Авари — евроазиски номади за кои сѐ уште нема официјална потврда од каде точно потекнуваат,: "... the Avars certainly contained peoples belonging to several different ethnolinguistic groups, so that attempts to identify them with one or another specific eastern people are misguided.": "The Juan-Juan state was undoubtedly multi-ethnic, but there is no definite evidence as to their language... Some scholars link the Central Asian Juan-Juan with the Avars who came to Europe in the mid-sixth century. According to widespread but unproven and probably unjustified opinion, the Avars spoke a language of the Mongolic group." иако се претпоставува дека имаат туркиско потекло. Овој народ живеел покрај Панонската низина во околу 6 век до 9 век,Walter Pohl, Die Awaren: ein Steppenvolk im Mitteleuropa, 567–822 n. Chr, C.H.Beck (2002), , p. 26-29. каде имал изградено своја држава, позната во историографијата како Аварски Каганат. Најголем нивни поход бил Опсадата на Цариград од 7 век.

Во почетокот на 8 век, Аварите доживеале голем пораз од страна на франкискиот крал Карло Велики, каде по таа битка нивната држава започнала да се распаѓа. Со доаѓањето на Словените, се претпоставува дека голем дел се преточиле во нив. Денеска, постојат Кавкаски Авари кои живеат во Русија и Азербејџан.Historija Naroda Jugoslavije- IZDAVACKO PODUZECE „SKOLSKA KNIGA“ZAGREBАварски каганат- Јован КовачевиќИсторија на Византија- Георге Острогорски

Јазикот или јазиците што ги зборувале Аварите денес се непознати. Класичниот филолог Самуел Садецки-Кардош наведува дека повеќето од зборовите на Аварите употребени истовремено со латински или грчки текстови, се чини дека имаат потекло од монголскиот јазик. Други теории сметаат дека има тунгуско потекло. Според Садецки-Кардос, многу од титулите и редовите што ги користеле панонските Авари ги користеле и Туркијците, Прабугарите, Ујгурите и Монголците, како на пример каган, кан, кадхан, тудун, тархан и хатун. Меѓутоа, постојат докази дека владејачките кланови зборувале на различни јазици, како кавкаски, ирански, тунгуски, унгарски и туркиски.Avars at the Encyclopedia of Ukraine Неколку научници сугерираат дека прасловенскиот јазик станал лингва франка на Аварскиот каганат. Според Ѓула Ласло, кон крајот на 9 век панонските Авари зборувале со разни стари унгарски јазици, со што формирале аваро-унгарски континуитет со тогаш новодојдените Унгарци.

Потекло и преселба Потеклото на европските Авари и составот на групата што во VI век се појавила во Источна Европа долго време биле предмет на научна расправа. Современите историски, археолошки и археогенетски истражувања укажуваат дека јадрото на раноаварската владејачка елита потекнувало од источната евроазиска степа и дека постои силна поврзаност со популациите од руранскиот период во денешна Монголија. Сепак, Аварите што пристигнале во Европа не претставувале етнички или генетски хомогена група, туку политичка заедница во која биле вклучени и други степски групи.

Во византиските извори Аварите првпат се споменуваат во 558 година, кога нивното пратеништво, предводено од Кандих, пристигнало во Константинопол. Пратеништвото дошло од областите северно од Кавказот, каде што Аварите презимувале во 557/558 година. Византискиот цар Јустинијан I во нив гледал потенцијален сојузник против народите што живееле северно од Дунав и Црното Море. Односите биле проследени со дипломатски подароци и византиски субвенции.

Византиските извори го поврзуваат пристигнувањето на Аварите во севернокавкаскиот простор со претходните преселби и воени пресврти во Евроазиската степа. По поразот на Руранскиот каганат од Ѓоктурците во 552 година и неговото конечно распаѓање во наредните години, кон запад се придвижиле различни степски групи. Во современата наука постои силна поддршка за врската меѓу раноаварската елита и населението од руранскиот период, но не и за целосно поистоветување на европските Авари со целиот Рурански каганат.

Во турската дипломатска традиција ова потекло било отфрлано. Според Менандар Протектор и подоцнежната византиска традиција, Ѓоктурците ги претставувале Аварите како „Вархонити“ — бегалци или поранешни поданици што го присвоиле престижното име „Авари“ и титулата „каган“. Менандар, во извештајот за турското пратеништво од 568 година, пренесува проценка од околу 20.000 аварски воини. Овие тврдења треба да се сфатат како дел од турската дипломатска полемика против аварската власт, а не како неспорен опис на нивното етничко потекло.

Археолошките наоди од раниот аварски период покажуваат дека групата што пристигнала во Европа имала разновидно потекло. Во Карпатскиот басен не се забележува единствена археолошка култура што била целосно пренесена од една источна област. Покрај елементи со потекло од источната степа, се среќаваат предмети и обичаи со паралели во Кавказот, јужноруските степи и Западна Азија, како и врски со локалните средноевропски традиции.

Археогенетика thumb|upright=1.75|Геномските анализи на човечки останки покажуваат дека аварската елита во голема мера потекнувала од древни популации од североисточна Азија.Археогенетските истражувања во XXI век донесоа нови податоци за потеклото на Аварите. Во студија објавена во 2022 година биле анализирани 66 предаварски и аварски индивидуи од Карпатскиот басен. Анализираните раноаварски елитни индивидуи покажале многу висок удел на генетско потекло поврзано со древните популации од североисточна Азија, при што различните генетски модели процениле дека околу 88–98 % од нивното потекло можело да се објасни со таков генетски фонд. Тие покажале особено блиска генетска сродност со примерок од рурaнскиот период во денешна Монголија, што обезбедува генетски доказ за врска меѓу раноаварската елита и населението поврзано со Рурaнскиот каганат. Истовремено, кај дел од нив биле утврдени и западноевроазиски генетски компоненти, што укажува на претходно мешање меѓу источни и западни популации.

Овие резултати не значат дека целиот Аварски каганат бил составен од население со источноазиско потекло. Подоцнежните истражувања на 424 индивидуи од четири аварски некрополи покажале значителна генетска разновидност меѓу различните заедници. Кај испитаните групи доминирало потекло поврзано со источната евроазиска степа, но со различен степен на примеси од западноевроазиски популации. Истражувањето проценило дека постарото мешање меѓу источните и западните степски популации во голема мера се случило уште пред нивното населување во Карпатскиот басен.

Истражувањето на 722 индивидуи од аварскиот период во Виенскиот басен дополнително покажало дека заедничката аварска материјална култура не подразбирала и единствено генетско потекло. На локалитетот Лојберсдорф источноазиското потекло останало значително и околу 200 години по пристигнувањето на Аварите, додека во соседниот Модлинг источноазиското потекло било минимално и преовладувало европско потекло. И покрај тоа, двете заедници споделувале карактеристична аварска култура. Ова покажува дека „Аварите“ во историска смисла претставувале поширока политичка и културна заедница, а не единствена биолошка популација.

По неколку години поминати северно од Кавказот, Аварите продолжиле кон запад. Во 563 година веќе биле присутни во подунавскиот простор, а во 567 година навлегле во Карпатскиот басен. Истата година, во сојуз со Лонгобардите, го поразиле Гепидското кралство. Во 568 година Лонгобардите го напуштиле Панонскиот басен и се преселиле во Италија, по што Аварите ја прошириле својата власт врз териториите што претходно ги контролирале Лонгобардите. Со воспоставувањето на власта во Карпатскиот басен во 567–568 година започнало создавањето на Аварскиот каганат. Новата политичка заедница ги обединила доселените степски групи со различни староседелски и претходно населени популации, меѓу кои имало Гепиди и други групи од Карпатскиот басен. Подоцна под аварска власт се нашле и бројни словенски, бугарски и други заедници. Така аварската држава постепено се развила во мултиетничка политичка заедница, во која аварскиот идентитет бил поврзан со политичката припадност кон каганатот, а не со едно единствено генетско или етничко потекло.

Историја

Создавањето на Аварскиот каганат Кон средината на 6 век Аварите упаднале во Панонија и формирале своја држава наречена Аварски каганат. Во неа влегле многу разнородни племиња кои Аварите ги потчиниле меѓу кои имало Словени, Хуни и Прабугари. Аварите биле доминантни во каганатот а другите племиња им биле потчинети. На чело на каганатот стоел каган кој раководел со аварската војска а под негова контрола биле и војските на потчините племиња. Аварите имале околу 20000 војници а со приклучување на Хуните, Прабугарите и Словените вкупно броеле 50000 војници. Византија се наоѓала под постојан притисок на Аварите во средното Подунавие. Борбите меѓу Византија и Аварите започнала преку премините на реките Сава и Дунав. По тригодишна опсада аварскиот каган Бајан во 582 година го освоил Сирмиум. Така започнал походот кон Цариград.

thumb|300px|Европа околу 600 година

Походот кон Цариград По падот на Сирмиум и смрта на царот Тибериј во 582 година за време на владеењето на царот Маврикуј продолжиле Византиско-аварските војни, кои завршиле со опсдата на Солун во 586 година. „За тоа како е освоен јасно изложува ценетиот Менадер“ ова го обајаснува Теофилакт Симоката во врска со паѓањето на Сирмиум. Аварите поставувале тешки услови за Византија. Аварскиот каган барал од Цариград слонови кои подоцна ги вратил, а за возврат барал зголемување на данокот од 80000 на 100000 златници. Поради овие барања во 584 година избила нова војна меѓу Византија и Аварите. Со оваа војна може да се поврзе и опсадата на Солун од страна на 5000 Словени која претрпела неуспех.

Прв град кој бил на удар на аварските напади бил Сингидурум. Во оваа аварска офанзива бил заземен градот Августа кој се наоѓал на брегот на реките Огуста и Дунав во денешна Бугарија. Бил заземен Виминациум и бил опседнат Анхијал а нивната околина била опустошена и запалена. Поради ова царот Маврикиј решил да преговара со Аварите. Било испратено пратеништво кое го предводеле сенаторот Елпидиј и старешината на царската гарда Коментиол. Ова пратеништво немало успех. Во 585 година во Цариград пристигнал кагановиот преговарач Таргитиј кој барал данокот да се зголеми на две години за 100,000 златници.

Барањето било прифатено и бил постиганат мир. Во 586 година, Словените од Влашка провалиле во Тракија и ја опустошиле но биле поразени кај реката Ергинија. Овој упад на Словените било причина за нови непрјателства. „Каганот ги викнал кон себе сите неверници од Склавиниите и кон Словените ги придружил варварите од другите племиња“. Така велел писателот на чудата на Св. Димитрија Солунски. Во Солун се наоѓала малку војска која била неискусна. Првиот ден опсадниците вршеле грабежи по околината на Солун но наредниот ден настанал глад. Третиот ден биле донесени воени справи, но настанал судир меѓу самите Авари. Дошла група на бегалци. Не успеал обидот за заземање на Касандриската капија. Седмиот ден настанало затишје. Осмиот ден стигнале нови бегалци кои барале прибежиште во градот за да се заштитат од чумата која започнала да владее меѓу аварските војници. Набрзо започнало повлекување на аварските војници кои оставиле зад себе многу оружје и робови.

Во летото 558 година, аварскиот каган испратил словенски чети да ја пустошат Тракија. Византискиот војсководец Коментиол успеал на Словените да им преземе дел од пленот. Аварската војска ја заземала и разрушила Рацијарија (Арчар на Дунав во Бугарија), Бононија (Видин), Аквис (Видовград кај Неготино), Дуросторум (кај Силстира во Бугарија) и Тропајон (Акадмилиси меѓу Констанца и Силистрија).