Надав или Нават ( Nāḏāḇ) — вториот цар на Северното Израилско Царство. Бил син и наследник на царот Јеровоам.
Владеење Станал цар на Израил во втората година од владеењето на царот Аса и самиот владеел две години.3 Цар 15,25"Nadav", Jewish Encyclopedia Според американскиот библист Вилијам Олбрајт, периодот на владеење на Надав може да се уточни на 901 - 900 г. п.н.е., а адвентистот E. Р. Тиел го дава периодот од 910 до 909 г. п.н.е..Edwin Thiele, The Mysterious Numbers of the Hebrew Kings, (1st ed.; New York: Macmillan, 1951; 2d ed.; Grand Rapids: Eerdmans, 1965; 3rd ed.; Grand Rapids: Zondervan/Kregel, 1983). , 9780825438257
Во втората година на неговото владеење, додека го опсадувал филистејскиот град Гибетон во јужен Дан, во неговата војска почнало да се заговара. Бил убиен од неговиот воен старешина, Баша, кој потоа се прогласил за цар на Израил.
По убиството на Надав, Баша ги убил сите останати членови на кралското семејство (3 Цар 14,2, 3 Цар 15,25-29). Ова се случило во скалд со пророштвото на Ахија Силомецот со кое се претскажува збришувањето на сиот Јеровоамов дом.
Наводи
Категорија:Цареви на Израил Категорија:Родени во непозната година