Крит (грчки: Κρήτη) е една од тринаесетте периферии на Грција. Исто така е најголем од грчките острови со површина од 8.336 км2 (3,219 mi²) и е петти најголем остров во Средоземјеито.

Крит е место со значајна древна историја и е популарна туристичко одредиште; во неговите знаменитости спаѓаат минојските наоѓалишта на Кносос и Фестос, класичниото наоѓалиште Гортис, венецискиот замок во Ретимно, и кањонот Самарја, како и многу други природни месности, споменици и плажи. Крит бил центарот на минојската цивилизација (околу 2600–1400 п.н.е.), најстарата форма на грчка и европска цивилизација. Со векови бил познат под своето италијанско име Кандиа (италијански: Candia), од средовековното име на главниот град Ираклион, Хандакс (грчки: Χάνδαξ или Χάνδακας што значи „шанец“). На класичен латински се нарекувал Крета (латински: Creta), а на турски Кандије или Гирит (турски: Kandiye или Girit).

Географија

Крит е еден од 13 региони на кои Грција е поделена. Претставува најголемиот остров во Грција и вториот најголем (по Кипар) во источниото Средоземје, со население од 650.000 (2005). Островот има издолжена форма: се протега во должина од 260 километри од исток до запад и е 60 километри на неговата најширока точка, иако островот е потесен на некои места, како на пример регионот блиску до Јерапетра, каде што е широк само 12 километри. Крит зафаќа површина од 8.336 км2, со брегова линија од 1046 км ; на север излегува на Критското Море (грчки: Κρητικό Πέλαγος); на југ на Либиското Море (грчки: Λιβυκό Πέλαγος); на запад на Миртојското Море, и на исток на Карпатиското Море. Лежи приближно на 160 километри јужно од грчкото копно.

Крит е многу планински остров, и неговиот релјеф е обележан од високиот планински венец кој се протека од запан кон исток, формиран од три различни групи на планини. Тие се:

Белите планини (Лефка Ори) (2.452 m); Венецот Иди (Псилоритис () 2.456 m); Планините Дикти (2.148 m); Кедрос (1.777 m); Трипти (1.489 m)

На овие планини се простираат плодни висорамнини, како Ласити, Омалос и Нида; пештери, како Диктеон и Идеон; и кањони како познатиот кањон на Самарја. Заштитената област на кањонот Самарја е дом на кри-кри, додека пак критските планини и кањони се прибежишта за загрозениот грабливец Ламергајер (Gypaetus barbatus).

На Крит има бројни реки меѓу кои и Река Јеропотамос во јужниот дел на островот.

Критска култура Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Критскиот грчки останал говорен јазик, и критското вино е традиционален пијалак. Островот е познат по критската музика, и постојат многу уникатни танци кои се играат само на островт, од кои најпознат е Пендозали.

Стопанство Економијата на Крит, која претежно се засновала на земјоделство, започнала да се променува во текот на 1970-тите. Иако земјоделството е најнагласено, благодарение на климата и релјефот на островот, постои пад во производството и забележителна експанзија во угостителството (претежно поврзано со туризмот). Сите три сектори на критската економија (земјоделство, обработка-пакување, угостителство), се директно поврзани и меѓусебно зависни. Островот има приход по глава на жител близу 100% од грчкиот просек, додека пак невработеноста е приближно 4%, половина од просекот на државата. Како и во другите региони на Грција, производството на маслинки е многу важно производство; мало количество на цитрони сѐ уште се одгледува на островот.

Островот има три значајни аеродроми: аеродромот Никос Казанѕакис во Ираклион, аеродромот Даскалојанис во Хања и еден помал во Ситиа. Првите два опслужуваат меѓународни одредишта и се главните портали кон островот за патници.

Туризам thumb|Островот Спиналонга

Крит е една од најпопуларните одредишта во Грција; петнаесет проценти од сите пристигнувања во Грција се преку градот Ираклион (пристаниште и аеродром), додека пак чартер патувањата до Ираклион лани беа 20% од сите чартер летови во Грција. Сѐ на сѐ, повеќе од два милиони туристи го посетиле Крит лани и овој пораст во туризмот се одразува на бројот на легла во хотелите, кој се покачил за 53% во периодот од 1986 to 1991, кога во остатокот од Грција се покачил за само 25%. Денес, туристичката инфраструктура на островот ги задоволува сите вкусови, вклучувајќи многу широк спектар на објекти за сместување. Гостите стигнуваат до островот преку двата меѓународни аеродроми во Ираклион и Хања, или со брод преку главните пристаништа во Ираклион, Хања, Ретимно и Агиос Николаос.

Градови Главните градови на Крит се:

Ираклион (грчки: Ηράκλειον) (137.711 жители) Хања (грчки: Χανιά) (53.373 жители) Ретимно (грчки: Ρέθυμνο) (31.687 жители) Јерапетра (грчки: Ιεράπετρα) (23.707 жители) Агиос Николаос (грчки: Άγιος Νικόλαος) (19.462 жители) Ситиа (грчки: Σητεία) (14.338 жители)

Политичка организација Островот Крит е периферија на Грција, која се состои од четири префектури (грчки: νομοί): Ираклион Ласити Ретимно Хања

Во рамките на аматерското радио се смета за посебен „ентитет“ со ИТУ претставка SV9.

Поврзано

Критски Грци Критски Турци Критско вино Поранешни држави во Европа по 1815 Историја на Крит Список на грчки острови Минојска цивилизација Критска музика Отоманска морнарица

Извори

Надворешни врски Регионот Крит

* Категорија:Острови во Грција Категорија:Острови во Средоземното Море Категорија:Егејски Острови Категорија:Области во Грција