Ахајското Кнежевство била една од „латинските држави“ кои биле создадени на просториите на поранешна Византија по преземањето на Цариград од страна на крстоносците во 1204 година.

Историја

Основање По освојувањето на Константинопол во 1204 година од страна на крстоносците, Византиската Империја се распаднала на повеќе наследнички држави. Истовремено, западните витези започнале да ги освојуваат византиските земји во Грција. Во 1205 година француските благородници Вилијам I од Шамплит и Жофроа I де Вилардуен навлегле во Пелопонез со релативно мала војска. По победата над византиските сили во Битката кај Маслиновата Гора кај Кундура, за кратко време го освоиле поголемиот дел од полуостровот. Само неколку силни тврдини, како Монемвасија, Аргос и Коринт, продолжиле да даваат отпор уште неколку години.

Првиот владетел бил Вилијам I, но по неговото заминување во Франција и смртта во 1209 година, власта ја презел Жофроа I де Вилардуен, кој ги поставил темелите на новата држава.

Својот врховен подем го постигнала во времето на Вилијам II, кој градот Мистра го подигнал за своја престолнина, но по поразот во Пелагонија во 1259 година, морал да ја предаде на Михаил VIII, при што повторно започнало византиското присуство во државата. Државата опстојувала сè до 1432 година кога била повторно вратена на Византија.

Владетели на Ахајското Кнежевство

Вилијам I Шамплит (1205—1209) Готфрид I Вилерден (1209—1228) Готфрид II Вилерден (1228—1246) Вилијам II Вилерден (1246—1278) Карло I Анжујски (1278—1285) Карло II Анжујски (1285—1289) Изабела Вилерден (1289—1307) Флоранс Хајнулски (1289—1297) Филип I Савојски (1301—1307) Филип II Анжујски (1307—1313) Матилда од Хајнаула (1313—1318) Лудвиг Бургундски (1313—1316) Јован Анжујски (1318—1333) Роберт II (1333—1364) Катарина Валоа (1333—1346) Марија I Бургундска (1364—1370) Филип III Анжујски (1364—1373) Јована Напулска (1373—1376) Жак Бауски (1381—1383) Карло III Анжујски (1383—1386) Власт на каталонската дружина од 1386. до 1396. Петар од свети Суперан (1396—1402) Марија II Цакарија (1402—1404) Центурионе (1404—1432)

Поврзано Првиот пад на Цариград Крстоносни држави Морејско Деспотство

Категорија:Крстоносни држави Категорија:Поранешни држави на Балканот Категорија:Поранешни кнежевства

Категорија:Поранешни вазалства Категорија:Солунско Кралство