Зетска Бановина била провинција (бановина) во рамките на Кралството Југославија од 1929 до 1941 год. Во бановината спаѓала целата територија на денешна Црна Гора и делови од Централна Србија, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина. Именувана е по реката Зета, а административен центар бил градот Цетиње.

Граници

Според уставот на Кралството Југославија од 1931, Зетската бановина на север се граничи со јужните граници на Приморската и Дринската бановина ... до крстопатот на границите на трите општини Драгачево, Жича и Студеница. Од тука и до државната граница со Албанија, границата на оваа бановина ги следи источните граници на општините Студеница, Дежева, Митровица, Дреница и Дрин, вклучувајќи ги овие општини. Потоа, до Јадранското Море, границата на Зетската бановина се совпаѓа со југословенско-албанската државна граница.

Историја Во 1939, областите со етнички хрватски мнозинства во Зетската бановина од Которскиот Залив до Пељешац и Дубровник биле спојувани со новата Хрватска бановина.

Во 1941, силите на Оската во Втората светска војна ја окупирале Зетската бановина и ја делеле помеѓу Црна Гора и Албанија под италијанска окупација, Србија под германска окупација, и Усташка Хрватска. По втората светска војна, регионот бил поделен меѓу социјалистичките републики Црна Гора, Босна, Србија и Хрватска во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Наводи Уставот на Кралството Југославија

Поврзано Кралство Југославија Црна Гора

Категорија:Бановини во Кралство Југославија Категорија:Историја на Црна Гора Категорија:Држави и територии настанати во 1929 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1941 година