thumb|300px|right|Тетовскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

thumb|250px|right|Оглас испишан на тетовски, но со латинично писмо Тетовски дијалектБожидар Видоевски (Дијалектите, том1, 1998: стр.149-162 ) овој дијалект го нарекува исклучиво Тетовски (не Долнополошки). (познат и како: долнополошки; месно познат како: тетосќи) — дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Тетовскиот дијалект се зборува во тетовската околина, поточно во градот Тетово, општина Брвеница и општина Јегуновце (без селата Вратница, Беловиште, Старо Село и Рогачево кои го говорат вратничкиот дијалект). Дијалектот е сличен со горанскиот дијалект, а негова главна одлика е зачестената употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење на -е како множинска наставка.

Фонолошки одлики старото самогласно л е заменето со групите у/ лу/ ла: јаболко > јабука , солза > слăза; употреба на самогласката а наместо е: трева > трава ; употреба на ă наместо јерот: лаже > лăже ; употреба на у наместо црковномакедонското ОН: пат > путС. Бојковска, Д. Пандев, Л. Минова-Ѓуркова, Ж. Цветковски. „Македонски јазик за средното образование“. Просветно дело. Скопје, 2001. стр. 252.

Морфолошки одлики

употреба на наставката -мо за прво лице множина: одиме > идемо непчаното Ј пред буквата Е на почеток на збор: јазик > језик согласната група мн е заменета со согласната група мл: многу > млогу употреба на предлогот у: во град > у град

Наводи

Надворешни врски Аудио материјал од говорот од с. Челопек, Долнни Полог од колекцијата на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ Книга на Дарко Гавровски: „Тетовскиот Говор“ - ISBN 978-608-245-615-7

Категорија:Македонски дијалекти Категорија:Торлачки дијалекти