Рок-музика — форма на популарна музика со проминентна вокална мелодија, придружена со гитара, тапани и бас-гитара. Многу стилови на рок-музиката користат и клавијатурни инструменти, како што се пијаното и синтисајзерите. Други инструменти кои поретко се искористени во рокот се саксофон, хармоника, виолина, флејта, тимпани и др. Рок-музиката има силно темпо и често се фокусира околу гитара, електрична или акустична.
Рок-музиката своите корени ги има во 1940-те и 1950-те форми на рокенролот, кој се развил од блуз, кантри-музиката и други влијанија. Во доцните 1960-ти, рок-музиката се соединила со фолк музиката за да создаде фолк рок, со блуз за да создаде блуз рок и со џез за џез-рок фузија. Во 1970-те, рокот примил влијанија од соул, фанк и латино музиката. Исто така, во 1970-те, рокот добил голем број на поджанрови, како што се софт-рок, хеви-метал, хард-рок, прогресивен рок и панк-рок. Поджанровите на рокот кои се појавиле во 1980-те вклучуваат синтпоп. хардкор-панк и алтернативен рок. Во 1990-те, нови рок поджанрови се гранџ, бритпоп, инди-рок и ну-метал.
Група на музичари специјализирани во рок-музика се нарекува рок-бенд или рок-група. Многу рок бендови се состојат од гитарист, пејач, бас гитарист и тапанар, формирајќи квартет. Некои групи користат пејач кој истовремено свири на инструмент додека пее, притоа формирајќи трио; други вклучуваат двајца или еден ритам гитарист и некој кој свири на клавијатура. Многу ретко, групите користат жичени инструменти како што се виолина или виолончело и/или дувачки, како саксофон, труба или тромбон.
Рок-музика
Рок-музиката претставува жанр на популарната музика која што била најактуелна во 1950-тите, кога се појавила современата форма на електрична гитара. Влече корени од рокенрол, ритам и блузот и кантри-музиката како и од фолклорната музика , џезот и класичната музика од 1940-тите и 1950-тите години. Звукот на рокот најчесто се создавал со гитара пропратена со ритамот на електронска бас гитара ,тапани и клавијатури како оргула, пијано или синтисајзер што се вовел во 1970-тите. Освен гитарата или клавијатурата, понекогаш, како соло инструменти се користеле и саксофонот или хармоника во блуз стил.
Во раните 1960-ти и 1970-ти години од рок-музиката произлегле и други поджанрови. Кога рок-музиката се споила со фолк музиката била создадена фолк-рок-музика, со блуз се создал блуз-рок, а со џез се создала џез-рок-музика. Во 1970-тите, рокот бил под влијание на сол, фанк и латионо музиката. Исто така, во овој период се создале голем број на поджанрови како што е софт-рок, глам-рок, хеви-метал, хард-рок, прогресивен-рок и панк–рок. Во групата на поджанрови на рокот, кои се појавиле во 1980-те години, спаѓале новиот бран на жесток панк како и алтернативниот рок. Во 1990-те години се појавувие и дуги поджанрови како гранџ, бритпоп, инди-рок и њу метал. Групата музичари кои изведуваат рок-музика се нарекуваат рок-бендови или рок-група. Скоро сите рок групи имаат гитарист на електронска гитара, пејач, бас гитарист и тапанар со што формираат квартет. Некои групи не имаат еден или повеќе од овие членови или пак пејачот свири на некаков инструмент додека пее со што се сметаат за дуо или трио. Други пак, имаат поголем број музичари како на пример еден или двајца ритам гитарисит или клавијарист. Многу ретко се случува некој од групата да свири на жичени инструменти како виолина и виолончело, дувачки инструменти како саксофон и дувачки инструменти како труби или тромбони. Зборот рок најчесто се користи како општ термин што ги опфаќа формите на поп, реге и сол музика,а понекогашдури некогаш и хип-хоп музиката.
Рокенрол
Основа на рок-музиката е рокенролот кој се појавил во САД во доцните 1940-ти и во 1950-ти години и за брзо време се прошири низ целиот свет. Рокенролот дирекно се создал со мешање на различни музички жанрови кои биле популарни во тоа време како што е ритамот и блузот,госпел музиката (црковна музика која ја изведуваат црнци) како и кантри и западната музика. Во 1951 година , диџејот Алан Фид (Alan Freed) од Кливленд ,Охајо започнал да свири ритам и блуз музика за луѓето од публиката кои биле од различни раси и се смета дека тој прв го употребил терминот ,,рокенрол’’ за да го опише тој тип на музика.Постојат големи расправии за тоа која е првата рокенрол снимка. Се смета дека тоа е ,, Rocket 88’’ на Џеки Бренстон и неговата група Делта Кетс (Delta Cats) (всушност Ајк Турнер и неговиот бенд Кингс оф ритам (The Kings of Rhythm). Во 1951 година, оваа песна ја снимил Сем Филипс од дискографската куќа Сан Рекордс. По четири години песната ,, Rock Around the Clock’’ на Бил Хејли од 1955 г. станала првата рокенрол песна која се нашла на врвот на списокот на списанието Билборд и со тоа ја широко ја отворила врата за новиот бран популарна музика. Списанието Ролинг стоун, во 2004 година, објави дека ,, That's All Right (Mama)", првата песна Елвис Присли снимена за Сан Рекордс од Мемфис во 1954 година е првата рокенрол снимка. Исто така се тврди дека, во тоа време песната на Биг Џои Турнер ,, Shake, Rattle & Roll’’ веќе била на врвот на Билборд R&B листата. Други изведувачи кои ги направиле првите рокенрол хитови се Чак Бери, Бо Дидли, Фетс Домино, Литл Ричард, Јери Ли Луис и Џен Винсент. За брзо време рокенролот станал најпопуларна музика која се снима во Америка и се појавиле изведувачи на љубовни песни како Еди Фишер , Пери Комо и Пету Пејџ кои доминирале во претходните декади на популарна музика и се пласиралена најзначајните поп листи.
Рокенролот се смета за основа на голем број други под жанрови вклучувајќи го рокабили , комбиниран рокенрол со ,,селската “ кантри-музика. Овој тип музика најмногу го изведувале и го снимале бели пејачи како Карл Перкинс , Џери Ли Луис , Бади Холи и ултрапопуларниот Елвис Присли во средината на 1950-тите години.Во овој период многу популарна станала електронската гитара , а исто така се развил и еден посебен стил на рокенрол што го изведувале музичари како Чак Бери, Линк Реј и Скоти Мур. Во Велика Британија , традиционалните џез и фолк движења донеле и визитинг-изведувачи на блуз музика. Песната на Лони Донеган ,, Rock Island Line" од 1955 година имала многу големо влијание и придонела за тоа да се развие тренд на скифл( комбинација на џез и фолк музика популара во 1950-тите год.) групи низ земјата од кои многу , вклучивајќи ја и The Quarrymen на Џон Ленон, продолжија да изведуваат рокерол. Како секогаш, критичарите первидувале пад на роенролот кон крајот на 1950-тите и раните 1960-ти години. Во 1959 година ,со погинувањето на Буди Холи , Големиот Танчер и Ричи Валенс во авионска несреќа, заминувањето на Елвис во војска,повлекувањето на Литл Ричард за да стане свештеник , прогонувањето на Џери Ли Луис и Чак Бери и избивањето на скандалот за поткуп ( каде што беа вмешани големи имиња како Алан Фред (Alan Freed) за мито и корупција за промовирање на сопствените изведби или песни) се сметало дека се ближи крајот на почетната ера на рокенролот.
,,Меѓу-периодот’’
Периодот на доцните 1950-ти и раните 1960-ти, времето помеѓу крајот на првичниот период на иновација и ,како што беше познато во САД, на ,, Британска Инвазија’’ , традиционално се сметал како ера на застој на рокенролот. Многу често голем број на автори ставаа акцент на важните иновации и трендови во овој период без кои идниот развој не би бил возможен. Рокенролот не исчезна на крајот на 1950-тите години и може да се каже дека една од неговите движечки сили претставива твистот кој се појави во раните 1960-ти години со појавувањето на Чаби Чекер (Chubby Checker).Со појавата на женски групи како Шантелс,Ширелс (Shirelles) и Кристалс се стави акцент на усогласувањето и чистата продукција која што била многу поразлична од таа на раниот рокенрол. Некои од најголемите хитови на женски групи биле дело на Брил Билдинг Саунд (Brill Building Sound),коишто го добиле името по блокот во Њујорк каде што се наоѓале многу композитори.Првиот хит на Ширeлс (Shirelles) ,, Will You Love Me Tomorrow’’ станал многу популарен во 1960 година,а го создале партнерите Гери Кофин и Карол Кинг. Првиот Британски рокенрол хит е песната ,, Move It’’ на Клиф Ричард која била компонирана во стилот на британскиот рок. На почетокот на 1960-те години , неговата група Шедоус (The Shadows) била најуспешната група според бројот на снимани инструменталки. Додека рокенролот се претворал во обична поп и баладична музика ,британските рок групи, кои биле под влијание на блуз-рок изведувачи како Алексис Корнер,почнаа интензивно да свират по клубовите, што не беше случај со белите американски изведувачи. Исто така многу важна била и појавата на соул музиката како најголема комерцијална сила. Овој тип на музика произлегла од ритамот и блузот со додавање на госпел и поп-музиката. Од средината на 1950-тите години, Рај Чалс и Сем Куки како и музичарите кои се појавиле во 1960-тите како Марвин Гај,Џејмс Браун, Арета Франклин , Куртис Мејфилд и Стиви Вондер изведувле ваков тип на музика со што доминирале на R&B топ листите ,додека пак Мотовн и Стакс/Волт Рекордс станаа водечки сили во индустријата за снимање.Сите овие елементи , вклучувајќи ги блиските хармонии на доо воп и женските групи , мајсторски напишаните песни на Брол Билдинг Саунд и вредностите на чистата продукција на соул музиката , имале големо влијание врз работата на Марсејбит (Merseybeat) ,а особено врз почетоците на групата Биталси,а преку нив и врз формата на подоцнежната рок-музика.
Сурф музика Инструменталниот рокенрол кој за првпат го изведувале изведувачи како Дани Еди (Duane Eddy), Линк Реј и Вентурите (The Ventures) го развил Дик Дејли кој додал различни ,,влажни’’засилувачи . Исто така се внеле и делови од средноевропски и мексикански стилови и врз основа на тоа настанал и регионалниот хит во 1961 година ,, Let's Go Trippin’’ . По примерот на Дали и неговиот бенд Дел-Тонес, во Јужна Калифирнија се формирале и бендовите како Бел-Арис (Bel-Airs), Чаленџерс (the Challengers)и Еди и Шоуменот(Eddie & the Showmen) . Во 1963 година ,песната ,,Pepelin’’ на групата Шантајс (Chantays) се нашла на врвот на списокот на национални хитови , а најверојатно најпопуларниот сурф хит, во 1965 година, била песната ,, Wipe Out’’ на Сурфарис (Surfaris). Со зголемувањето на популарноста на овој жанр,се појавиле и многу други групи. Меѓу нив и групата Астронаути од Боулдер- Колорадо, Трашмени од Минеаполис- Минесота кои во 1964 г.биле на 4 место на топ листите со песната ,, Surfin Bird’’ и Ривераси од Јужен Бенд - Индијана кои во 1964 г. се нашле на 5 место на топ листите со песната ,,California Sun’’. Групата Атлантис од Сиднеј -Австралија дале голем придонес за овјо жанр со нивниот хит ,, Bombora’’од 1963 г. Европските бендови во тоа време најмногу се насочувале кон рокенрол стилот кој го изведувала групата Шедоус (The Shadows).Групата Декотас (The Dakotas), кои беа британски придружен бенд на пејачот Били Џ. Крамер се сметала за сурф мексиканска заради песната ,, Cruel Sea’’ од 1963 г. Нивната работа, подоцна придонела за формифање на инструментални сурф бендови како на пример Вентурите (The Ventures).