Стојна Вангеловска ― југословенска/македонска поранешна кошаркарка и економист. Таа освоила сребрен медал на Летните олимписки игри во 1988 Сеул како член на Кошаркарската репрезентација на СФРЈ. Таа има настапувано за: Студент, Партизан, Јежице, Панатинаикос и Тиквеш Флорида како играч, и ги има предводено Младинец, Профитнес, Студент, Кимико и Женската кошаркарска репрезентација на Македонија како тренер. Таа е единствената Македонка носител на летен олимписки медал.

Образование Завршила на Економски факултет во Сараево и Вишата тренерска школа во Белград.

Кошаркарска кариера Играчка клупска кариера Таа играла за Студент од Скопје, белградски Партизан, Јежица од Љубљана, Панатинаикос и кавадаречки Тиквеш Флорида. Со Тиквеш освоила повеќе првенствени и куп титули.

Играчка репрезентативна кариера За кадетска и младинската репрезентација на Југославија, Вангеловска одиграла 50 службени натпревари.

Таа била член на југословенската репрезентација од периодот 1980-1990, одигрувајќи 250 натпревари, и пет години била нејзин капитен.

Таа освоила девет медали на Балканските првенства, три медали на Европски првенства, три на светските, два медали на Универзијадите, и еден медал на Олимписките игри.

Признанија Најдобар спортист на Македонија за 1985 година . Наводи

Категорија:Македонски кошаркарки Категорија:Македонски олимпијци Категорија:Македонски економисти Категорија:Родени во 1964 година