thumb|Head office of Czech Airlines Czech Airlines j.s.c. (чешки: České aerolinie, a.s., македонски изговор: чех ерлајнс), е чешка национална авиокомпанија која е заснована на аеродромот во Прага. Оперира на 69 одредишта во 41 земја, вклучувајќи ги сите европски метрополи, а исто така и извесни одредишта на Блискиот Исток и Северна Америка. Во 2006. година превезе околу 5 и пол милиони патници. Авиокомпанијата е член на SkyTeam алијансата.
Историја Czech Airlines е формирана на 6 октомври 1923 година, од страна на чехословачката влада. Дваесет и три дена подоцна првиот комерцијален лет помеѓу Прага и Братислава е воспоставен. Оперирала со домашни летови с до 1930 година кога првиот меѓународен лет до Загреб беше воспоставен. По германската окупација на Чехословачка во 1939, развојот на авиокомпанијата беше стопиран. Во февруари 1948 година, Комунистичката партија се враќа на власт во Чехословачка. Со доаѓањето на власт, тогашната власт прекинува неколку западно европски одредишта, а исто така ја заменува флотата со авиони, па така наместо западно Европски и Американски авиони, во употреба влегуваат Советски авиони. Во 1957 година, Czech Airlines влегува во историјата како втора компанија која започнува да употребува авиони на млазен погон, со добивањето на авион од типот Туполев Ту-104А. Првиот прекуокеански лет беше остварен на 3 февруари 1962 година со летот до Хавана, Куба, користејќи Бристол Британија авион. Овој авион беше заменет со Иљјушин ИЛ-18Д при крајот на 60-тите години од минатиот век, а исто така беа воведени и нови прекуокеански одредишта до Њујорк и Монтреал. Во 90-тите години од минатиот век, најголемиот дел од советските авиони беа заменети со авиони од западноевропските земји, како Боинг 737, Ербас А310, Ербас А320, како и ATR воздухоплови за кратки релации.
thumb|right|Полетување на Boeing 737-400 во новите бои на Czech Airlines
Одредишта
Погледни опширно: Одредишта на Czech Airlines.
thumb|right|ČSA Tupolev Tu-104, 1958 thumb|Czech Airlines Ербас A320 thumb|Неколку авиони на Czech Airlines на аеродромот во Прага
Флота
+ Czech Airlines ФлотаАвионВкупноПатници (Бизнис/Економска)ОдредиштаЗабелешкиЕрбас A319-1009 (6 orders)135Одредишта на средни должини Европа и Блискиот ИстокЕрбас A320-2008162Одредишта на средни должини Европа и Блискиот ИстокЕрбас A321-2002212Одредишта на средни должини Чартер Летовина услуги од: HOLIDAYS Czech AirlinesАТР 42-500746Кратки одредишта Средна ЕвропаАТР 72-200264Кратки одредишта Средна ЕвропаЌе биде заменет со: АТР72-500Боинг 737-4002144 162Кратки и средни одредишта Европа, Чартер Летовина услуги од: HOLIDAYS Czech AirlinesБоинг 737-5008108Кратки и средни одредишта ЕвропаЌе биде заменет со: A319
Категорија:Авиопревозници од Чешка Категорија:Авиопревозници од Европа