Георги Сотиров Дукимов ( во , Серско, Егејскиот дел на Македонија — во , Пиринскиот дел на Македонија) — еден од најистакнатите припадници на македонското национално движење и маченик за македонската национална кауза во комунистичка Бугарија.
Животопис Неговото семејство се населило во градот Неврокоп, каде што завршил средно училиште. Во 1947 година, тој бил осуден на осум години и шест месеци затвор за приклучување кон македонска група која се спротивставувала на комунистичкото решение на македонското прашање. Животот го поминал во градот Неврокоп и по бугарските затвори.
Тој и неговата група, позната како „Групата на Дукимов“, биле уапсени на 13 октомври 1947 г. во Неврокопско, како што објавил весникот „Пиринско Дело“. Иако постоеле активни групи кои му служеле на Ванчо Михајлов и агитирале на терен против македонската идеја, „Групата на Дукимов“ отворено ја поддржувала Македонија и себеси си се изјаснувале за Македонци. Ова етикетирање од страна на бугарската власт вопшто не било вистински приказ на состојбата на теренот и на активните групи кои работеле за македонските идеи и права.
Во неговата група, повеќето членови како и тој самиот имале потекло од Егејскиот дел на Македонија, па од таму тие агитирале за една засебна независна обединета Македонија во нејзините етнички граници, а со тоа не ја поддржувале идејата Пиринска Македонија да биде припоена кон Југославија, а да биде изоставен Егејскиот дел на Македонија.
Дукимов е еден од основачите на ОМО „Илинден“.
Спомени и мисли Напишал спомени под називот „Една идеја един живот“.
Ќе останат неговите искажувања: „По убедување биди што сакаш, на својот бог се моли ти, но никогаш немој да забраваш, дека син на Македонија си ти.“
„Кога кажувам дека сум Македонец, значи постојам, се останато е предавство или смрт! ... Вековните маки на македонскиот народ се коват не само во Софија, Атина и Белград, туку и во Европа. За нас бугарскиот шовинизам, којшто сака да ја заграби Македонија духовно и физички, е враг број еден!“
Наводи
Надворешни врски „ЕДНА ИДЕЈА ЕДИН ЖИВОТ“ Славата, митот и крвта на ВМРО (21) „Една идеја един живот“ (2)
Категорија:Македонски борци Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Луѓе од Горно Броди Категорија:Македонски активисти