right|thumb|250px|Бакарни ѓезвиња.

Ѓезве е лонче предвидено за варење на турско кафе. Има подолга рачка која овозможува заштита на рацете од огнот, додека работ е свиен за потурање на кафето при служење.

Ѓезвето може да биде направено од: бакар, железо (емајлирано), челик или од огноотпорно стакло.

Рачката може да биде од ист материјал како и садот, но може да биде и од дрво, бакелит или огноотпорна пластика.

Потекло на поимот Зборот „ѓезве“ е од турско потекло (тур. cezve), изведен од арапскиот збор за „жар“ (جَذْوَة, џезват), бидејќи лончето се ставало на него. page 8.

Отоманска Македонија Ѓезвето било еден од најчестите предмети застапени во кујните низ Македонија. Било изработувано од метал, од различни видови на метал, но најчесто се пронаоѓало бакарното ѓезве. Формите и декорациите варирале во зависност од казанџијата. Тоа има тркалезно рамно дно, формата на телото му е ѕвончеста, во долниот дел поизразено, а нагоре продолжува со благо стеснување. На горниот крај доаѓа до проширување на отворот, а на предниот дел од ѓезвето е направен нанапред свиткан „клун“ или устинка од која полесно истекува кафето. Долгата плоскава бакарна рачка, поставена со нагорна косина, е прицврстена со две чивии под грлото, на местото на кое почнува проширувањето на отворот.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 98, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Наводи

Поврзано Турско кафе Македонско кафе

Категорија:Кафе Категорија:Садови Категорија:Турцизми