Лагуна Лачуа (шпански: Laguna Lachuá) е карсно езеро сместено во Гватемала. Сместено е во средината на национален парк кој покрива тропска дождовна шума, северозападно од Кобан, во близина на границата помеѓу департманите Алта Верапаз и Ел Квиче. Поради кружниот облик се смета дека езерото е сеноте. Езерската вода е високо сулфурна, што го објаснува и самото име на езерото: "Lachuá" кое според мајанскоит кекчи јазик "li chu há" значи "смрдлива вода". Водата содржи високо ниво на калцит.

Национален парк Во 1976 површината од 145 km2 околу езерото () била прогласена за национален парк.

Наводи

Надворешни врски Ecoregión Lachuá Laguna Lachua "Lachuá: el paraíso en la otra esquina". Article in ElPeriódico de Guatemala

Категорија:Езера во Гватемала Категорија:Карсни езера Категорија:МСЗП-Категорија II