Megadeth (се чита: Мегадет) — треш метал музичка група од САД која ја предводи основачот, гитаристот и текстописецот Дејв Мастејн. Групата е формирана во 1983 година, откако Мастејн на напуштил групата „Metallica“. Дискографијата на „Мегадет“ опфаќа 14 студиски албуми, шест албуми од живи настапи и три компилации со најголемите хитови.BBC.co.uk Биографија на Мегадет од BBC.co.uk

Како пионер на американското треш метал движење, групата стекнала светска слава во осумдесеттите години на 20. век, но со текот на времето доживеала чести смени на поставата, претежно поради проблеми со прекумерно користење на дрогa и алкохол. По стабилизирањето на поставата, „Мегадет“ објавиле низа албуми со платински и златни тиражи, вклучувајќи го Rust in Peace, двапати номиниран за „Греми“, како и двојниот платински тираж на Countdown to Extinction од 1992 година. Групата направила привремен прекин во работата во 2002 година, поради Мастејновата тешка повреда на левата рака, но по интензивната терапија, тој повторно ја активирал групата во 2004 година, когаго објавиле албумот The System Has Failed, а во 2007 година и United Abominations. Иако „Мегадет“ постои речиси 30 години, последните два албума, Endgame и Thirteen, со нивната брзина и моќност се доказ за виталноста на групата.

„Мегадет“ важи за еден од комерцијално најуспешните хеви метал групи на сите времиња, со 50 милиони продадени оригинални примероци од нивните изданија во светски рамки,Dallas Observer "Интервју со Дејвид Елефсон", 12 јули 2013, од Dallas Observer вклучувајќи шест последователни платински албуми и десет последователни номинации за „Греми“ во категоријата „најдобра хеви метал изведба“.Blabbermouth.net "Ајрон Мејден, Слеер, Мегадет, Ози Озборн, Корн со номинации за Греми наградите", 2 декември 2010, од Blabbermouth.net

Во текот на нејзиното постоење, низ групата поминале преку 20 официјални членови, а непроменет останал само Дејв Мастејн, како главна и движечка сила на „Мегадет“. Групата се вбројува во Големата треш четворка заедно со „Slayer“, „Metallica“ и „Anthrax“, која е „виновна“ за создавањето и популаризацијата на треш жанрот во 1980-тите. Обожавателите на „Мегадет“ себеси се нарекуваат „Droogie“, израз кој значи пријател, а е земен од филмот на Стенли Кјубрик - A Clockwork Orange (Пеколен портокал).Megadeth.com Објаснување на поимот „Droogie“ (21.07.2008) од официјалното мрежно место на Мегадет

Историја Формирање и раните почетоци (1983-1984) Дејв Мастејн својата музичка кариера ја започнал како водечки гитарист во хеви метал бендот Металика. Тој бил еден од членовите на т.н. „оригинална постава“ на Металика, која постоела од формирањето на групата во 1981, па сè до 1983 г.Сите постави на Металика низ годините од Metallica World кога Мастејн бил отпуштен поради прекумерно консумирање алкохол, користење на дрога и насилничко однесување. Два месеци по напуштањето на Металика, тој се запознал со подоцнежниот басист Дејвид Елефсон, со кого го основале Мегадет во Лос Анџелес, 1983 г. Во неколку интервјуа, Мастејн има изјавено дека по заминувањето од Металика, ја сакал нивната крв. Сакал да изведува побрза и поагресивна музика.

Првиот неофицијален студиски потфат, демо касетата Last Rites, била снимена со поставата Мастејн, Елефсон и тапанарот Ли Роуч.Најважните биографски податоци за Мегадет од heavymetal.about.com На неа се нашле три песни, и тоа „Love You to Death“, „Skull Beneath the Skin“ и „Mechanix“, кои подоцна биле вклучени на првиот студиски албум Killing Is My Business… and Business Is Good!.Целосна дискографија на Мегадет и коментари во врска со нивните изданија од No Life til' Metal.comMegadeth - Last Rites (демо) (256) од Series & Blogspot Бендот настапувал на неколку живи свирки во 1984 г. пред Ли Роуч да биде заменет со џез тапанарот Гар Семјуелсон. Истата година Мегадет потпишале договор со релативно анонимната продуцентска куќа Комбат Рекордс. Во месец декември на бендот му пристапил Крис Поланд, во улога на втор гитарист.

Killing Is My Business… and Business Is Good! (1985-1986) мини|десно|220п|Поставата на Megadeth 1984-1986, 1986-1987: Крис Поланд, Дејв Мастејн, Гар Семјуелсон, Дејвид Елефсон

Во 1985, на бендот му биле дадени $8.000 од Комбат Рекордс како би го снимиле нивниот деби албум,<ref name="Killing Is My Business album notes">"Killing Is My Business… and Business Is Good" коментари за новата верзија''''. Мај 2002, Loud Records, 9046-2.</ref> од кои повеќе од половина ги потрошиле на дрога и алкохол. Во него е одразена сета насобрана фрустрација и гнев на Мастејн, поради неговото претходно отпуштање од Металика. И покрај неквалитетната продукција албумот е добро прифатен труд кој претставува мешавина на треш и спид метал.

Овој албум нема да доживее никаков комерцијален успех, поради огромната популарност која во тоа време ја уживал глам металот, стил тотално спротивен од идеите, целите и филозофијата на трешот. Дури по издигнувањето на Мегадет како предводници на овој правец во хеви металот, ова остварување ќе ги добие заслужените пофалби за својата креативност и иновативност. Многумина ќе ги наведат овие записи како клучни околу создавањето и издигнувањето на екстремниот метал на меинстрим сцената во САД, а подоцна и низ целиот свет.

Излегувањето на овој албум го означил почетокот на долгото меѓусебно соперништво на Мегадет со Металика, бендот од кој претходно беше исфрлен Дејв Мастејн. Големи контроверзи ќе повлече песната „Mechanix“, околу која настанал спор за авторските права. Мастејн тврди дека за време на неговото членување во Металика ја напишал песната, и дека по заминувањето строго им забранил да ја снимат и да ја стават на албум. На овие обвинувања од Металика одговорија дека нивната верзија „The Four Horsemen“ е во потполност нивна творба, но сепак во албумот му се доделени авторски кредити на Мастејн. Верзијата која се нашла на првиот албум од Мегадет, Killing Is My Business... and Business Is Good!, била ултра брза со теми поврзани за сексуалните фантазии на Мастејн.

Peace Sells… but Who's Buying? (1986-1987) Повторно со мал буџет, се снимал и вториот албум, но бендот бил незадоволен од конечниот производ. Незадоволни од продукциската куќа потпишале нов договор со Капитол Рекордс кој истовремено ги откупил правата за новиот албум, а исто така и изнајмил продуцент да направи ремикс на снимките. По една година откако започнало снимањето, албумот бил издаден. Овој албум го претставува пробивот на Megadeth на јавната сцена, за што најдобра потврда се продадените милион копии од албумот во САД.Стив Хју. "Peace Sells… but Who's Buying? Коментари, од AMG.com

Овој албум се смета за белег на трешот, а исто така и за „највлијателен метал албум на својата декада“. Песната „Peace Sells“ била изгласана на #11 место во изборот на MTV за „40 Најдобри Метал Песни“. На омотот од албумот се појавува Вик Ретлхед, маскотата на Мегадет, држејќи ја во раце актовката на светскиот мир и нудејќи ја на лицитација. Во позадина се зградите на Обединетите Нации, претставени како рушевини по катастрофалната војна која штотуку завршила.

Занимливо, ова е еден од првите музички производи на чија обвивка се нашол знакот за експлицитна содржина. Во превод ова значело дека лица помлади од 18 г. не смееле да го купат ова ЦД. Во нивниот нареден албум, Мегадет го искажале својот протест поради обидот за нивна цензура преку песната „Hook in Mouth“. На 12 јули 2011 г. бендот издадал обновена верзија на албумот, како мала почест за 25-годишнината од неговото објавување. Во ова ре-издание ќе се најдат и винил плочи на албумот, како и коментари од Дејв Мастејн и Ларс Улрих околу влијанието кое го извршил албумот врз треш метал правецот.

thumb|left|220px|Megadeth, 1987-1989 постава Чак Белер, Дејвид Елефсон, Џеф Јанг, Дејв Мастејн So Far, So Good… So What! (1987-1989) Со најголем буџет до сега, го снимиле третиот албумЏејсон Бирхмаер. "So Far, So Good… So What! Коментари за преработената верзија", All Music Guide, од AMG.com., кој достигнал платински тираж во САД. Поради предозираност со дрога и други опојни супстанци, водечкиот гитарист Крис Поланд бил набркан од страна на Мастејн, а нешто подоцна и на тапанарот Гар Семјуелсон му била покажана излезната врата поради недоразбирања и непремостливи конфликти со основачите на бендот. Како нивна замена биле повикани Чак Белер и Џеф Јанг, но тие биле само привремена замена и ќе се појават само на ова остварување. Целокупниот перформанс на овој состав бил позитивно оценет и тоа на овие момци им влеало самодоверба и храброст да го подигнат своето творештво на повисоко скалило.

По инструменталката со која започнува музичката понуда на албумот, следува интригантната „Set the World Afire“, првата песна што Дејв Мастејн ја напишал по неговата разделба со Металика. Една од песните на албумот е „In My Darkest Hour“ посветена на загинатиот басист на Metallica, Клиф Бартон. Како претпоследната нумера се наоѓа песната „Liar“, полна со навреди и низа обвинувања насочени кон поранешниот гитарист Крис Поланд, на кој му се приговара дека продавал опрема во сопственост на групата само за да купи што повеќе дрога и алкохол. Исто така на албумот се наоѓа преработката на песната од Sex Pistols, „Anarchy in the UK“. Својата турнеја со овој албум ја започнуваат како предгрупа на DIO, а потоа продолжуваат да свират како предгрупи на Iron Maiden, Halloween и Guns N' Roses. Нивната прва светска турнеја ја искористиле како можност за стекнување повеќе обожаватели надвор од САД и тоа воедно им било драгоцено искуство во понатамошната кариера.

Rust In Peace (1990-1991)

За овој албум почнала потрагата по нов гитарист. Меѓу пријавените бил и Дајмбег Дарел Абот од Пантера кој воедно и бил избран, но одбил да се придружи на бендот без својот брат, тапанарот Вини Пол Абот, па за нов гитарист бил доведен Марти Фридмен. Првично Мастејн одбивал да го прими Фридмен во бендот поради неговата фарбана коса, но подоцна се премислил и ја променил својата одлука. На тапани бил поставен Ник Менза, поради неговото познанство со водачот Мастејн. Со овој тим направен по вкус на вокалот и гитарист Мастејн, биле исполнети сите предуслови за врвно парче треш метал авантура.

Во март 1990 г. влегуваат во студио и го снимиле нивниот најпродаван албум дотогаш, а продуцентот Марк Клинк бил единствениот продуцент кој успешно продуцирал еден албум на Megadeth од почеток до крај, без да биде отпуштен. За време на студиските сесии, сите членови за првпат биле комплетно чисти и не консумирале никакви недозволени супстанции. За песните „Holy Wars… the Punishment Due“ и „Hangar 18“ биле снимени и видео спотови. Во септември 1990 г. бендот се придружил на турнеја со Slayer, Testament и Suicidal Tendencies. Пофалби за виртуозноста и беспрекорноста на крајниот производ доаѓале од сите страни, што бил еден од главните фактори оваа постава да се одржи подолго време заедно.Џон Стикс. "Кој го создаде треш металот?", 1990, Guitar for the Practicing Musician, reported by The Realms of Deth

Countdown to Extinction (1992-1993) Во јануари 1992 г. Дејв Мастејн повторно се сретнал со еден од аудио инженерите на албумот Rust In Peace, Макс Норман. Оваа нивна средба и разговор во четири очи биле решавачки за понатамошната кариера на групата. Имено, тогаш паднала одлука песните од наредниот албум да бидат пократки, поедноставни и наменети за пуштање во радио етерот. Countdown to Extinction бил сниман четири месеци и претставува најуспешното комерцијално исполнување на Мегадет. Албумот дебитирал на второто место на Билборд Хот 100 списокот на најпродавани албуми, највисоко за еден албум кој го носи логото на Мегадет. Брзо достигнал двоен платински тираж во САД, а на бендот му донел бројни номинации за разни признанија. Како најуспешни песни на топ листите од овој албум се нашле сингловите „Symphony of Destruction“, „Foreclosure of a Dream“ и „Sweating Bullets“.