Дунсијанскиот, исто така познат како санта (东乡语), е монголски јазик кој се зборува во Кина, во покраината Гансу, од народот Дунсијани.

Фонологија Јазикот нема самогласна хармонија ниту пак должина на самогласки.

Граматика Заедничко со останатите монголски јазици е тоа што дунсијанскиот има зборовен редослед од подмет-предмет-прирок. Се забележува и промена на зборовниот редослед во подмет-прирок-предмет како влијание од кинескиот.

Писмо Познавањето на арапскиот јазик меѓу народот е застапено на повисоко ниво и поради тоа често тие користат арапско писмо и за својот јазик. Официјално писмо за јазикот е латиницата, кое се заснова на латиницата која се користи за монгорскиот јазик, но сепак е во експериментална фаза.

Примери македонскикласичен монголскидунсијански1еденNigenNiy2дваQoyarGhua3триGhurbanGhuran4четириDorbenJierang5петTabunTawun6шестJirghughanJirghun7седумDologhanDolon8осумNaimanNaiman9деветYisunYysun10десетArbanHaron

Наводи

Литература

Дополнителни информации

Надворешни врски Дунсијаните и нивниот јазик

Категорија:Монголски јазици Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Кина