Linkin Park (транскрипција: Линкин парк) — американска рок-група основана во Агура Хилс, Калифорнија во 1996 година. Групата е составена од: пејачот и ритам-гитарист Мајк Шинода, главниот гитарист Бред Делсон, диџејот Џо Хан, басистот Дејв Фарел, пејачката Емили Армстронг и тапанарот Колин Бритајн. За првите седум студиски албуми од групата во членувале и Честер Бенингтон и тапанарот Роб Бурдон; по самоубиството на Бенингтон во јули 2017 година групата објавила дека заминува на неодредена пауза. Во септември 2024 година, било објавено возобнувањето на Линкин Парк при што им се приклучиле Армстронг и Бритајн.

Со нивниот прв студиски албум, Hybrid Theory, постигнале светска слава. Вториот студиски албум, Meteora, продолжува нивниот успех. Познати се и по неколку соработки, најмногу со раперот Џеј-Зи и нивниот заеднички албум Collision Course, и соработка со многу уметници на Reanimation. Албумот бил меѓу најпродаваните со скоро 625.000 копии. Имајќи ги адаптирано ну метал и рап рок жанровите до радио-пријателски, но сепак густо-слоевит стил, бендот истражи други жанрови во нивниот следен студиски албум, Minutes To Midnight. Иако на почетокот беше критикуван поради отстапката од дотогашниот стил, сепак го достигна нивото што го заслужува и претставува еден вид на еволуција на бендот.

Со продадени над 100 милиони плочи, Линкин Парк се вбројуваат меѓу музичарите со најголема продажба во 21-виот век. Освоиле две Греми награди, шест Американски музички награди, две Билбордови музички награди, четири MTV видеомузички награди, 10 MTV Европски музички награди и три Светски музички награди. Во 2003 година, МТV2 ги ставило Линкин Парк на шесто место на списокот од најуспешни групи во ерата на музичкото видео и на трето место на списокот од најдобри групи од новиот милениум. Во 2012 година, по спроведена анкета на Bracket Madness на VH1, групата била избрана за најпопуларен изведувач во 2000-тите. Во 2014 година, списанието Kerrang! ја прогласило групата за „Најдобра рок-група во светот во овој момент“.

Историја на бендот Почетоци (1996-1999) Историјата на Linkin Park започнува во 1996, кога Мајк Шинода и гитаристот Бред Делсон матурирале во средното училиште Агорија во предградието Аугора Хилс, Лос Анџелес, Калифорнија. По матурирањето, формирале група со својот пријател Роб Бурдон. Делсон се запишал на Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА). Шинода одел во Арт центар колеџот за дизајн во Пасадена, Калифорнија. Додека бил во УКЛА, Делсон го запознал басистот Дејв Фарел. Делсон и Фарел биле цимери па често вежбале и свиреле заедно. Фарел пред тоа бил член на групата Tasty Snax со Марк Фиор, која подоцна го сменила името во The Snax. Фиоре подоцна станал и кинематограф на Linkin Park. Шинода го запознал Џо Хан на колеџ; Фарел и Хан се придружиле на групата и ја нарекле Xero. На овие петтина подоцна им се придружил и Марк Вејкфилд (вокалист). Овој состав го снимил својот прв демо албум наречен по групата (Xero). Демото го пратиле на повеќе изведувачи, но никогаш не се потпишале. Кратко време потоа Марк Вејкфилд ја напуштил групата.

Вејкдилд заминал, Шинода барал нов вокал; во исто време Делсон го интернира претставникот на Warner Brothers Records A&R, Џеф Блу, како дел од неговиот комуникациски степен. Блу го свртел вниманието на Бред и Мајк врз Честер Бенингтон, младиот вокалист од Феникс, Аризона, кој барал место во некоја група, откако бил вокалист во групата Grey Daze од 1993 до 1997. Шинода и Делсон му ја испратиле на Бенингтон само инструментална снимка на која тој требало да го сними вокалот. Бенингтон го повикал Шинода и му ја отпеал песната преку телефон, Мајк бил импресиониран од тоа што го слушнал и го повикал Бенингтон да дојде на аудиција кај нив во Лос Анџелес. На аудицијата биле и неколку други потенцијални вокали, но си заминале кога го слушнале Честер како пее. Групата го сменила името во Hybrid Theory. Фарел немал можност да го сними нивниот прв EP. Бас наместо него свиреле Делсон и Кајл Кристнер. Само во средината на 1999 година издале илјада копии од Hybrid Theory EP. Го смениле името во Lincoln Park, според паркот во Санта Моника, Калифорнија (сега познат како Christine Reed Park). Мислелe дека тоа е добро име, бидејќи Линколн-паркови има насекаде во Америка па секаде би се сметале како „домаќини”. Го прифатиле името Линколн Парк на неколку месеци, но кога решиле да го регистрираат името „lincolnpark.com” како веб-домејн, тоа веќе било зафатено. Бидејќи групата не можела да го купи, само го смениле „Lincoln“ во „Linkin“ и го купиле доменот „linkinpark.com“. И покрај тоа, сè уште не можеле да потпишат договор. Откако биле одбиени од неколку големи издавачки куќи се обратиле кон Џеф Блу за дополнителна помош. Џеф, кој сега е потпретседател на Warner Bros. Records им помогнал да потпишат договор со Warner Brothers. Фарел привремено бил заменет со Скот Козиол. Скот се појавува во видео спотот „One Step Closer“од албумот Hybrid Theory.

Hybrid Theory (2000-2002) десно|мини|200п|Linkin Park во Прага, 2007 На 24 октомври 2000 Linkin Park го издава својот прв албум Hybrid Theory во САД. Албумот е едитиран од музичкиот продуцент Дон Гилмор. Hybrid Theory беше добро прифатен од музичките обожаватели; бендот продаде повеќе од 4.8 милиони копии за време на неговата деби година, добивајќи го статусот на најпродаван албум за 2001. Неколку песни биле снимени како демо снимки за Hybrid Theory, но не се знае дали тие песни некогаш ќе бидат објавени како како официјална Б-страна. Првиот сингл бил „One Step Closer“. Својот прв концерт групата го одржала на 17 декември 2000 како дел од Almost Acoustic Christmas концерт на KROQ радио. Шинода напишал нова песна под наслов „My December“. Песната била издадена како Б-страна на синглот„One Step Closer“ и во неколку верзии на Hybrid Theory кои биле меѓународно издадени. Подоцна таа песна се наоѓа на албумот издаден од KROQ DJ Kevin i Bean.

На почетокот од 2001 година, Фарел се приклучил на групата и го издаваат вториот сингл со наслов „Crawling“ кој на групата и ја носи наградата Греми за „Најдобар хард рок настап“ во 2002 година, а исто така биле номинирани и за "Најдобар нов артист" и "Најдобар рок албум". На прва турнеја групата тргнала во склоп на Ozzfest, со други групи како што се: Black Sabbath, Marilyn Manson, Slipknot, и Zakk Wyldeov Black Label Society. Во средината на 2001 година групата го издала својот трет сингл „In The End“ (издаден е во два дела „In The End 1“ и „In The End 2“, издадено е и ДВД „In The End DVD“). Песната „In The End“ се покажала како најголем хит на групата за 2001 година. Режисери за видео спотот на песната биле Нејтан „Карма“ Кокс и Џо Хан. Првото ДВД Frat Party at the Pankake Festival групата го издава на 21 октомври 2001. ДВД-то ги содржи сите нивни спотови од албумот Hybrid Theory, документарец од турнеjата, тетоважите на Честер, цртежи и слики од Мајк и Џо и скриени содржини. Истиот месец, пријателката на групата, Џесика Бардас, предложува групата да формира обожавателски клуб. Групата го прифаќа предлогот и така настанува Linkin Park Underground (LPU). Членовите секоја година добиваат пакети при зачленувањето, пакетот се состои од: маица со натпис Linkin Park Underground, перце, сликички, писмо од групата, членска книшка, ЦД, постери. Насловот на првото ЦД бил сменет во Hybrid Theory EP, со друга слика.

На почетокот на 2002 година групата ја започнала својата самостојна турнеја наречена Projekt Revolution. За време на турнејата Мајк и Џо заедно со The X-Ecutioners ја отсвириле „It's Going Down“. По враќањето од турнеjа, групата за првпат од издавањето на својот прв албум Hybrid Theory влегува во студио. Откако добиле неколку ремиксови од своите први песни, Мајк решил да издаде ремикс на албумот. Тој на почетокот сакал да направи неколку ремикса и да издаде лонг плеј, но благодарение на поддршката од сите членови на групата (посебно на Бред и Џо), Мајк се решил да оди чекор понатаму. Проектот насловен како Reanimation, се состои од ремиксови на песните од албумот Hybrid Theory, и ремиксот на песните „My December“ и „High Voltage“. Секоја песна била ремиксувана со друг изведувач и имало гласини дека Мајк во проектот добил дури 50 ремиксови. Мајк ги преслушал сите ремикси на песните и ги одбрал најдобрите. Само две песни не се нашле на албумот а тие се: „Pts.Of.Athrty“ која ја ремиксувал The Crystal Method (која подоцна била издадена на лонгплеј ЦД-то) и ремиксот на песната „By Myself“ направен од Marilyn Manson. Една верзија на ремиксот на песната „My December“, исто така требало да биде издадена, но е повлечена бидејќи била многу мрачна. Изведувачи кои ги ремиксувале песните се: Chali 2Na од Jurassica 5, Стефан Ричардс од Taproot, Kelli Ali od Sneaker Pimps, Арон Луисод Staind, The Humble Brothers, Jonathan Davis од KoЯn, Aceyalone, Pharaohe Monch, The X-Ecutioners, Black Thought и Џеј Гордон од Orgy. Проектот е издаден на 30-јули-2002, негов прв и единствен сингл бил „Pts.Of.Athrty“.

Во ноември започнала втората година на ЛПУ позната како „LP Underground 2.0“. ЦД-то за членовите на клубот содржел ремикс на Crystal Method на „Pts.Of.Athrty“ и песната „Dedicated“. Исто така ЦД-то содржи инструментална песна во траење од педесет секунди, под наслов „A.06“. Во суштина тоа било демо за нивниот нов албум, Meteora.

Meteora (2002-2004) мини|десно|250п|Бред Делсон свири во Smirnoff музичкиот центар. Следејќи го успехот на Hybrid Theory и Reanimation Линкин Парк поминуваат значајно време на турнеи околу САД. Групата во студиото се вратила кон средината на 2002 година за да го изработи својот втор студиски албум. Името на албумот било тајна сѐ до декември, кога е обелоденето дека ќе се вика Meteora, кои се инаку формации на големите карпи во Грција; името за албумот го одбрале од едно списание додека биле на турнеја. Првиот сингл од албумот бил „Somewhere I Belong“ и бил издаден во февруари 2003 година. Meteora е издаден на 25-март-2003 и го освојува првото место на Billboard Music Chart по продажбата на 810.000 копии во првата недела. Продале 11 милиони копии во целиот свет, повеќе од половината се продадени во САД. Успехот на албумот им дозволил повторно да одат на турнејата Rrojekt Revolution со Blindside, Mudvayne и Xzibit. „Faint” бил издаден како сингл при крајот на нивната турнеја (издаден во два дела„Faint Pt.1“ и „Faint Pt.2“). Видеото за сиглот е снимено во Прага, во Чешка, додека истовремено го снимале и видеото за синглот за песната „From The Inside“. Пред да го завршат видеото на песната „Numb“, Бенингтон се разболел, па останатиот дел од видеото го снимиле во црква во Лос Анџелес.

На 18 ноември 2003, Linkin Park го издава ЦД/ДВД сетот наречен Live in Texas (Во живо од Тексас). Материјалот е снимен додека биле на Summer Sanitarium турнејата во Далас и Хјустон, во Тексас. DVD-то во себе има искомбинирано два концерти снимени во живо, видео DVD-то вклучува 17 песни, додека CD-то вклучува 12 од 17. Во ноември започнака третата година од ЛПУ. ЦД-то се состоело од пет песни кои се изведувани со Live In Texas DVD-то кои не биле вклучени во ЦД-то. На некои членови од групата тоа многу не им се допаднало бидејќи очекувале некои други песни как што било во CD-то во втората година на LPU.

Кон крајот на 2003 година, групата го изведе својот трет KROQ almost Acoustic Christmas концерт. Го одржале само една вечер и отпеле 17 песни. Ја свиреле песната „One Step Closer“ имсе придружил и фротмен пеачотод групата P.O.D., Sonny Sandoval. На почетокот на 2004 групата ја започна „Meteora World Tour“ со P.O.D., Hoobastank и Story Of The Year.