thumb|right|200px|Кредитна картичка, вообичаена форма на кредит. Кредитот (англиски: credit, loan) претставува приватно-правен акт со кој еден стопански субјект (најчесто, банка) му позајмува на друг стопански субјект определени реални економски добра или пари, за определено време, и со право да си ги врати подоцна со определен надомeст (камата). Кредитот e економско-правен однос помеѓу две физички или правни лица, од кои, едното е должник, а другото е доверител.

Поим и функции на кредитот Зборот кредит етимолошки потекнува од латинскиот збор „credo“ што значи „верувам“, односно од зборот „credere“ што значи „доверба“. Етимолошкото значење на зборот кредит ја истакнува довербата како важен елемент во засновањето на кредитен однос.Алекса Стаменковски, Банкарски маркетинг, Скопје: Европски универзитет, 2007. Но, елементот на довербата во кредитните односи треба да се сфати по поширока смисла на зборот, бидејќи довербата се однесува на правото на можност за наплата, на стабилноста на вредноста на парите и слично.

Кредитот претставува трансакција која вклучува пренос на пари или друга сопственост со ветување за отплата, обично на некоја фиксна идна дата. Оној кој го врши трансферот станува кредитор, а другата страна станува должник. На сличен начин, кредитот може да се дефинира и како доброволно и договорно отстапување на куповната сила на едно лице (наречено доверител, кредитор или лице кое што верува) на друго лице (наречено должник, дебитор или лице на кое му се верува) при симултано настанување на обврска на должникот во некој иден рок да го врати позајмениот износ. Од банкарска гледна точка, за кредитна банкарска работа се смета онаа работа кога банката дава на заем одредена сума пари, а должникот се обврзува таа сума да ја врати во договорениот рок и да плати одреден надомест во вид на камата. Значи, основната одлика на кредитот е неговата повратност.Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење. Скопје, 2009, стр. 362.

Кредитот често се дефинира како економско-правен однос помеѓу две физички или правни лица од кои едното е должник, а другото е доверител. Тоа значи дека кај кредитот постои кредитен однос меѓу два субјекта: кредитор или доверител и должник или корисник на кредитот. Во овој контекст, карактеристични се два периода или фази низ кои поминува кредитот: период или фаза на користење на кредитот период или фаза на отплата на кредитот.

Фазата на користење означува дека, по одобрување на кредитот, износот е префрлен на корисникот и тој може да ги користи одобрените средства за определена намена. Во овој период, корисникот е должен да плаќа интеркаларна камата до денот на ставање на кредитот во отплата. Фазата на отплата означува дека, во доспеаниот рок, корисникот започнува да го отплаќа кредитот, заедно со определена редовна камата.

За банките, кредитите претставуваат најзначајна група средства во билансот на состојбата, со учество од над 50% во вкупните средства. Истовремено, кредитите се основен извор на приходи за банките, бидејќи нето-каматните приходи учествуваат со 50%-60% во вкупните редовни приходи. Според тоа, приходите што банките ги остваруваат од кредитите (камата, провизии и други надоместоци) имаат пресудно влијание врз нивната профитабилност. Значењето на кредитите произлегува и оттаму што тие се поврзани и со приливи на депозити, а освен тоа, тие повлекуваат и продажба на други банкарски услуги.Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 85.

Но, кредитирањето се јавува како основен извор на ризици за банките. Во таа смисла, искуството покажува дека банките најчесто пропаѓаат поради лошиот квалитет на кредитите, што пак, може да биде последица на повеќе фактори, како: отсуство на здрави кредитни политики и процедури, лошо управување со кредитниот ризик, неповолни надворешни настани итн. Ниту една банка не може целосно да го отстрани кредитниот ризик, но сепак, таа не смее да си дозволи прекумерно влошување на кредитното портфолио зашто тоа може да предизвика несакани последици за нејзиниот опстанок. Оттука, банкарските супервизори вршат внимателна проверка и оцена на кредитното портфолио на секоја банка, а исто така, банките имаат обврска да издвојат соодветна резерва за покривање на можните загуби на кредитите.

Кредитите што ги одобрува секоја банка, во основа, се определени од општата стратегија, како и од филозофијата на нејзиното раководство. Во таа смисла, некои банки претежно се насочени кон кредитирање на претпријатијата и други крупни клиенти. Тоа се однесува на банките кои се занимаваат со банкарство на големо. Од друга страна, некои банки го насочуваат вниманието на одобрувањето мали кредити на населението и малите претпријатија. Исто така, некои банки се одликуваат со конзервативна филозофија, односно кредитираат само квалитетни, нискоризични клиенти. Други банки пак, применуваат агресивен пристап во кредитирањето, т.е. се впуштаат во поризично кредитирање за да остварат повисок принос.Горан Петревски, Управување со банките- второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 86.

Видови кредити Во теоријата на кредитот и кредитните односи се среќаваат повеќе видови на кредити. Во зависност од тоа, дали доверители во банкарскиот однос се банкарски или небанкарски институции, се разликуваат: банкарски и небанкарски кредити. Во зависност од тоа, дали доверителот е јавна институција или приватна институција, разликуваат: јавни и приватни кредити. Исто така, се разликуваат домашни и надворешни кредити, во зависност од тоа дали доверителите во кредитниот однос се економски субјекти од национална економија или надвор од неа. Најпосле, од аспект на корисниците, постојат кредити на населението и кредити на претпријатијата.

Од аспект на тоа какви услови постојат при отплатата на кредити, односно на кој начин се отплатуваат кредитите, се разликуваат: кредити што се враќаат еднократно во определен и рок во полн износ; кредити што се отплатуваат во неколку однапред договорени износи; кредити што се отплатуваат годишно или полугодишно и тоа во еднакви ануитети (отплата и камата).

Кај кредитот со опаѓачки ануитети (sinking-fund amortization), во секој период, должникот плаќа однапред определен дел од главнината и камата на преостанатиот дел од долгот. На тој начин, висината на ануитетот се намалува во секој следен временски период. Притоа, во почетните периоди, должникот плаќа камата на целиот износ на долгот, поради што е голем и износот на ануитетот. Но, со текот на времето, како што се отплаќа главнината на долгот, така се намалува и износот на платената камата, со што опаѓа целиот ануитет.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 102.

Кај кредитот со еднакви ануитети (level amortization), висината на ануитетот е еднаква во секој временски период. Притоа, во почетните периоди, најголемо учесто во структурата на ануитетот има износот на каматата, додека со текот на времето овој дел се намалува, а расте учеството на отплатата на главнината на долгот.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 103.

Најпосле, постојат кредити со еднократна отплата (balloon payment), каде во текот на траењето на кредитниот однос, должникот ја плаќа само каматата во определени временски интервали (месечно, квартално, полугодично, годишно), а на крајот од рокот на достасување ја отплаќа главнината на кредитот.

Од аспект на должината на времето за кое што се даваат, односно од аспект на рочноста, кредитите можат да бидат:Зоран Ивановски, Кредитен менаџмент, Скопје: Економски форум, 2009. краткорочни кредити, кои се даваат до една, односно две години, среднорочни кредити, што се одобруваат на време од две до десет години, долгорочни кредити, чијшто рок на користење е над десет години.

Краткорочни кредити

Краткорочните кредити се одобруваат за задоволување на потребите од обртни средства.Љиљана Конеска, Банкарски сметководствен систем, Скопје: Европски универзитет, 2006. Постојат следните видови краткорочни кредити: есконтен кредит контокорентен кредит (кредити на тековна сметки) ломбарден кредит акцептен кредит рамбурсен кредит.

Среднорочни кредити Среднорочните кредити најчесто се одобруваат за потрошувачки цели или за градежни работи. Типично среднорочен кредит е т.н. градежен кредит кој банката го одобрува на градежни претпријатија поради изградба на станови наменети за продажба. Рокот на траење е најдолго до три години и обично по извршувањето на објектот се рефинансира со хипотекарен кредит.

Долгорочни кредити

Долгорочните кредити се одобруваат во повеќе видови, според намената на кредитот. Најчесто се одобруваат инвестициони кредити, станбени кредити, хипотекарни кредити, комерцијални и други долгорочни кредити. Кредитите за инвестициони вложувања, исто така, се од долгорочен тип на кредити. Исплатата се врши на основа на документацијата која ги потврдува извршените вложувања. На одобрениот кредит се пресметува камата, се утврдува висината на ануитетот и кредитот се става во отплата. Кредитот еднократно се користи и потоа се враќа. Долгорочните кредити банката ги дава со рок на отплата подолг од една година, затоа што овие кредити се земаат за финансирање на набавка и изградба на трајни производни и потрошни добра, како и за набавка на трајни обртни средства. Што се однесува до каматата, кај инвестиционите кредити се пресметува: Интеркаларна камата (која се пресметува и наплатата од денот на одобрување (и користење) на кредитот до денот на отпочнување на отплатата. Редовна камата која се пресметува (годишно или полугодишно) и се пресметува и отплатува за времетраењето на отплатата на инвестициониот кредит.

Процес на кредитирање Администрањето на кредитите во банкaтa се извршува од страна на вработените во заднинската служба (back-office), кое е посебно одделение и во целост независно работи од продажната служба (front-office). Согласно големината и обемот на активности, банката може да примени централизиран или децентрализиран модел за донесување одлуки за одобрување кредити:Vunjak N., Kovačević Lj. (2002), Poslovno bankarstvo. Bečej, стр. 22-28. Кај централизираниот модел се формира посебно тело наречено кредитен одбор чија задача е да донесува одлуки за одобрување кредити, гаранции, пласмани на банкарски средства во рамки на границите утврдени со кредитната политика. Кај децентрализираниот модел, банката определува граници и делегира овластувања на понискиот менаџмент за одобрување кредити во помали износи, со цел постигнување брз и ефикасен процес на донесување кредитни одлуки.

Кредитниот процес се одвива во неколку фази:Stojanovic, G. (2007), Interni modeli za merenje kreditnog rizika, CID, Beograd, стр. 117. Прием и евидентирање на кредитната апликација (барање за кредит) Проверка и обработка на апликацијата-барањето Изготвување на реферат и дефинирање предлог одлука Донесување одлука од надлежниот орган на банката Реализација т.е склучување договор за кредит Користење на средствата од кредитот Отплата и мониторинг на кредитите

Кредитирањето во Македонија