Трајко Вељаноски (2 ноември 1962 во Сливово, Охридско) — правник, политичар и осми по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008 до 2016 година. Член е на ВМРО-ДПМНЕ. Во собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија.

Животопис На Универзитетот „Кирил и Методиј“, тој ги завршил студиите по правни науки. Во 1988 година, тој го полажил адвокатскиот испит и истата година отвора самостојна адвокатска канцеларија. Како адвокат, тој работел до почетокот на 1999 година. Оженет е и е татко на две деца.

Политичка кариера Своето политичко ангажирање Трајко Вељаноски го започнал во 1993 година, со вклучувањето во ВМРО-ДПМНЕ. Неговото политичко дејствување е тесно поврзано со неговата професионална определба - правото и законодавството. Така, повеќе години, тој ја водел Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, бил член е на Комисијата за политички систем, а исто така го води и Форумот за правни и политички прашања и судски систем на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 1999 година, тој бил избран за потсекретар во Министерството за правда на Владата на Република Македонија, каде што набргу станал и заменик-министер. Притоа, посебно бил активен во подготвувањето на закони, но имал и активно учество во постапката на нивното донесување во Собранието и собраниските работни тела. Исто така, тој учествувал во подготвките на повеќе меѓународни билатерални и мултилатерални договори, како и учество на меѓународни средби, коференции и семинари.

Во тој период, тој бил и член на Комисијата за претставки и предлози на претседатлот на Република Македонија, а исто така е член и на Управниот одбор на Центарот за европски интеграции. Во повеќе изборни циклуси, како што се претседателските, парламентарните и локалните, тој бил ангажиран како член на Државната изборна комисија.

На парламентарните избори во 2006 година, Трајко Вељаноски бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период до април 2008 година, тој бил претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На изборите во јуни 2008 година, тој повторно бил избран за пратеник, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав, тој бил избран за претседател на Собранието на Република Македонија.Телма, 21 јуни 2008: КОНСТИТУИРАН НОВИОТ, ШЕСТИ ПО РЕД СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО НА РМ

На 20 февруари 2019 година, тој бил уапсен под обвинение дека бил еден од организаторите за Упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година. Во 2021 година добил затворска казна од 6 години и 6 месеци.Затворска казна

На 23 јануари 2025 година, Основниот кривичен суд во Скопје го уважил барањето за амнестија, и го ослободил од затвор, заедно со Ристовски, Јанакиески и Атанасовски. Ова се случи врз основа на Законот за амнестија од 2018 година, кој предвидува амнестија за лица кои не биле директно вклучени во насилството или неговата организација.

Наводи

Надворешни врски Официјалната страна за Вељаноски на собраниското мрежно место

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Сливово Категорија:Македонски адвокати Категорија:Претседатели на Собранието на Македонија Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Пратенички состав 2014-2016 Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија