Девојките Гилмор (Gilmore girls) е американска телевизиска серија создадена од Ејми Шерман – Паладино, со Лорен Грем и Алексис Бледел во главните улоги. Серијата оригинално се емитуваше на каналот Ворнер Брос од 5 октомври 2000 година до 15 мај 2007, комплетирајќи седум сезони.
Девојките Гилмор е приказна за самохраната мајка Лорелај Гилмор и нејзината ќерка Рори, кои живеат во фиктивниот град Старс Холоу во Конектикат. Во серијата се обработуваат семејни и пријателски теми, како и генерациски јаз и социјални класи. Дијалозите во серијата имаат многу брзо темпо. Во нив често се спомнуваат детали од поп-културата, политиката и високата класа, кои најдобро се манифестираат со тешкиот однос на Лорелај и нејзините родители, кои се од висока класа.
Надворешни врски
Official Официјална страна на Каналот Ворнер Брос Official Gilmore Girls Страна на каналот ЕјБиСи Фемили
Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2000 година Категорија:Телевизиски серии на Warner Bros. Television