Аеродромот во Софија (IATA: SOF, ICAO: LBSF) () е најголемиот аеродром во Бугарија. Во 2011 година биле опслужени околу 3,47 милиони патници или 5,4% повеќе од 2010 година.

Историја Аеродромот најпрво бил изграден во доцните 1930-ти години, на оддалеченост од околу 6,3 километри од центарот на Софија. За време на Втората светска војна, аеродромот бил користен од страна на армијата. Цивилниот сообраќај започнал во 1947 година. Терминалот 1 бил изграден за време на втората светска војна, во манир на модерен европски аеродром од тоа време од архитектот Иван Марангозов. Структурата на терминалот се состои од владино крило на западната страна од терминалот, делот за меѓународни летови е на средината, а делот за летови во границите на Бугарија е во источното крило на терминалот.

Во средината на 1960-тите години започнало спроведувањето на планови за надградба на аеродромот. Имало неколку планови, меѓу кои и да се изгради нов аеродром на оддалеченост од 70 километри од центарот на Софија. Сепак, официјалните лица се решиле за проширување на сегашниот аеродром. Проектот кој бил планиран во средината на 1960-тите години, сепак бил реализиран кон 2000 година со изградба на нов терминал и нова писта, паралелна со претходната. Финансискиот пакет, во најголем дел од Европската Унија и Кувајт бил договорен во 1998 година, додека работите започнале во 2001 година. Новиот терминал бил официјално пуштен на 27 декември 2006 година.

Реконструкција на аеродромот

Во согласност со планот за реконструкција, биле изградени нов терминал и нова писта. Постоечката писта била претворена во патека за таксирање. Вкупната инвестиција беше околу 200 милиони евра, финансии кои беа обезбедени во 1997-98 година од страна на Европската инвестициона банка, Кувајтскиот фонд за развој на арапската економија и ФАРЕ програмата. Реконструкцијата започна напоредно на две работи: новата писта и новиот терминал. Новата писта била отворена во август 2006, додека новиот терминал во декември 2006.

Транспорт до аеродромот Автобус Две автобуски линии поминуваат покрај аеродромот во Софија. Времето на патување е околу 20 минути во зависност од сообраќајниот метеж. Од/До терминаот 1 сообраќа автобусот број 84, додека од/до терминалот 2 сообраќа автобусот број 284. Цената на една автобуска карта е 1,60 лева (околу 45 денари).

Такси Такси превоз е достапен од двата терминали, 1 и 2.

Терминали

Терминал 1 Терминалот 1 бил изграден во првата половона на 20. век, и во моментот претежно се користи од нискобуџетните авиокомпании кои сообраќаат од аеродромот.

Терминал 2 Терминалот 2 беше официјално отворен на 27 декември 2006 година и бил еден од најголемите проекти во Бугарија со пари од Европската Унија. На терминалот постојат 7 порти за авионите, 38 шалтери за пријава и покрива површина од околу 50.000 м2.

Авиокомпании и одредишта

Терминал 1 Airlift Service (Охрид) easyJet (Лондон Гетвик, Мадрид, Манчестер, Милано Малпенза) Germanwings (Келн/Бон) MyAir (Милано Бергамо) MyAir оперирано од Darwin Airline (Венеција) Rossiya (Санкт Петербург) Wizz Air (Барселона, Брисел Шарлерој, Дортмунд, Лондон Лутон, Милано Бергамо, Рим Фјумичино, Валенсија) Wizz Air Bulgaria (Варна)

Терминал 2 Aegean Airlines (Атина) Aer Lingus (Даблин) Aeroflot (Москва Шереметјево) Air France (Париз Де Гол) Air Malta (Малта) Alitalia (Рим Фјумичино) Alitalia оперирано од Alitalia Express (Милано Малпенза) Austrian Airlines (Виена) Austrian Arrows оперирано од Tyrolean Airways (Виена) British Airways (Лондон Хитроу) Bulgaria Air Домашни: (Бургас, Варна) Меѓународни: (Аликанте, Амстердам, Атина, Барселона, Бејрут, Берлин Тегел, Брисел, Букурешт, Дубаи, Франкфурт, Истанбул Ататурк, Ларнака, Лондон Гетвик, Лондон Хитроу, Мадрид, Малага, Манчестер, Москва Шереметјево, Палма де Мајорка, Папос, Виена, Прага, Рим Фјумичино, Скопје, Тел Авив, Тирана, Триполи, Валенсија, Виена, Цирих)) Cyprus Airways (Ларнака) Czech Airlines (Прага) El Al (Тел Авив) LOT Polish Airlines (Варшава) Луфтханза (Франкфурт, Минхен) Lufthansa Regional оперирано од Eurowings (Аеродром Диселдорф|Диселдорф) Lufthansa Regional оперирано од Lufthansa CityLine (Минхен) Swiss International Air Lines (Цирих) TAROM (Аеродром Букурешт Отопени) Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)

Статистика на аеродромот + Сообраќај на аеродромот во СофијаГодинаПатнициКарго(тон)Полетувања/Слетувања20001,127,400 11,004 24 78520011,107,68210,380 21 86020021,214,137 12,48024 21220031,356,56913,754 25 51820041,614,139 14,46828 70020051,874,36814,724 32 18420062,209,34815,244 38 12320072,746,17817,38843 075 2008 3,230,69618,64748,6262009 3,134,10415,12145,6982010 3,296,93615,48947,0612011 3,474,99315,88847,15320123 467 45516 24940 80620133 504 32617 03940 52620143 815 15817 74142 12020154 088 94318 72744 41620164 980 38721 15751 82920176 489 73820 81857 670

Извори

2. https://sofia-airport.bg/sites/default/files/bg-passengers_2017-2018_5.pdf (на бугарски). www.sofia-airport.bg

Софија Категорија:Сообраќајот во Софија Аеродром