки тандем (наречен САС) Алан Ширер - кој постигнал 34 гола и бил најдобар стрелец за сезоната - и Крис Сатон, кои заедно постигнале 49 од 80-те голови на клубот во лигата. Манчестер Јунајтед на крајот морал да се задоволи со второто место, но на 4 март 1995 година го поставиле рекордот за највисока победа во историјата на Премиер лигата совладувајќи го Ипсвич Таун со 9-0 (рекорд кој трае до денес иако овој резултат бил постигнат уште еднаш од страна на Лестер Сити 24 години подоцна). Во истиот натпревар, рекордното засилување на клубот Енди Кол станал првиот играч во историјата на Премиер лигата кои постигнал 5 гола на еден натпревар.

1995-1998; Намалување на бројот на екипите Како резултат на настојувањето на ФИФА, во 1995 година Премиер лигата го намалила бројот на екипи од 22 на 20, со што воедно се намалил и бројот на натпреварите од 42 на 38 кола. Тоа се случило така што на крајот од сезоната 1994-1995 испаднале 4 екипи, а нивните места од Првата дивизија влегле само 2 екипи.

Новите успеси на Јунајтед на Фергусон

Првиот дел од сезоната 1995-1996 го обележила екипата на Њукасл Јунајтед, која, благодарение на импресивната низа позитивни резултати, изградила важна предност пред своите соперници. Манчестер Јунајтед фатил приклучок до лидерот, откако го добиле директниот судир на Олд Трафорд и успеале да се вратат на 4 бода од црно-белите на Кевин Киген, пред негативната серија на резултати што ја однела разликата меѓу првите два клуба на табелата на 12 бода. Сепак, на преостанатите 14 натпревари, „црвените ѓаволи“ (кои повторно можеле да сметаат на Ерик Кантона, кој се вратил по 8-месечната суспензија која му била изречена во јануари претходната сезона) забележале 12 победи едно реми и еден пораз, додека Њукасл не можел да го поднесе притисокот во борбата за титулата и паѓале повеќепати: поразите во директниот судир одигран на Сент Џејмсис Парк и оној со 4-3 од Ливерпул на Анфилд биле кобни. Со прокоцкано водство, Њукасл се нашол на второто место поради послабата гол-разлика, и не успеале да ги добијат последните два натпревари во лигата, а Јунајтед ја освоил својата третата титула во последните четири години на Премиер лигата сите под водството на Фергусон.

Слично како и во претходната сезона така и во следната како главни фаворити за титулата влегле Манчестер Јунајтед и Њукасл Јунајтед, вторите засилени со најдобриот стрелец во претходните две изданија Алан Ширер од Блекбурн Роверс. Сепак, ниту третата сезона по ред во која Ширер завршил како најдобар стрелец (со 25 гола), ниту тренерската смена која во Њукасл го довела Кени Далглиш (единствениот менаџер до тој момент кој ја имал освоено Премиер лигата покрај Фергусон) на местото на Кевин Киген не им помогнала на страчките да ги симнат од престолот црвените од Манчестер кои повторно минале низ целта како први освојувајќи ја четврта титула во Премиер лигата. Њукасл завршил на второто место, со ист број на бодови како и Арсенал и Ливерпул.

Првата титула на Арсенал