мини|десно|280п|Сува Гора во рамките на Македонија. мини|десно|250п|Сувогорски опожарен предел мини|десно|250п|На Сува Гора, планина богата со варовник има доста каменоломи. Каменолом над селото Стенче

Сува Гора — стара грамадна планина во северозападниот дел на Македонија. Во нејзините подножја се Полошката Котлина од западната страна и долината на реката Треска од источната страна. Иако е релативно висока, таа сѐ уште нема развиен зимски туризам.

Особености Планината претставува типичен хорст издигнат помеѓу Полошката Котлина на запад, кањонската клисура на реката Треска на исток, на север се протега до Илин Гроб, а оттаму продолжува во планината Осој, чии клонови се спуштаат во полите на Сува Река и Тетовска Суводолица. Планината со неотектонските движења е зафатена со рамномерно издигање на целата површина. Нејзиното било претставува пространо, широка и разбиена карстна висорамнина на височина од 1.600 м, која кон југ од највисокиот врв Дупен Камен (1.857 м) стрмно се спушта во селото Корито. Се протега во правец запад-југ-ззапад-север-североисток. Морфопластиката на Сува Гора овозможила да се одликува со значителна површина од 1.000 до 1.500 м (40 км2). Бидејќи е изградена од варовници, развиени се сите површински карсни облици, меѓу кои преовладуваат вртачите, а се среќаваат и неколку мали карсни полиња.

Наводи

Поврзано Сува Гора — истоимена планина во Мала Преспа, продолжеток на Галичица

Надворешни врски

Сува Гора не е сува планина — репортажа на Утрински Весник

Категорија:Планини во Македонија