Дба (Германски: dba Luftfahrtgesellschaft mbH) — ниско буџетна авионска компанија со седиште во Минхен, Германија. Оперирала на одредишта низ Европа и Северна Африка. Главна база е аеродромот во Минхен. Во 2006 година, била откупена од страна на Air Berlin, но продолжи да лета под истото име Dba. Компанијата завршила со своите операции во 2008 година.
Историја Авиокомпанијата беше основана во март 1992 година. Беше основана од British Airways, која откупи 49% од управувачкиот пакет од претходниот сопственик, Delta Air, регионална авиокомпанија со седиште во Фридрихсхафен. Во април 1997, по либерализацијата на Европскиот пазар, British Airways го откупи и преостанатиот дел од акциите во компанијата. По трансформацијата на British Airways во 2000 година, започнаа големи промени внатре во корпорацијата. Првите индикатори укажуваа на тоа дека Дба имаше огромни загуби кои на годишно ниво достигаа некаде до 15 милиони фунти. Во мај 2003 година, British Airways објави планови за продажба на Дба за цена од 1 евро. Исто така, British Airways се согласи да инвестира 25 милиони фунти, како и да ја гарантира флотата на авиокомпанијата од 17 Боинг 737 авиони. Во фискалната година која завршува на 31 март 2005 година, Дба го објави првиот профит на годишно ниво по 1992 година, профит помеѓу 1 и 2 милиони евра. На 6 септември 2006 година, Германската федерална канцеларија го потврди откупувањето на 100% од управувачкиот пакет во компанијата од страна на Air Berlin.
Флота
+ Дба Флотаhttp://www.airliners.net, photos of Deutsche BA aircraft Авион Број737-300 14737-500 1737-700 (10 нарачки)737-800 (25 нарачки)Fokker 100 14
Наводи
Надворешни врски dba dba Fleet
Категорија:Авиопревозници од Европа Категорија:Авиопревозници од Германија