right|thumb|Жан Анри Динан.

Жан Анри Динан (фр. Jean Henri Dunant; – ) — швајцарски претприемач и социјален активист. Во 1859 г., за време на деловно патување, бил сведок на последиците од Битката во Солферино, во денешна Италија. Своите сеќавање и искуство ги запишал во книгата Сеќавање на Солферино, која била инспирација за создавање на Меѓународниот комитет на Црвен крст (МКЦК) во 1863 година. Женевската конвенција од 1864 г. е заснована на идеите на Динан. Во 1901 год тој ја добил првата Нобелова награда за мир заедно со Фредерик Паси.

Рани години и образование

Динан е роден во Женева, Швајцарија, како прв син на претприемачот Жан-Жак Динан и Антоанет Динан-Коладон. Неговото семејство било посветено на калвинизмот и имало значително влијание во женевското општество. Неговите родители ѝ давале голема вредност на социјалната работа. Неговиот татко активно им помагал на сираците и на оние кои условно биле пуштени на слобода, додека пак неговата мајка работела со болните и сиромашните.

Динан растел во периодот на религиозно будење, познат како Преродба, и на 18 години тој се приклучил на Женевското општество за пружење милостина. Наредната година, заедно со свои пријатели, тој ја основал таканаречената ,,Четврточна асоцијација’’, група од млади луѓе кои се состанувале за да ја учат Библијата и да им помагаат на сиромашните, а голем дел од своето време тој поминал и во посети на затворите и социјална работа. На 30 ноември 1852 г. тој го основал женевското претставништво на Асоцијацијата на млади христијани, а по три години учествувал и на Парискиот состанок посветен на основањето на нејзина меѓународна организација.

Во 1849 г., на 21 година, Динан бил принуден да го напушти факултетот Келвин заради лошите оцени и започнал стажирање во банката Лулин е Сотер. По неговото успешно завршување на стажирањето останал да работи во банката.

Алжир

мини|десно|180п|Анри Динан околу 1860 г. Во 1853 г. Динан ги посетил Алжир, Тунис и Сицилија, по должност на компанијата наменета за ,,колониите на Сетиф’’. И покрај краткото искуство што го имал, тој успешно ја извршил својата должност. Инспириран од патувањето, тој ја напишал својата прва книга со наслов ,,Извештај од регенството во Тунис’’(Notice sur la Régence de Tunis), издадена во 1858 г.

Во 1856 г., тој основал претпријатие и притоа соработувал со странските колонии. Откако му била доделена концесија за земја од страна на Алжир, кој бил окупиран од Франција, една компанија за одгледување и тргување со пченка ја повикала Компанијата за финансии и индустрија. Сепак, правата за земјата и водата не биле точно означени, а колонијалните власти баш и не соработувале. Како резултат на тоа, Динан одлучил да поднесе жалба директно до францускиот цар Наполеон III, кој во тоа време бил во Ломбардија со својата војска. Франција се борела на страната на Сардинија против Австрија, која имала окупирано голем дел од денешна Италија. Седиштето на Наполеон било смeстено во малиот град Солферино. Динан напишал ласкава книга, полна со величење на Наполеон III, и имал намера да му ја покаже на царот, па тргнал кон Солферино за да се запознае лично со него.

Битката во Солферино

Динан пристигнал во Солферино вечерта на 24 јуни 1859 г., на истиот ден кога во близина се случила битка помеѓу двете страни. Триесет и осум илјади биле ранети, некои умирале, а некои веќе мртви останале на бојното поле. Обидот да се обезбеди грижа за сите нив изгледал невозможен. Шокиран, Динан сам ја презел иницијативата да го организира народот, а особено жените и девојките, да им помогнат на повредените и болните војници. Имале недостаток од материјал и залихи, па Динан самиот организирал купување на потребните материјали и помогнал да се направат импровизирани болници. Тој го убедил населението да му помага на ранетите, без разлика на нивната страна во конфликтот со слоганот "Tutti fratelli" ( Сите сме браќа), измислен од некоја жена која потекнувала од град во близина, наречен Кастиљоне дел Стивере. Исто така, тој успеал и да ги ослободи австриските доктори кои биле заробени од страна на Французите.

Црвен крст

мини|десно|190|Oсновачите на Меѓународниот комитет По враќањето во Женева, во почетокот на јули, Динан решил да напише книга за неговите искуства, која ја нарекол ,,Сеќавањата на Солферино”. Била објавена во 1862 г., во издание од 1600 копии и била испечатена на сопствен трошок на Динан. Во рамките на книгата тој ја опишал битката, нејзината цена, како и хаотичните услови по нејзиното завршување. Исто така, тој ја развил и идејата дека потребно е во иднина да постои неутрална организација која ќе обезбедува грижа за ранетите војници. Книгата ја дистрибуирал до многу водечки политички и воени фигури во Европа.

Динан започнал и да патува низ Европа за да ги промовира своит идеи. Пошироко, неговата книга била позитивно прифатена, а Претседателот на Женевското општество за јавно богатство, правникот Густав Мојние, овозможил книгата и неговите предлози да бидат тема на состанокот на организацијата одржан на 9 февруари 1863 г. Препораките на Динан биле разгледани и позитивно оценети од страна на членовите. Создале комитет од 5 лица за понатаму да ја продолжат можноста за нивно спроведување, а Динан бил еден од членовите. Другите биле Мојние, швајцарскиот генерал на војската Хенри Дуфор, и докторите Луј Апија и Теодор Мајноар. Нивниот прв состанок, на 17 февруари 1863 г., денес се смета за датум на основањето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Од почетокот па натаму, Мојние и Динан имале сè поголеми несогласувања и судири во однос на нивните сопствени визии и планови. Мојниер сметал дека идејата на Динан да основа неутрална заштита за оние кои ќе обезбедуваат нега за ранетите е неверојатна и го советувал Динан да не инсистира за таков концепт. Сепак, Динан продолжил да ја застапува оваа позиција во неговите патувања и разговори со високо рангирани политички и воени фигури. Тоа го засилило личниот конфликт помеѓу Мојние, кој зазел прилично прагматичен пристап кон овој проект, и Динан, кој бил визионерскиот идеалист помеѓу петте члена. Тоа го предизвикало Мојние да направи напори за напад на Динан и да се обиде да го преземе водството.

Во октомври 1863 г., 14 земји учествувале на состанокот во Женева, организиран од страна на Комитетот, за дискусија околу подобрувањето на грижата за ранетите војници. Сепак, Динан бил само водач на протоколот поради напорите на Мојние да ја потцени неговата улога. Една година подоцна, на 22 август 1864 г., дипломатска конференција организирана од страна на швајцарското Собрание, придонела за потпишување на првата Женевска конвенција од страна на 12 земји. Повторно, Динан бил задолжен само околу организирањето на сместување за присутните.

Заборавен период

Бизнисот на Динан во Алжир делумно настрадал поради неговата посветеност на хуманистичките идеи. Во април 1867 г., Динан бил скандалозно вмешан во пропаѓањето на финансиската фирма Кредит Генвоа. Тој бил принуден да објави стечај и на 17 август 1868 г. бил осуден од Судот за трговија на Женева за измамничко дејствување при стечаите. Заради нивните вложувања во фирмата, неговото семејство и многу негови пријатели, исто така, биле тешко погодени од пропаѓањето на компанијата. Социјалниот повик во Женева, град со длабоки корени во калвинистичките традиции, исто така, довел до барања за негово отстранување од Меѓународниот комитет. На 25 август 1868 г., тој ја добил позицијата Секретар, а на 8 септември бил целосно отстранет од Комитетот. Мојние, кој станал претседател на Комитетот во 1864 г., одиграл главна улога за неговото исклучување.

Во февруари 1868 г., мајката на Динан умрела. Подоцна, истата година, тој бил избркан и од Асоцијацијата на млади христијани. Во март 1867 г. го напуштил својот роден град, Женева, и не се вратил до крајот на својот живот. Во годините кои следеле, Мојние соодветно го искористил своето влијание и се погрижил Динан да не добие никаква помош или поддршка од своите пријатели. На пример, наградата Златен медал за научни морали на Светскиот саем во Париз не ја добил Динан, како што првично било планирано, туку Мојние, Дуфор и Динан заедно, па парите од наградата во целост отишле кај Комитетот.

Динан се преселил во Париз, каде што живеел во скудни услови. Сепак, продолжил со неговите хуманитарни идеи и планови. За време на Француско-Пруската војна (1870-1871), тој го основал Заедничкото општество за помош, а наскоро потоа Заедничката алијанса за ред и цивилизација. Тој дискутирал за преговори за разоружување и за создавање на меѓународен суд за посредување при меѓународни конфликти. Подоцна работел и на создавање на светска библиотека, идеја која има свое ехо во идни проекти како што е и УНЕСКО.

Во неговото понатамошо работење и застапување на своите идеи, тој продолжил да ја запоставува својата лична ситуација и приходот, и продолжил да паѓа во долгови, а бил избегнуван и од неговите познаници.

И покрај тоа што бил назначен за почесен член на националните општества на Црвениот крст на Австрија, Холандија, Шведска, Прусија и Шпанија, бил речиси заборавен во официјалниот говор на Движењето на Црвен крст, иако тоа се побрзо се ширело во новите земји. Тој живеел во сиромаштија, селејќи се на различни места во периодот помеѓу 1874-1886 г., вклучувајќи ги Штутгарт, Рим, Крф, Базел и Карлсруе. Во Штутгарт го запознал Рудолг Милер, студент на универзитетот Тибинген, со кој станал близок пријател. Во 1881 г., заедно со пријатели од Штутгарт, за првпат отишол во малото швајцарско село Хајден. Во 1887 г., додека живеел во Лондон, почнал да добива мала финансиска поддршка од некои далечни роднини. Тоа му овозможило да живее малку посигурно, и во јули се преселил во Хајден. Остатокот од животот го поминал таму, а од 30 април 1892 г. живеел во дом за згрижување, со кој управувал д-р Херман Алтер.

Во Хајден ги запознал младиот учител Вилхелм Зондерегер и неговата сопруга Сузана, кои го охрабриле да го евидентира своето животно искуство. Сопругата на Зондерегер основала општинска организација на Црвен крст во Хајден, а во 1890 г. Динан станал нејзин почесен претседател. Динан се надевал дека заедно со Зондерегер и понатаму ќе ги промовира своите идеи, вклучувајѓи и ново издание на неговата книга. Сепак, подоцна нивното пријателство станало спорно заради неоправданите обвинувања на Динан дека Зондерегер, заедно со Мојние, во Женева, на некој начин подготвуваат завера против него. Зондерегер починал во 1904 г. на возраст од само 42 г. И покрај нивното спорно пријателство, Динан бил длабоко погоден од неочекуваната смрт. Восхитот на Вилхелм и Сузана Зондерегер за Динан, и покрај неговите обвинувања, бил пренесен и на нивните деца. Во 1935 г. нивниот син Рене издал збирка од писмата кои Динан му ги пишувал на неговиот татко.

Враќање во јавното сеќавање

мини|десно|190п|Споменик на Анри Динан во Хајден, Швајцарија Во септември 1895 г., Георг Баумбергер, главниот издавач на весникот Остшвајц во Св.Гал, напишал статија за основачот на Црвен крст, со кого се запознал и разговарал за време на прошетка која се случила пред една година. Статијата со наслов ,,Анри Динан, основачот на Црвениот крст”, се појавила во германското списание Убер ланд унд мер, а наскоро била препечатена и во други изданија низ Европа. Статијата имала големо влијание, па тој одново добил внимание и поддршка. Ја добил швајцарската награда Бине-Фендт, како и нота од Папата лав XIII. Благодарение на неговата поддршка од руската царица и вдовица, Марија Феодоровна, како и на други донации, неговата финансиска состојба значително се подобрила.