Лувискиот е исчезнат јазик од анадолската група на индоевропските јазици. Лувискиот јазик е близок јазик на хетитскиот и бил еден од јазиците што биле зборувани од населението Арзава што живееле на запад и југозапад од Хетитското Царство. Во постари текстови се најдени записи каде што територијата на населението се нарекувала Лувија. Во подоцнежните векови регионот се нарекува Лидија. Лувискиот јазик е или потомок на ликискиот јазик или пак е близок јазик на ликискиот јазик. Исто така се смета дека јазикот бил зборуван во Троја заедно со тирхенскиот јазик. Јазикот бил зборуван на речиси цела територија на Хетитското Царство, но исто така се зборувал и во северна Сирија особено во градовите Милид и Карчемиш. Јазикот бил поделен на две форми според начинот на пишување и тоа: клинести лувиски јазик и хиероглифски лувиски јазик.
Категорија:Анадолски јазици Категорија:Мртви јазици во Азија Категорија:Клинесто писмо