Островот на Ним (англиски: Nim’s Island) е авантура, комедија – филм од 2008 год. Филмот е заснован според истоимената книга од Венди Ор. Светската премиера на филмот се одржа на 4 април 2008. Филмот доби различни прифаќања од публиката. На 10 април порталот Ротен Томатос го оцени филмот 49% позитивни критики од 80 вкупно.

Синопсис Ним (Абигаил Бреслин) е осамено девојче кое живее на напуштен остров со својот татко научник. Таа ги поминува деновите во луди авантури во шумите со своите пријатели животните и својата откачена фантазија. Ним е пасионирана читателка на книги, особено возбудливите авантури на авторот Алекс Ровер. Една вечер кога татко и ќе се загуби при пловидба, Ним му праќа писмо на својот омилен автор со молба да и помогне. Но, Ним не знае дека Алекс Ровер е всушност жена. Александра (Џоди Фостер) е агорафобична (фобија од отворен простор) и никогаш не ја напуштила својата куќа. Но, и таа има луда фантазија - за неа Алекс Ровер е измислен лик со кој постојано се дружи. Меѓутоа, кога ќе го добие писмото од Ним, ќе собере храброст да излезе од дома и да и помогне. Во авантурата придружува ја измислениот пријател

Глумци ЛиковиАбигаил Бреслин Ним РусоЏоди Фостер АлександраЖерард Бутлер Џек Русо / Алекс РоверАлфонско МекАули РаселМорган Грифин АлисаМајкл Карман КапетанКристофер Бакер Ензин

Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Филмови со Џоди Фостер Категорија:Филмови на англиски јазик