Фудбалски клуб Реал Мадрид (), попознат и како Реал Мадрид и Los Blancos (Белите) — професионален фудбалски шпански тим од Мадрид. Клубот е основан во 1902 година и игра во Шпанската Премиера. Тој е најуспешниот шпански клуб, со 35 национални шампионски титули, деветнаесет пати бил освојувач на Кралскиот куп (Копа дел Реј) и рекордни 15 пати победувал во Лигата на шампиони. Реал Мадрид е еден од основачите на Г-14, која претставува група од 14 водечки екипи во Европа.

Клубот своите домашни натпревари ги игра на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид. На 23 декември 2000 година, ФИФА го наградила кралскиот тим со наградата “Најдобар клуб во 20 век“. Реал Мадрид е најуспешниот тим во сите натпреварувања организирани од УЕФА, со освоени 10 титули во Лигата или Купот на Шампионите и две во Купот на УЕФА.

Реал Мадрид е најголем и најуспешен фудбалски тим во светот според истражувањето на Универзитетот Харвард спроведено во 2007 година. Исто така е еден од најбогатите во светот.

Историја

Фудбалот беше запознаен со Мадрид преку професорите и студентите од Факултетот Либре де Енсењанза и неколку апсолвенти од Оксфорд Тие го основаат клубот Фудбал Скај во 1895 година играјќи саботата наутро во Монклоа. Клубот се дели на два клуба Њу фудбал де Мадрид и Клуб Еспањол де Мадрид. Претседател на подоцнежниот клуб е Хулио Палакиос. Подоцнежниот клуб се дели повторно во 1902 година и резултира со создавањето на Сосиедад Мадрид ФК. Прв претседател беше Хуан Падрос Рубио, прв секретар беше Мануел Мендио, а прв сопственик беше Хосе де Горостизага. Хуан Падрос Рубио ќе биде подоцна заменет од неговиот брат Карлос Падрос од Шпанија. После три години од основањето, во 1905, Реал Мадрид ја освои својата прва титула во Естадио Чамартин. Тимот ја освои првата од четирите последователни Копа дел Реј титули (во ова време единствениот куп во Шпанија). Во 1912 година, тимот се сели во Кампо де Одонел после преселувањето на повеќе мали стадиони. Во 1920 година името на тимот се менува во ФК Реал Мадрид, откако Кралот му ја дава на тимот Титулата Реал(Ројал)

Сантјаго Бернабеу Јесте станува претседател во 1945 година Под негово председаваштво, клубот, стадионот Сантјаго Бернабеу и Суидад Депортиво се обновија од Шпанската Граѓанска Војна. Почнувајќи од 1953 тој вложи многу пари во страдегијата за купување на играчи од светска класа од странство, најважн беше купувањето на Алфредо ди Стефано правејќи го првиот мултинационале.

Во 1955 година работејќи на една идеја предложена од еден француски новинар и уредувач на Л’Екип Габриел Ханот и градејќи го Копа Латина(натпреварување помеѓу тимовите од Италија,Шпанија,Португалија и Франција) Бернабеу се среќава во Амбасадор Хотел во Париз со Бедригнан и Густав Себес и го создава она што денессе нарекуваЛига на Шампиони. Тоа беше под водство на Бернабеу, а Реал Мадрид стана главна силаво Шпанскиот и Европкиот фудбал. Овој клуб го освои Купот на пет пати во низа помеѓу 1956 и 1960, вклучувајќи го и незаборавното финале на Хампден Парк во финалето на Купот на Шампиони 1961 освојуваќи го со победа над Ајнтрахт Франкфурт со 7-3. Со оваа победа го освои петпати со ред Купот на Шампиони и заслужено го доби УЕФА орден за слава; Page 4, §2.01 "Cup" & Page 26, §16.10 "Title-holder logo" Реал Мадрид го освојува Европскиот Куп по шести пат во 1966 година победувајќи го во финалето Партизан со 2-1, со тимови составени од единствено од играчи родени во заемјата од каде што потекнува тимот за кој играле - првпат во историјата на ова натпреварување. Исто така беше и вице-првак на Европа во 1962,1964 и 1981. Тимот исто така го освои УЕФА Купот двапати и трипати бил вице-првак во Купот на Победниците на Куповите.

Во раните 80-ти Реал Мадрид ја изгуби власта врз титулата на Ла Лига сè додека една група од домашни ѕвезди, позната како ЛА Квинта де Боитре која почна да доминира во Шпанскиот фудбал Името Ортаци на грабливците доаѓаше од прекарот кој му беше даден на еден од членовите, Емилио Бутрагоењо. Отсанатите четири членови беа : Маноло Санчиз Хонтијело, Рафаел Мартин Васкес, Хосе Мигел Гонсалес Мартин-Мичел и Мигел Пардеза. Со Ла Квинта де Боитре( Сега со четири члена кога Пардеза замина во Сарагоса во 1986) имаше најдобар состав во Шпанија и во Европа, а во втората половина на 80-тите освои два УЕФА Купа и 5 титули во Ла лига во низа

Васкес замина во 1990 во Торино, во 1992 направи враќање во Реал Мадрид, но потоа во 1995 замина во Депортиво ла Коруња. Во 1995 и 1996 Бутрагуењо и Мичел го напуштија клубот и заминаја во Атлетико Сајела, Мексико. Во 1996 предтседателот Лорецо Санз го назначи Фабио Капело за тренер.. Тој беше тренер само една сезона, во кој тој беше шампион, за во клубот пристигна засилувања добри исто колку што Реал ги имаше тогаш: Раул Гонсалес, Фернандо Хиеро и Фернандо Редондо. Засилувањата за таа сезона беа: Роберто Карлос да Силва, Предраг Мијатовиќ, Давор Шукер и Кларенс Сидорф. Како резултат Реал Мадрид(со засилувањето Фернандо Мориентес кој дојде во 1997), конечно заврши 32-годишно чекање на седмата титула во Лигата или Купот на Шампиони, победувајќи го Јувентус во финалето со 1-0 со голот на Предраг Мијатович.

Во 2000 Флорентино Перес беше новоназначениот претседател на тимот и се заколна дека ќе го избрише клупскиот долг и ќе го модернизира клупските простории, како и да е Перес вети дека ќе се движат кон победа со потпишувањето договор со Луис Фиго. На 16 јули Перес ги доби изборите. Клубот контроверзно го премести стадионот за тренинг и користеше пари за да ги собере познатите Галактикос играчи, како што беа:Зинедин Зидан, Роналдо, Роберто Карлос да Силва, Луис Фиго, Раул Гонсалес и Дејвид Бекам. То беше сомнително, но во секој случај плаќаше за да ги освои Лига на шампиони 2002 и Ла лига во сезоната 2002/03, потоа клубот неуспешно се обидуваше да ја осви Ла лига наредните три години.

Рамон Калдерон беше избран за нов претседател на клубот на 2 јули [, кој дополнително го назначи Фабио Капело за нов тренер на клубот и Предраг Мијатовиќ за нов спортски директор. Реал Мадрид ја освои сезоната 2006/07 за првпат по четири години . Сепак и покрај освојувањето на Ла Лига, Капело ја напушти функцијата тренер на Реал Мадрид еден месец подоцна, во јуни 2007, за на негово место дојде Германецот Бернд Шустер.

Реал Мадрид во сезоната 2007/08 ја освои по 31ви пат ја освои Ла Лига и по осумнаесет години ја освои двапати со ред. Исто така Реал Мадрид постави нов Ла Лига рекорд освојуваќи 85 бода.

Химни

Реал Мадрид моментално има две химни

„Химна на Реал Мадрид“

Оваа песна е официјаната химна на Реал Мадрид Податотека:Real Madrid Hymn.ogg „Химна на Реал Мадрид“ текст De las glorias deportivas, que campean por España

va el Madrid con su bandera, limpia y blanca que no empaña.

Club castizo y generoso, todo nervio y corazón,

veteranos y noveles, veteranos y noveles,

miran siempre sus laureles con respeto y emoción.

¡Hala Madrid!, ¡Hala Madrid!

Noble y bélico adalid, caballero del honor.

¡Hala Madrid!, ¡Hala Madrid!

A triunfar en buena lid, defendiendo tu color

¡Hala Madrid!, ¡Hala Madrid!, ¡Hala Madrid!

Enemigo en la contienda, cuando pierde da la mano

sin envidias ni rencores, como bueno y fiel hermano.

Los domingos por la tarde, caminando a Chamartín,

las mocitas madrileñas, las mocitas madrileñas

van alegres y risueñas porque hoy juega su Madrid

¡Hala Madrid!, ¡Hala Madrid!

Noble y bélico adalid, caballero del honor.

¡Hala Madrid!, ¡Hala Madrid!

A triunfar en buena lid, defendiendo tu color

¡Hala Madrid!, ¡Hala Madrid!, ¡Hala Madrid!

„Химна за Стогодишнината“

За клупската стогодишнина која се беше во 2002 година беше составена нова химна. Автор на музиката и на текстот беше Шпанскиот композитор Хосе Кано. Таа беше изведувана од шпанскиот тенор Пласидо Доминго. „Химна за Стогодишнината“ ја заменува претходната химна, па се размисува да биде официјана химна на Реал Мадрид. Ова е химна која може да се слушни кога фудбалерите се облечени во бели дресови излегуваќи на теренот на Сантјаго Бернабеу. Додека се снимаше новата химна, Пласидо вклучи 82 музиканти. Податотека:Real Madrid Hymn2.ogg "Химна за стогодишнината" текст Hala Madrid!

¡Hala Madrid!

Campo de estrellas

Donde crecí

¡Hala Madrid!

Juegas en verso

Que sepa el universo

Cómo juega el Madrid

Sale el Madrid a luchar

Sale el Madrid a ganar

¡Hala Madrid!

¡Hala Madrid!

Грб thumb|150px|left|Првиот грб на Реал Мадрид thumb|150px|right|Клупскиот грб 1941-2001

Првиот грб на Реал Мадрид бил со едноставен дизајн. То се состоеше од декоративно поставените три иницијали “MCF“ од Мадрид Фудбалски клуб (Madrid Club de Futbol) со темносина боја на бел дрес. Првата измена во грбот беше направена во 1908, кога на буквите им е дадена повеќе аеродиманичност и биле ставени во круг.. Следната измена не беше направена сè до 1920 година кога кралот Алфонсо XIII, давајќи му на клубот ројална заштита, а со тоа давајќи му титула Реал, грубо Ројал, додека претседател беше Педро Парагес . Тогаш беше додадена и круната на кралот Алфонсо и клубот сега се нарекуваше Реал Мадрид фудбалски клуб (Real Madrid Club de Futbol). Монархијата во 1931 година донесе одлука да се избришат сите знаци додадени од кралот, а со тоа и круната од кралот, а додека титулата Реал беше отстранета од името година подоцна. На нејзино место беше додадена темната дудинка на бандите од регионот Кастиља. Во 1941, две години после завршувањето на Шпанската граѓанска војна „Круната на Реал Мадрид“("Real Corona" или "Royal Crown" ) беше повторно вратена на грбот на тимот, а дудинската лента од бандите беше оставена на знакот сметајќи се како добар. Во додавањето, боите беа изменети и грбот беше во повеќе бои,а додека златната беше посебно истакната. А клубот повторно беше наречен Реал Мадрид Фудбалски Клуб.

Најголемото модернизирање на боите беше направено во 2001, кога клубот побара подобра позиција за себеси во 21от век. и стандардизирање на грбот. Една од најголемите промени беше промената на бандитсата лента со заматена сенка (See 2001: Un Escudo para el Siglo XXI)

Дрес

Реал Мадрид секогаш носи бел дрес со бели шорцеви, иако во почетокот имало и сина коса линија на дресот (дизајнот бил зачуавн од клупскиот грб, но за разлика отсега се носеле темносини чорапи. Дресот со линија бил заменет со целосно бел дрес, кој бил направен после носењето на дресот од Коринтиан во 1902.Дресот на Реал Мадрид во 1905 година еше целосно бел, па навивачите ги наркоја Los Blancos (Белите) Во истата година сините чорапи биле заменети со црни. Во раните 40ти тренерот извршил промена на дресот со додавање копчиња и клупскиот грб на левата страна ( што се нема случено никогаш поред тоа ). На 23 ноември 1947, на натпревариот против Атлетико Мадрид, Реал стана првиот шпански тим кој носел дрес со бројки.

Традиционалниот гостински дрес на Реал е целосно црн или целосно виолетов. Производител на моменатлниот дрес на Реал е Адидас со кој има склучено договор уште од 1998.<ref> Наводи

Надворешни врски Realmadrid.com Официјаен мрежно место на клубот Real Madrid, Canal Oficial Официјален Youtube канал на Реал Мадрид Real Madrid Club de Fútbol на официјалното мрежно место на Премиера (Ла лига) Real Madrid CF на официјалната страна на УЕФА Real Madrid news од Марка Real Madrid news од АС Real Madrid news од Скај Спорт

Реал Мадрид Категорија:Реал Мадрид Реал Мадрид Реал Мадрид