Јубилејните 20-ти Летни олимписки игри се одржале во Минхен во 1972 година. Градот Минхен за град-домаќин на игрите бил избран на 26 април 1966 година на 64-тата сесија на МОК во Рим. Останати кандидати биле Детроит, Мадрид и Монтреал.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1972 Град ЗемјаПрв кругВтор кругМинхен 20px Западна Германија2931Мадрид 20px Шпанија1616Монтреал 20px Канада613Детроит 20px САД6- 300px|мини|Поглед кон олимискиот стадион во Минхен Игрите биле втори коишто се одржале во Германија по Летните олимписки игри - 1936 во Берлин. Но, овие игри имале за цел да го покажат демократското општество, оптимизмот и задоволството на германскиот народ. Игрите уште биле наречени „Среќните игри“. Амблемот на игрите бил сончев круг составен од светлосини цртички, а бил наречен „Светлото сонце“. Игрите биле први во историјата коишто имале и маскота за свое обележје. Маскота било кучето наречено „Валди“. На игрите биле промовирани и нови симболи од страна на Отл Ајхер. Но, и покрај големата посветеност и желбата за зближување и другарување на спортистите од целиот свет, на 5 септември група од 8 Палестинци влегла во Олимпиското село и убиле 11 израелски спортисти по што целата израелска олимписка делегација ги напуштила игрите. Овој немил настан во историјата е познат како Минхенскиот масакар.
Ретроспектива
Марк Шпиц поставил светски рекорд во пливање и освоил 7 златни медали. Со тоа станал спортистот којшто освоил најмногу златни медали на едни Олимписки игри. По него, тоа никој не успеал да го постигне. Со двете злата од Град Мексико 4 години пред тоа, Марк Шпиц освоил вкупно 9 златни медали на Олимписките игри. Бидејќи бил Евреин, Шпиц морал да го напушти Минхен пред церемонијата на свеченото затворање на игрите поради можноста и тој да биде жртва на Минхенскиот масакар. Олга Корбут станала вистинска медиумска ѕвезда освојувајќи златен медал во гимнастика во екипен повеќебој, но пропуштајќи голема шанса да победи и во поединечниот повеќебој. По нејзиниот пад, златото го освоила Људмила Туришчева. Сепак, Олга освоила уште два златни медали, на греда и партер. Во финалето на Олимпискиот турнир во кошарка Советскиот Сојуз ги победил САД со што ја прекинал серијата на победи којашто траела без прекин уште од воведувањето на кошарката во Олимписката програма на Летните олимписки игри - 1936. При рзеултат од 49-48, Даг Колинс од САД на 3 секунди до крајот ги реализирал двете слободни фрлања за водство на својот тим од 50-49. Но, при изведувањето на второто слободно фрлање сирената се огласила. На семафорот стоело 0:01, но всушност имало учте 3 секунди игра за кои се бунеле и кошаркарите од СССР. Според официјални извори, сирената се огласила поради тајмаутот којшто го побарале СССР. Часовникот требал да се врати за 3 секунди, но на семафорот стоело 0:50, па кошаркарите на САД започнале да слават. Но дека времето треба да се врати, протестирал и генералниот секретар на ФИБА Ренато Вилијам Џонс од Велика Британија. Времето било вратено, а Сергеј Белов ја фрлил топката од кош на кош. Неа ја прифатил Александар Белов којшто ги постигнал победничките бодови. САД се жалеле до ФИБА, но нивната жалба била одбиена со резултат 3-2 (ја прифатиле Италија и Порторико, а ја одбиле Унгарија, Полска и Куба). Кошаркарите на САД во знак на протест не излегле да бидат одликувани со сребрените медали. СССР сосема заслужено ги победиле самобендисаните американски кошаркари со 51-50. Ласе Вирен од Финска победил во трките на 5.000 и 10.000m со пад на двојно подолгата делница. Истото го повторил и на Летните олимписки игри - 1976 одржани во Монтреал. Валери Борзов победил во трките на 100 и 200m победувајќи ги во трката на 100m фаворизираните американски атлетичари Реј Робинсон и Еди Харт. Борзов е единствениот атлетичар од Советскиот Сојуз којшто освоил злато на најкратката атлетска делница на Олимписките игри. Двајца црномурести американски атлетичари на 400m, Винсент Метју и Вејн Колет се шегувале на свечената церемонија на доделување на медалите, а ја исмејувале и химната на САД по што биле доживотно дисквалификувани, слично како и нивните сонародници Томи Смит и Џон Карлос на игрите 4 години пред тоа. Дејв Вотл го изненадил Јевгени Аржонов и победил во трката на 800m. Големиот успех му го донел прекарот „Главниот Вотл“. Австралијанската пливачка Шејн Голд освоила 3 златни медали, 1 сребрен и 1 бронзен со само 15 години. Спортовите ракомет и стреличарство се вратиле во Олимписката програма на овие игри. Во спортот кано за првпат била воведена слалом трка. Ден Гебл освоил злато во борење, а при тоа без неговите противници да освојат бодови. Вим Руска станал првиот спортист којшто освоил 2 златни медали во џудо. За првпат Олимписката заклетва била дадена од претставник од судиите. Американецот Франк Шортер победил во маратонот во својот град (е роден во Минхен). Во последните 400m од маратонот германскиот студент Норберт Зудхаус облечен во дрес се појавил прв на стадионот и првпоминал низ целта и сите започнале да прославуваат сè додека не било утврдено од официјалните лица дека тој се шегува. И Шортер со големе чудење го здогледал студентот Зудхаус пред себе. На 11 септември бил ураден авион во Штутгарт и се појавиле гласини дека се подготвува терористички чин за церемонијата на затворање на Олимписките игри и дека е можно на Олимпискиот стадион да е поставена бомба. Затоа бил информиран и германскиот канцелар Вили Брант кој веднаш му наложил на министерот за одбрана Георг Лебер да го пронајдат украдениот авион на радар и ако е можно дури и да го уништат само што е можно подалеку од Минхен. Најпрвин авионот не се појавил на радар, но потоа бил пронајден еден авион за којшто било утврдено дека е цивилен. Украдениот авион никогаш не бил пронајден. Бадминтон и скијање по вода биле демонстративни спортови.
Спортови
Стреличарство Атлетика Кошарка Бокс Кано Велосипедизам Скокови во вода Коњички спортови Мечување Фудбал Гимнастика Кошарка Хокеј на трева Џудо Современ петобој Веслање Едрење Стрелаштво Пливање Одбојка Ватерполо Подигање тегови Борење
Демонстративни спортови
Бадминтон Скијање по вода
Земји-учеснички
thumb|240px|Со сина боја се обележани земјите коишто дебитираат на Олимписките игри
Авганистан Албанија Алжир Аргентина Австралија Австрија Бахами Барбадос Белгија Бермуда Боливија Бразил Британски Хондурас Бугарија Бурма Камбоџа Камерун Канада Цејлон Чад Чиле Колумбија Конго Костарика Брег на Слоновата Коска Куба Чехословачка Дахомеј Данска Доминиканска Република Еквадор Египет Ел Салвадор Етиопија Фиџи Финска Франција Габон Источна Германија Западна Германија Гана Велика Британија Грција Гватемала Хаити Гвајана Хонгконг Унгарија Исланд Индија Индонезија Иран Ирак Ирска Израел Италија Јамајка Јапонија Кенија Јужна Кореја Северна Кореја Кувајт Либан Лесото Либерија Лихтенштајн Луксембург Мадагаскар Малави Малезија Мали Малта Мексико Монако Монголија Мароко Непал Холандија Холандски Антили Нов Зеланд Никарагва Нигер Нигерија Норвешка Пакистан Панама Парагвај Перу Филипини Полска Португалија Порторико Романија Сан Марино Саудиска Арабија Сенегал Сингапур Сомалија Советски Сојуз Шпанија Судан Суринам Свазиланд Шведска Швајцарија Сирија Република Кина (Тајван) Танзанија Тајланд Того Тринидад и Тобаго Тунис Турција Уганда САД Уругвај Горна Волта Венецуела Виетнам Девствени Острови СФРЈ Замбија
Освојувачи на медали
1 20px СССР 502722992 20px САД 333130943 20px Источна Германија 202323664 20px Западна Германија (домаќин) 131116405 20px Јапонија 1388296 20px Австралија 872177 20px Полска 759218 20px Унгарија 61316359 Бугарија 61052110 20px Италија 531018 Наводи
Надворешни врски
IOC Site on 1972 Summer Olympics http://www.munich11.com/ Web site tribute to the Israeli Olympic Athletes who were held hostage and murdered at the 1972 Munich Olympics