мини|десно|200п|Биста|Мермерна биста на Тибериј Тибериј (; целосно име: Тибериј (Јулиј) Цезар Август; вистинското име му е: Тибериј Клудиј Нерон) (роден на 16 ноември 42 г. п.н.е.; умрел на 16 март 37 н.е. во Капри, во близината на Неапол) - Вториот римски цар (14-37 г. н.е.). Бил одгледан од Август, кој се оженил за неговата мајка Ливија Друсила. За време на своето прво командување со војската на возраст од 22 години, Тибериј успеал да ги поврати римските легионарни стандарди, кои претходно биле загубени со децении во Партија, а му било возвратено со акламација здобивајќи голема популарност.Бунтевска, 2005. стр. 166
Тибериј бил принуден да се откаже од својата сакана жена и да се ожени со Јулија, ќерката на август (12 г. п.н.е.). Иако станал трибун, заминал во самонаметнатиот егзил на Родос (6 г. п.н.е. станувајќи разгневен аскет. До 4 г. п.н.е., Јулија била протерана поради неверството со Август, кој повторно го повикал Тибериј именувајќи го за свој наследник.
Како цар, Тибериј почнал да ја води државата ефикасно, притоа воведувајќи некои реформи проследени само со повремена ригорозност, како што било протерувањето на римската еврејска популација само врз основа на изговор. Кога неговиот син Друс умрел на мистериозен начин, решил да му ја даде довербата на Сејан и бил убеден да се пресели во Капри (22 г.н.е.). Тибериј станал изразено насилен убивајќи и спроведувајќи тортура од каприц. Откако Сејан станал проконзул во 31 г.н.е., Тибериј станал сомничав во врска со неговите амбиции и наредил негово погубување, потоа именувајќи го Калигула за свој наследник. Во 37 г.н.е., Преторијанската гарда ја декларирала својата поддршка за Калигула, убивајќи го Тибериј додека лежел болен в постела.
Наводи
Извори Бунтевска Сузана, 2005: Енциклопедија Британика: С-Ф - Скопје:Топер. ISBN 9989-165-14-9
Категорија:Евреите и јудаизмот во Римското Царство Категорија:Конзули на Римското Царство Категорија:Јулијанско-клаудиска династија Категорија:Починати во 37 година Категорија:Римски цареви од 1 век Категорија:Личности од Новиот завет Категорија:Луѓе од Рим Категорија:Римјани од 1 век п.н.е.