Историјата на уметност се однесува на визуелната уметност која може да се дефинира како секоја активност или производ создадени од човекот во визуелна форма за естетски или комуникативни цели, изразувачки идеи, емоции или главно како поглед на светот. Низ времето уметноста е класифицирана на различни начини, од средновековното разликување помеѓу либерална уметност и механичка уметност, до современата разлика меѓу ликовна и применета уметност или многуте современи дефиниции кои ја дефинираат уметноста како манифестација на човечката креативност. Подоцнежното проширување на списокот на главна уметност во 20 век, достигна до 9- архитектура, танц, скулптура, музика, сликарство, поезија (што е опишана во голема мера како форма на литературата со естетска цел или функција која исто така вклучува различни жанрови на театар и расказ), филм, фотографија и стрипови. Во концептуалното преклопување на одностот меѓу ликовната и визуелната уметност беа додадени дизајнот и графичката уметност. Во прилог на старите форми на уметничкото изразување како модата и гастрономијата, нови начини на изразување кои се сметаат за уметност се видеото, компјутерската уметност, перформансите, рекламата, анимацијата, телевизијата и видео игрите.art history thumb|Создавањето на Адам (1508-1512, Микеланџело,Сикстинската Капела (Ватикан)
Историјата на уметноста е мултидисциплинарна наука, која бара објективно испитување на уметноста низ времето, ги класифицира културите, создава периодизации и ги набљудува специфичните и влијателни одлики на уметноста. Изучувањето на историјата на уметност првично е развиено во ренесансниот период, со својот ограничен опсег како уметничко производство на западната цивилизација. Меѓутоа како што поминува времето, се воведува поширок поглед на уметничка историја, барајќи сеопфатен преглед на сите цивилизации и анализа на уметничката продукција во смисла на сопствените културолошки вредности (културолошки релативизам), а не само западна историја на уметност. Денес уметноста располага со широка мрежа на изучување, распространетост и заштита на целото уметничко наследство на човештвото низ историјата. 20 век го доживеа зголемувањето на институции, фондации, музеи и галерии во обете јавни и приватни сектори, посветени на анализата и каталогизацијата на уметнички дела како и изложби наменети за мејнстрим публиката. Подемот на медиумите е од клучно значење во подобрувањето на науката и распространувањето на уметноста. Мегународните настани и изложби како што се Витни Биеналето и Венецијанското биенале и Саун Пауло или Документа во Касел, придонесоа за развојот на нови стилови и трендови. Наградите како Тарнер на Тејт галеријата, Волф Награда за Уметност, Прицкеровата Награда за архитектура, Пулицеровата на фотографија и Оскар на киното исто така го промовираат најдоброто творештво на меѓународно ниво. Институции како УНЕСКО, преку воспоставување на Списокот на Светско Наследство, исто така помагаат за зачувување на главните споменици на планетата.Why is art history important?
Праисторија thumb|Вилендорфската Венера Човечката уметност веројатно потекнува од почетокот на човечката еволутивна праисторија. Многу рано, во човечката еволуција од силите на природната селекција биле создадени неколку форми на аудио и визуелна уметност (ритмичко пеење и удирање на тапан на надворешни предмети, танцување и цртање на тело и лице) со цел да се постигне променета состојба на свест. Во оваа состојба на таканаречен борбен транс, хоминидите и раните луѓе ја губеле нивната поединечност и барале нов колективен идентитет, каде не чувствувале страв или болка и биле религиозно посветени на интересите на групата со целосно игнорирање на нивната поединечна сигурност и живот. Оваа состојба била потребна за да се одбранат раните хоминиди од грабливците и да се земе храната од агресивните мршојадци. Ритуалните активности коишто вклучувале тешка ритмичка музика, ритмичка вежба понекогаш придружени со танц и цртање на телото, биле општоприфатени во традиционалните култури пред лов или воени дејствија со цел да ги доведе до одредена изменета состојба на свест и да го подигне моралот кај учесниците. Првите материјални артефакти се пронајдени од каменото доба (доцен палеолит, мезолит и неолит), периоди кога се појавуваат првите демонстрации од страна на луѓето кои можат да се сметаат за уметност. За време на палеолитот (25 000-8000 п.н.е.) човекот го практикувал ловот и живеел во пештери, каде било развиено пештерското цртање. По периодот на транзиција (мезолит, 8000-6000 п.н.е.) во неолитот (6000-3000 п.н.е.)кога човекот станал седентарен и започнал со применување на земјоделството, а општествата станувале се покомплексни и религијата се позначајна, започнало производството на ракотворби. Конечно во бронзеното доба (3000-1000 п.н.е.) се појавуваат првите праисториски цивилизации.
Палеолит Првата уметничка манифестација во палеолитот се појавуваа во 25,000 п.н.е., достигнувајќи го својот врв во магдаленскиот период (+- 15,000-8000 п.н.е.). Првите траги на предмети создадени од човекот се појавуваат во јужниот дел на Африка, Западен Медитеран, Средна и Источна Европа (Јадранско Море), Сибир (Бајкалското Езеро), Индија и Австралија. Главно како преработен камен (кремен, опсидијан), дрво или коскени орудија. За да се наслика со црвена боја се користел железен оксид, за црна, манган оксид и за окер, глина. Преживеаната уметност од овој период се мали резби на камен или сликање на коски или во пештери, посебно од Франко-Кантабринската област; постојат слики со магично-религиски карактер и слики со натуралистичка смисла кои прикажуваат животни, особено во пештерите на Алтамира, Тројца Браќа, Шове и Ласко.Скулптурата е претставена преку т.н. украсни статуетки на Венера, женски статуетки кои веројатно се користеле во култови за плодност како што е Вилендорфската Венера. Други дела од овој период се Човекот од Брно и Венера од Брасемпој.
Неолит thumb|Пештерски цртеж од Ел Когул Овој период од приближно 8000 п.н.е. на Блискиот Исток- бил длабока промена за античкиот застојан човек, кој се ангажирал околу земјоделството и сточарството, па се развил нов период на социјален соживот и религија.Карпестата уметност од Пиринејскиот средоземен слив – што датира помеѓу мезолитот и неолитот- содржи мал, шематски човек и статуетки, со забележливи примери во Ел Когул, Валторта, Алпера и Минатеда. Овој вид на сликање е сличен и во северна Африка (Атлас, Сахара) и во областа на современиот Зимбабве. Неолитското цртање било шематско,сведено на основни потези (човек во форма на крст и жена во триаголен облик). Постојат подеднакво забележливи пештерски цртежи кај реката Пинтурас во Аргентина, посебно Пештера на рацете. Во преносната уметност се правело Кардиум грнчарство, украсено со отпечатоци на школки. Се правеле и нови материјали како килибар, кристал од карпа, кварц, јаспис итн. Во овој период се појавуваат првите траги употреба на урбанистички планиметар, истакнувајќи ги остатоците во Тел ас-Султан (Ерихон), Џармо (Ирак) и Каталоик (Анадолија).
Бронзено Доба Последната праисториска фаза е бронзеното доба, со употребата на елементи како бакарот, бронзата и железото што се покажале како голема материјална трансформација за овие антички општества. Во бакарната доба се појавил мегалитот, камени споменици односно долменот и менхирот или англискиот круг од исправени мегалити, како во прекрасниот комлекс на Стоунхенџ. Во Шпанија е формирана Лос Миларес културата, окарактеризирана преку Културата на Пехари и насликани човечки фигури со големи очи. Во Малта, забележливи се комплексите на храмови на Мнаџра, Тарксиен и Гантија. На Балеарските Острови се развиваат забележливи мегалитски култури, со различни типови на споменици: навета-гробница во облик на скратена пирамида со со издолжена одаја; таула- два големи камења, едниот поставен вертикално и другиот хоризонтално едно над друго; и талаиот- кула со покриена комора и лажна купола. Во времето на железното доба, Халштатската (Австрија) и Латенската култура (Швајцарија) ги одбележуваат значајните фази во Европа. Првата се развива помеѓу 7 и 5 век п.н.е. со некрополата со тумулски гробови и дрвена гробна одаја во форма на куќа,често придружени од количка со четири тркалца. Керамиката е со геометриски декорации и поставки од метални орнаменти. Латенот се развива помеѓу 5-ти и 4 век п.н.е. и е попознат како рана Келтска уметност.Се прават многу железни редмети како мечеви и копја кои не траеле многу, но бронзата продолжува да се користи за декорирање на штитови, фибули и други предмети во различни етапи во еволуцијата на стилот (Латен I,II и III). Начинот на декорирање потекнува од грчката, етрурската и скитската уметност. Доаѓањето на Римското Царство го доведува овој стил до својот крај на повеќето континенти.
Древна уметност thumb|Фибула од Митот за потопот од Епот за Гилгамеш Во првиот период на историјата, уметноста го открива пишувањето основано од страна на големите цивилизации на Блискиот Исток: Египет и Месопотамија. Овој период се разликува од другите бидејќи уметничките манифестации изникнуваат во секоја култура на сите континенти. Се појавуваат првите големи градови покрај главните големи реки: Нил, Тигар, Еуфрат, Инд и Жолта Река. Едно од големите достигнувања од ова време е пишувањето, причинето пред сè од потребата да се води евиденција од економска и комерцјална природа. Првиот пишан код е клинестото писмо скрипта од Месопотамија приближно 3500 г. п.н.е. напишано на глинени плочки. Се основа на пиктографски и идеографски елементи, додека подоцна Сумерите создаваат слогови за пишување, одразувајќки ја фонологијата и синтаксата на симерскиот јазик. Во Египер настананува хиероглифското писмо со првиот примерок Нармер Палета (3100 г. П.н.е.). Хебрејскиот јазик е еден од првите јазици кои го користат методот на пишување писмо (Абџад, околу 1800 г. П.н.е.) што поврзува единствен симбол за секоја фонема; од него произлегуваат грчкото писмо и латиницата.
Месопотамија thumb|Статуа Диорит, Музеј Лувр, Париз Месопотамската уметност се развила во областа помеѓу реките Тигар и Еуфрат (денешна Сирија и Ирак) каде од 4-от милениум п.н.е. постоеле многу различни култури како што се Сумер, Акад, Аморит, Шалдеја итн. Месопотамската архитектура се одликувала со употребата на тула, трегер и воведувањето на градежни елементи како лак и свод. Значајни се зигуратите – големи храмови во форма на терасовидна скалеста пирамида, од каде што практично нема оставено траги, освен нивнната основа. Гробницата обично била коридор со покриена комора и лажна купола како кај некои примероци најдени во Ур. Исто така имало палати, заѕидени со тераса во форма на зигурат, придавајќи им голема важност на градините (Висечките градини на Вавилон се едни од седумте чуда на античкиот свет). Вајарството се развивало преку резбање и релјеф и се користело за религиски, воени и ловечки сцени во вид на човечки и животински фигури без разлика на тоа дали тие биле вистински или митолошки. Во сумерската ера имало мали статуи со аголен облик со обоен камен, ќелава глава и со рацете на гради. Во акадската ера имало фигури со долга коса и брада, кои ја истакнувале стелата на Нарам-Син. Во аморитската ера (или неосумериска) забележливо е претставувањето на царот Гидеа од Лагаш со својата наметка и турбан на главата и рацете на градите. За време на Вавилонското владеење позната е стелата на Хамураби. Асирското вајарство е познато по својот антропоморфизам на добиток и крилест лош дух, кој е претставен како лета на многу релјефи прикажувајќи војна и ловечки сцени, како што е на Црниот Облелиск на Шалманесер III.