Дефското езеро е мало ледничко езеро едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа на северозападната страна на месноста Бел Камен на пространа длабодолинка 2.112 m надморска висина. Долго е околу 150, а широко е околу 100 метри. Вкупниот обем му изнесува 450m и има површина од 13.000 m²Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 53 . Езерото нема притоки, па затоа неговата акумулација ја создаваат атмосферските талози. Кога нема врнежи езерото пресушува и на неговото дно расте треваДушан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година. Поточно, тоа се две езера наречени Горно, кое е помало и повеќе пресушува и Долно кое е поголемо, на северозападното подножје под врвот Мала Враца недаелку од изворите на реката Радика.
Галерија
Наводи
Категорија:Шарпланински езера