Хедер Локлир е американска глумица родена на 25 септември 1961.

Кратка биографија Хедер Локлир има четири постари сестри, а татко ѝ бил декан на универзитетот UCLA во Лос Анџелес.

Започнала да студира психологија на UCLA но, уште како „бруцош“ ја убедиле да посетува часови за глума и по неколку снимени ТВ спота решила да ги напушти студиите и да почне да глуми.

Првиот значаен момент во нејзината глумечка кариера се случува во 1982 година, кога ја добива улогата на Семи Џо (Саманта Џонсон), во тогаш многу популарната серија „Династија“ (Dynasty).

Согледувајќи го нејзиниот телевизиски потенцијал, продуцентот Арон Спелинг и понудил улога во серијата „Мелроуз плејс“ (Melrose Place), во период кога серијата го губела рејтингот. Нејзиното појавување многукратно ја зголемува гледаноста и и го враќа на серијата стариот рејтинг.

За нејзината улога во оваа серија, четирипати била номинирана за наградата Најдобра ТВ глумица.

По завршувањето на снимањето на „Мелроуз плејс“, добива покана да настапува во „Лудиот град“ (Spin City), каде уште еднаш покажува дека е вистинска ТВ ѕвезда.

Била мажена за рокерот Томи Ли, од кого се развела во 1992 година.

Во 1994 се омажила за рок-гитаристот Ричи Самбора, од следечката група на Џон Бон Џови. Со Ричи Самбора ја имаат ќерката Ава Елизабет, која е родена во 1997 година.

Надворешни врски

Heather Locklear on upcoming series of movies on Lifetime based on best-selling books by Nora Roberts.

Категорија:Американски глумци Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Родени во септември Категорија:Родени на 25 септември Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Лос Анџелес) Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски филмски глумци