Тревите () се фамилија на монокотиледонски растенија опфатени со научното име Poaceae или поранешното Gramineae. Ова е голема група на скриеносемени растенија кои се многу важни од економски и еколошки аспект. Фамилијата брои околу 635 родови и 9.000 видови, правејќи ја четвртата најголема фамилија на растенија, по Fabaceae, Orchidaceae и Asteraceae.

Сите житарици припаѓаат на оваа фамилија. Најпознати култивирани растенија се оризот, пченицата, пченката и јачменот. Од шеќерната трска се добива најголемиот дел од светското производство на шеќер, додека од бамбусот се добиваат важни градежни материјали, а се користи и за производство на хартија и храна. Тревите се примарниот извор на храна за човекот, домашните и дивите животни.

Тревите се најшироко распространетите цветни растенија, кои можат да се сретнат од Арктикот, преку умерените и тропските региони, па до Антарктикот. При тоа, тревите се единствените цветни растенија што растат на Антарктикот. Овие растенија се најчести во отворените станишта, како што се прериите, тундрите, степите и саваните, но ги има и во шумите (особено во тропските области). Одделни видови се водни растенија, а некои се среќаваат и во пустините.

Морфолошки особености

Тревите варираат во големината од тропските џиновски бамбуси (високи и повеќе од 100 m), до едногодишните ливадски треви високи само неколку сантиметри. Некои претставници немаат сабјести листови, но доколку постојат, тие можат да достигнат должина од 5 m.

Тревите се многу униформни по својата основна вегетативна структура, така што претставниците делат повеќе особености. Корењата се најчесто фиброзни, а постојат и дополнителни (адвентивни) корења, што може јасно да се забележи кај пченката. Стеблата се најчесто тревести (ливадски треви) или шупливи (бамбус), но постојат и исклучоци, како што се исполнетите со паренхим стебла на пченката или дрвенестите стебла на некои бамбуси.

Листовите се развиваат од нодиумите (членчињата) на стеблото и се поредени во два реда. Се состојат од долга и тесна ламина (лиска), како и од листен ракавец кој го обвива стебленцето. Лисниот ракавец дава потпора на регионот над нодиумот, бидејќи тој е изграден од меко ткиво наречено творно ткиво (меристем), чии клетки се делат и така растението расте во височина (за разлика од повеќето други растенија кои се елонгираат при врвот на стеблата и листовите). Значи, иако се пресече врвот на листот од тревата, тој повторно ќе биде во можност да расте, што е мошне значајно при косењето на тревата. Друга значајна особина на тревите е присуството на јазиче (ligula), што претставува кратка влакнеста или мембранозна проекција на точката каде лисниот ракавец се спојува со лисната ламина. Функцијата на лигулата сѐ уште не е позната, но се верува дека таа спречува навлегување на влага во регионот помеѓу лиската и стеблото.

Цветови thumb|лево|150px|Шема на градба на класчињата кај тревите: 1. Глуми; 2: Лема; 3: Врвен дел на листот; 4: Палеа; 5: Лодикули; 6: Андрецеум (прашници); 7: Гинецеум (плодник). Цветовите на тревите се неугледни и/или незабележливи, но тие најчесто се групираат во големи соцветија. На пример, кочанот кај пченката е всушност женското соцветие, додека метличката е машкото соцветие (пченката е еднодомно растение). Повеќето треви се опрашуваат со помош на ветрот (анемофилно), така што нивните цветови се силно редуцирани и многу прости и со невпечатливи бои (за разлика од растенијата кои се опрашуваат со помош на инсекти, кои се впечатливо обоени за да го привлечат самиот инсект).

Секој поединечен цвет на тревите е со мала големина и кај него отсуствува околуцветник или перигон (чашкини и венечни ливчиња). Наместо тоа, тој поседува две ситни лушпи наречени lodiculi кои се наоѓаат во неговата основа. Над лодикулите се развиваат по 3 прашника (или 6 кај оризот). Единствениот плодник е натцветен и со две пердувести устенца. Тој созрева во одделен, едносеменски плод наречен кариопсис (caryopsis), кој се одликува со тоа што при неговото образување, семето се соединува со ѕидот на јајчникот (плодникот).

Цветовите кај тревите се групирани во мали класчиња. Секое класче се состои од оска наречена rachilla околу која се образуваат поединечните цветови. Секој цвет е затворен со две лушпести прицветници означени како lemma (надворешен прицветник) и palea (внатрешен прицветник). Во основата на рахилата се наоѓаат две лушпи наречени glumae (еднина gluma) кои се празни (не содржат цветови). Палеата е најчесто нежна и мембранозна, за разлика од глумите и лемите кои се груби по конзистенција. Постојат големи разновидности во деталната градба на цветовите на тревите, што е причина за големиот број на видови.

Систематика

Преглед на систематиката на PoaceaeGrass Phylogeny Working Group, Nigel P. Barker, Lynn G. Clark, Jerrold I. Davis, Melvin R. Duvall, Gerald F. Guala, Catherine Hsiao, Elizabeth A. Kellogg, H. Peter Linder: Phylogeny and Subfamilial Classification of the Grasses (Poaceae). Annals of the Missouri Botanical Garden, 2001, Vol. 88, No. 3 (Summer, 2001), pp. 373–457 Потсемејство Anomochlooideae – со две племиња и еден род: Племе Anomochloeae Anomochloa Племе Streptochaeteae Streptochaeta Потсемејство Pharoideae – со едно племе и еден род со еден или два вида:: Племе Phareae Pharus Потсемејство Puelioideae – со две племиња и еден род со 14 видови: Племе Puelieae: Puelia Племе Guaduelleae: Guaduella

 BEB-клад (разгранок)

Потсемејство Bambus (Bambusoideae) – овие треви имаат три лодикули и шест прашници. Вклучува две племиња и 98 родови со 1200 видови: Племе Olyreae Племе Bambuseae: Bambusa ≈ 120 видови Chusquea ≈ 120 видови Fargesia Guadua Phyllostachys Потсемејство Ehrhartoideae (= Oryzoideae) – имаат три лодикули и шест прашници. Вклучува четири племиња со 19 родови во кои се распоредени околу 120 видови: Племе Ehrharteae – со четири родови. Племе Phyllorachideae – со два родови. Племе Streptogyneae – со еден род. Племе Oryzeae: Ориза (Oryza) ≈ 20 вида Зизанија Zizania – 4 вида Leersia ≈ 17 вида Chikusichloa – 3 вида Hygroryza – 1 вид Luziola ≈ 11 вида Zizaniopsis ≈ 5 вида Porteresia – 1 вид Rhynchoryza – 1 вид Maltebrunia – 5 вида Prosphytochloa – 1 вид Potamophila – 1 вид Потсемејство Pooideae – со 15 племиња и 202 рода со околу 3300 вида: Племе Ampelodesmeae Племе Aveneae Agrostis ≈ 220 вида Ammophila – 3 вида Alopecurus ≈ 25 вида Arrhenatherum – 6 вида Avena ≈ 25 вида Calamagrostis ≈ 230 вида Deschampsia ≈ 50 вида Helictotrichon ≈ 50 вида Holcus Phalaris ≈ 15 вида Phleum Племе Brachyelytreae Племе Brachypodieae Племе Bromeae Bromus ≈ 100 вида Племе Brylkinieae Племе Diarrheneae Племе Hainardieae Племе Lygeeae Племе Meliceae Glyceria ≈ 15 вида Puccinellia Melica ≈ 75 вида Племе Nardeae Nardus Племе Phaenospermatideae Племе Poeae Briza ≈ 20 вида Dactylis Festuca ≈ 470 вида Lolium – 8 вида Poa ≈ 200 вида Sesleria – 30–35 вида Племе Stipeae Stipa ≈ 300 вида Племе Triticeae Elymus ≈ 150 вида Јачмен (Hordeum) ≈ 30 вида Leymus – 40 вида Пченица (Triticum) ’Рж (Secale)

 PACC-клад (разгранок) Потсемејство Aristidoideae – со едно племе и три рода со ≈ 350 вида: Племе Aristideae: Aristida ≈ 330 вида Потсемејство Danthonioideae – со едно племе и 26 рода со ≈ 250 вида: Племе Danthonieae Cortaderia ≈ 20 вида Пампасова трева (C. selloana) Danthonia ≈ 100 вида Потсемејство Arundinoideae – со едно племе и 14 рода и 36 или 38 вида: Племе Arundineae Phragmites – со два или три вида: Луле-трева (Molinia) – 2 или 5 вида Arundo Потсемејство Chloridoideae – со пет племиња и 145 рода со ≈ 1400 вида: Племе Cynodonteae Astrebla Bouteloua Buchloe Cynodon – 8 вида Spartina ≈ 14 вида Племе Eragrostideae Eleusine Eragrostis ≈ 300 вида Muhlenbergia ≈ 160 вида Sporobolus ≈ 160 вида Племе Leptureae Parapholis ≈ 6 вида Племе Orcuttieae Племе Pappophoreae Потсемејство Centothecoideae – со две племиња и 13 рода со ≈ 45 вида: Племе Centotheceae Centotheca Племе Thysanolaeneae Потсемејство Panicoideae – со седум племиња и 216 рода со околу 3270 вида: Племе Andropogoneae Andropogon ≈ 100 вида Chrysopogon Ветивер (Chrysopogon zizanioides) Coix – 5 вида Cymbopogon ≈ 50 вида Лимонова трева (C. citratus) Saccharum ≈ 35 вида Шеќерна трска (S. officinarum) Сирак (Sorghum) Zea Племе Arundinelleae Племе Gynerieae Племе Hubbardieae Племе Isachneae Племе Paniceae Digitaria Echinochloa Panicum ≈ 500 вида Paspalum ≈ 330 вида Pennisetum ≈ 80 вида Setaria ≈ 150 вида Setaria viridis Zygochloa, монотипна Племе Steyermarkochloeae Племиња кои не се класифицирани во потсемејства: Племе Eriachneae – со два рода: Eriachne Pheidochloa Племе Micraireae – со еден род: Micraira

Тревата како мотив во книжевноста „Трева во сонот и на јавето“ (српски: Trava u snu i na javi) — песна на српскиот поет Милан Дединац.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 254-255. „Песната на тревата“ (српски: Pesma trave) — песна на српскиот поет Стеван Раичковиќ.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 313. Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 18. „Трева“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 47. „Трева“ — песна на Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 217.

Галерија

Наводи

Категорија:Монокотиледони Категорија:Степи Категорија:Животни облици на растенијата