Летните олимписки игри одржани во Сент Луис во 1904 година биле 3-те модерни олимписки игри. Игрите се одржале од 1 јули до 23 ноември на тогашниот стадион Френсис Филд.
За домаќин на игрите бил избран градот Чикаго, меѓутоа поради трговската изложба во Луизијана и неможноста за организирање на 2 големи настани за кратк временски периодм, игрите биле одржани во Сент Луис. Со тоа се согласил и Пјер де Кубертен и за град-домаќин бил избран градот Сент Луис.
На овие Олимписки игри била повторена грешката од игрите во Париз 4 години пред тоа. Впрочем натпреварувачите се натпреварувале и во многу невообичаени дисциплини и прикази од културата.
Игрите биле отворени на 1 јули,а тоа го сторил Дејвид Френсис.
Игрите траеле 4.5 месеци. Спортскиот официјалец Џејмс Едвард Саливен се обидел да организира секојдневни спортски настани коишто биле помешани со други спортски настани. Саливен сите спортски настани ги нарекол „олимписки“. Подоцна Меѓународниот олимписки комитет декларирал дека од нив 94 биле олимписки.
На овие Летни олимписки игри учествувале 651 спортист (645 мажи и 6 жени) од 12 земји кои се натпреварувале на 91 настан во 16 спортови.
Спортови
Натпреварувачите на 3-те Летни олимписки игри се одржале во 18 дисциплини во 16 спортови.
Скокови во вода Пливање Ватерполо Стреличарство Атлетика Бокс Велосипедизам Мечлување Голф Гимнастика Вкрстување Рок Веслање Тенис Влечење со јаже Подигање тегови Борење
Фудбал како демонстративен спорт Кошарка како демонстративен спорт
Учесници
thumb|240px|Учесници- зелена- учесници коишто претходно учествувале, сино- учесници коишто учествуваат за првпат На 3-те Летни олимписки игри учествувале 651 спортист од 12 земји.
Австралија (2) Австрија (2) Канада (52) Куба (3) Франција (1) Германија (17) Велика Британија (3) Грција (14) Унгарија (4) Јужноафриканска Република (8) Швајцарија (1) САД (523)
Освоени медали
Речиси 80% од натпреварувачите на Летните олимписки игри - 1904 во Сент Луис биле од земјата- домаќин, па и игрите завршиле со нивна доминација. Резултатите коишто биле постигнати биле многу послаби од оние 4 години пред тоа.
Наводи
Надвпрешни врски
Меѓународен олимписки комитет Сент Луис 1904 Олимписки игри 1904, Чарлс Ј. П. Лукас Атлетички алманах за 1905 Олимписки игри 1904 Сент Луис at Бескорисни информации Натпреварување во антрополошките денови