Куна (ISO 4217: HRK, симб. kn; бројчен код: 191) — државна валута на Хрватска од 30 мај 1994 до 31 декември 2022 г. Името потекнува од истоименото животно, бидејќи куната имала значајна употреба во средновековието на територијата на Хрватска.

Хрватските банкноти се воведени за првпат во 1941 во следните вредности: 10, 50, 100, 500 и 1000 куни. Банкнотите биле печатени во Германија. Исто така, банкнотите биле користени и од партизанските движења.

Второто поколение на куни биле воведени во 1994 година, после транзиционен период кога југословенскиот динар бил заменет со хрватскиот динар. Тогаш една куна била еднаква на 1000 динари. Куната е поделена на 100 липи, именувани според истоименото растение. Изборот на името било доста контраверзно за голем број на граѓани.

Хрватска ја заменила куната со еврото на 31 декември 2022 г. како дел од нејзината интеграција во еврозоната.

Надворешни врски Katalog suvremenog hrvatskog novca

Наводи

Категорија:Валути Категорија:Европски валути Категорија:Хрватска Категорија:Валути заменети со еврото Категорија:Поранешни валути Категорија:Престаноци во 2023 година