мини|Медицинскиот ректорат мини|Факултетот за фармација Медицински универзитет „Проф. д-р Параскев Стојанов“ во Варна, Бугарија е државен универзитет. Унивезитетот нуди додипломски, магистерски, докторски и специалистички студии од областа на медицината, забната медицина, фармацијата и јавното здравство. Во склоп на универзитетот работи и Виша медицинска школа (на Бугарски: Медицински колеж), која што обучува стручни медицински сестри, акушерки, помошници фармацевти, забни техничари, рендген техничари, лабораториски техничар, и др.

Универзитетот е создаден во 1961 година. Од создававето досега имаат дипломирано 8351 бугарски студенти и 977 странски студенти од 45 држави.

Факултети и колеџи

Медицински факултет Студиите траат 6 години, по што студентите се стекнуваат со академска титула Магистер и професионално звање Доктор на медицина.

Стоматолошки факултет Студиите траат 6 години, по што студентите се стекнуваат со академска титула Магистер и професионално звање Доктор на забна медицина.

Фармацевтски факултет Студиите траат 5 години, по што студентите се стекнуваат со академска титула Магистер и професионално звање Магистер Фармацевт.

Факултет по јавно здравство Студиите траат 4 години, по што се стекнува титула дипломиран.

Медицински колеџ (Висока медицинска школа) Постојат неколку насокии: Медицинска сестра, акушерска сестра, забен техничар, рендген техничар, лабораториски техничар, санитарен инспектор и други. Студиите траат од 3-4 години, по што студентите се стекнуваат со звање специалист или дипломиран.

Надворешни врски Официјална страна на Медицински универзитет - Варна Стоматолози - Варна

Категорија:Медицински универзитети Категорија:Варна