„Светни светлина“ е филм од 2008 режиран од Мартин Скорсезе кој документира два настапа во 2006 година на рокенрол бендот Ролинг Стоунс како дел од нивната „A Bigger Bang" турнеја. Истовремено филмот вклучува и архивски снимки од кариерата на бендот. Филмот е насловен според истоимената песна која е дел од нивниот албум „Бегство од главната улица“ (анг. Exile on Main St.) од 1972 година. Албум од звучната лента на филмот е издаден во април 2008 година од Јуниверсал.

Скорсезе ги снимил Ролинг Стоунс за време на нивните концерти во Њујорк на 29 октомври и 1 ноември 2006 во театарот „Beacon“. На концертните снимки им претходи краток полудраматизиран вовед за подготовките за настапот, вкрстен со историски исечоци од вести и интервјуа со членовите на бендот. Настапите, кои биле додадени на турнејата поради снимањето на филмот, вклучиле поинаква список на песни од типичната листа изведувана на другите концерти од турнејата, а во публиката се појавуваат познати личности како Бил Клинтон и Александар Кважњевски. Филмот исто прикажува заеднички настап на бендот со Бади Гај, Џек Вајт и Кристина Агилера.

Позади сцената, за време на настапот на 29 октомври, Ахмет Ертегун се здобил со повреди на главата од кои подоцна починал. Поради тоа, филмот му е посветен на Ертегун.

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2008 година