Жените чекаат (шведски: Kvinnors väntan) е филм од 1952, во режија на Ингмар Бергман, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Анита Бјорк, Ева Далбек, Мај-Брит Нилсон, Гунар Бјернстранд итн. Директор на фотографијата е Гунар Фишер.

Сиже Филмот е дел од раното творештво на режисерот и претставува драма за врските на млади луѓе, раскажана од група на жени. Накратко, филмот претставува есеј за женската интима. Ракел, Марта и Карин минуваат извесно време во викендичка, чекајќи мажите да се вратат од работа. Времето го кратат разговарајќи за искуствата стекнати во бракот, но и надвор од него.

Надворешни врски Дата база на филмот

Категорија:Шведски филмови Категорија:Филмови од 1952 година Категорија:Филмови на шведски јазик Категорија:Филмови на Ингмар Бергман Категорија:Филмови со Гунар Бјернстранд Категорија:Филмови со Ева Далбек