Терминот косовска војна се користи да се опишат настаните и воениот конфликт во Косово. Од почетокот на 1998 то 1999, војната се водеше помеѓу југословенските полициски сили, југословенските паравоени формации и југословенската војска од една и албанските милитанти и терористи кои се бореа од другата страна. Се смета дека како резултат на војната биле раселени околу еден милион луѓе од Косово.
Периодот пред НАТО интервенцијата Косово во Титовата Југославија (1945–1986) Тензиите помеѓу Југословенските и Косовските водачи кулминирале низ 20иот век и неколкупати еруптирале во големо насилство,главно околу Првата балканска војна, Првата светска војна и Втората светска војна. Социјалистичката влада на Тито системски забрануваше националистички манифестации низ Југославија, барајќи да се осигура да нема Југословенска република или националност да доминира над другите.Во главно, моќта на Социјалистичка Република Србија, најголемата и најнаселената република, беше намалена со формирањето на автономните влади во провинцијата Војводина на северот од Србија и Косово на југот. Косовските граници не одговараа прецизно на населбите каде што Албанците беа мнозинство во Југославија (голем број на Албанци имало во Македонија, во Црна Гора (во општините Плав и Гусиње), во јужниот дел на Србија, со градовите Прешево, Медвеѓа и Бујановац, додека Северно Косово останало етнички српско.
Сепак, од пописот од 1921 година, на Косово, мнозинството биле Албанци. Косовската формална автонимија, создадена со југословенскиот устав од 1945 година, значела многу малку. Титовата тајна полиција (УДБА) ги казнуваше националистите. Во 1956 година, голем број на Албанци беа осудени во Косово за шпионажа и предавство. Опасноста од сепаратизам била минимална, затоа што тие групи кои бараа унија со Албанија беа политички многу малку. Но, сепак нивното значење врз случувањата во Косово и во Југославија постепено се зголемувало посебно по формирањето на Револуционерната Организација за Албанско единство од Адем Демаќи. Истиата организација подоцна ја формира и Ослободителната Војска на Косово. Демаќи заради тоа бил затворен во 1964 година, заедно со неговите приврзаници. Југославија имаше и период на економска и политичка криза во 1969 година, кога масовната владина програма на економски реформи направи разлики помеѓу богатиот север и сиромашниот југ од државата.
Студентските демонстрации и безредија во Белград имало во јуни 1968 и се префрлиле во Косово во ноември истата година, но овие протести биле загушени од Југословенските безбедносни сили. Сепак,некои од студентите бараа претежно, повеќе моќ за Албанците во Српската и Југословенската власт, и подобро признавање на Албанскиот јазик кои биле признати од Тито. Универзитот во Приштина бил формиран како независна институција во 1970 година, завршувајќи долг период кога институцијата беше заложник на Белградскиот Универзитет. Во 1974 година Косовскиот политички статус стануваше се подобар кога Југославија добила нов устав за политички права.Заедно со Социјалистичка Покраина Војводина, Косово беше прогласено како провинзија добивајќи повеќе моќ како еквивалентна република: седиште во федералното претседателство и сопствен парламент, полициски сили и национална банка.
Раководењето на државата сѐ уште било во рацете Комунистичката Парија, во која се наоѓале и етнички Албанци. Смртта на Тито на 4 мај 1980 година, створила долг период на политичка нестабилност, која се влошувала со зголемената екомонска криза и националистичките пробудувања.Првиот голем конфликт почнал во главниот град на Косово, Приштина, во март 1981 година, кога Албанските студенти протестирале околу долгите чекања во факултетскита менза. Овој инцидент брзо се прелеал низ цело Косово и се претворил во демонстрации од големи размери во многу косовски градови. Протестантите барале Косово да стане седма република во Југославија.
Сепак, ова беше политички неприфатливо за Србија и за Македонија. Некои во овие барања виделе предвесник за формирање на Голема Албанија којашто би ги опфаќала деловите на и Црна Гора, Македонија и самото Косово. Претседателството на СФРЈ ги спречило овие немири со испраќање на милицијата и армијата и со прогласување на вонредна состојба. Југословенските медиуми објавиле дека околу 11 луѓе биле убиени (според други биле убиени1000 а 4200 биле уапсени).
Косово и Слободан Милошевиќ (1986–1990)
Во Косово зголемениот албански национализам и сепаратизам резултираше со тензии помеѓу Србите и Албанците.
Нерешавањето на проблемите на Косово било поттик на Српската акаедимија на науки и уметности да постави анкета на Србите кои го напуштиле Косово во 1985 и 1986 година. Извештајот покажал дека голем број од оние Срби кои го напуштиле Косово биле под притисок од Албанците да го напуштат.
16 членови на САНУ почнаа со работа во јуни 1985 кога документ бил произнесен во јавноста во септември 1986 година. Меморандумот на САНУ, како што бил и познат, беше многу контроверзен. Се фокусираше на политичките тешкотии кои ги имаа Србите во Југославија обвинувајќи го раководството на Тито и ослабнувањето на Срската моќ и тешкотиите на Србите надвор од Србија.
Меморандумот посвети специјално внимание на Косово,аргументирајќи дека провинциските Срби се предмет на физички, легални и културен геноцид и во отворена и тотална војна која била од почетокот на 1981 година. Признато е дека Косовскиот статус во 1986 година беше голема историска загуба за Србите од ослободувањето од Отоманците во 1804, иако ранкирајќи го над катастрофите како Наци окупацијата и Првата светска војна и окупацијата на Србија од Австроунгарија. Авторите на овој Mеморандум открија дека 200.000 Срби се преселиле надвор од покраината во претходните 20 години и предупредија дека нема да има ниту еден Србин таму, ако нешто не се преземе. Лекот, според меморандумот, беше поголема сигурност и еднаквост на сите луѓе кои живеат во Косово и Метохија и враќање на Српските бегалци. Овој меморандум заврши со тоа дека Србија не треба да биде пасивна и да чека и види што другите мислат, како што направиле и претходно.
Меморандумот на САНУ, резултирал со големи реакции во цела Југославија. Албанците во него гледале закана. Тие сметале дека сите Српски емигранти го напуштиле Косово од економски причини. Другите југословенски националности, вклучувајќи ги Словенците и Хрватите, го виделе како закана и желба за доминација на Србија во СФРЈ. Србите исто така биле поделени, едни го прифатиле Меморандумот, а други ја нападнале неговата порака. Еден од нив кој не го поддржал беше и претседателот на Сојузот на комунистите на Србија, господинот Слободан Милошевиќ,
Во ноември 1988 година, главниот од Косовскиот провинциски комитет бил уапсен. Во март 1989 година Милошевиќ ја започнува т.н. Антибирократска револуција со која се ослободува од неистомислениците и ја укинува автономијата на Косово и на Војводина - со тоа се нарушува и рамнотежата на силите помеѓу републиките на ниво на СФРЈ. Истовремено објавил промена на власта и вонредна состојба во Косово поради насилните демонстрации, кои резултирале со 24 мртви вклучувајќи и два полицајци. Милошевиќ и неговата влада признаа дека уставните промени биле потребни за да ги заштити Србите кои останале во Косово против албанското мнозинство.
Укинување на автономијата (1990–1996) thumb|Wesley Clark served as the Supreme Allied Commander Europe. Слободан Милошевиќ ја оневозможил демократизацијата во двете провинции во 1990 година била укината автономнијата на Косово и Војводина. Сепак, двете покраини го задржале правото на глас во осумчленото Претседателство на СФРЈ (со и ова му даде на Србија на Милошевиќ добива 4 гласа на федерално ниво - Црна Гора во тој период ја поддржува политиката на Србија. Српските политички промени биле ратифирани на 5 јули 1990 со референдум кој бил одржан низ цела Република Србија, вклучувајќи го и Косово. Како резултат на овие мерки повеќе од 80.000 Косовски Албанци биле избркани од нивните работни места во Косово. Нови српски работни места биле формирани низ сите високо институциски образовни кадри во Косово, марка која била одбиена од страна на Албанците која резултирала со формирање на нивен паралелен образовен систем.
Албанската културна автономија била укината. Единствениот Албански весник, Rilindja, бил забранет, а телевизиските и радио емитувања на Албански јазик воопшто не ни постоеле. Албанскиот јазик повеќе не бил службен јазик во провинцијата. Универзитетот на Приштина бил сметан центар на Албанскиот национализам беше елиминран десеткуван: 800 професори во Приштинскиот факултет биле избркани и 22.500 од 23.000 студенти биле избркани.Околу 40.000 Југословенски трупи и полиција ги преместиле оригиналните Албански полициски сили. Тој режим бил идентификуван како полициска држава.Сиромаштијата и невработеноста достигнаа катастрофален степен, и околу 80% од Косовската популација биле невработени. Третина од машките Албанци одбраа да емигрираат во светот посебно во Германија и Швајцарија за да најдат работа.
Кога Сојузот на комунистите на Косово бил укинат од страна на Милошевиќ, доминантните албански партии ја формирале Демократскиот сојуз на Косово, на чело со Ибрахим Ругова. Но, Ругова не сакал војна, имајќи предвид што се случувало во текот на војните во Босна и Херцеговија и во Хрватска. Тој сепак ги повикнал Албанците да ги бојкотираат југословенските и српските институции, да не учествуваат на никакви избори, да го избегнуваат служењето на воениот рок кој бил задолжителен во тоа време и најважно да не плаќаат никакви даноци кон државата. Тој повикал на формирање на паралелни Албански училишта, клиники и болници. Во септември 1991, Косовскиот Парламент организиал попис кој резултирал со 90% одзив на Албанското население во близина на милион гласови којшто резултирало победа и формирање на независна Република Косово. Во мај 1992 година, бил одржан и втор референдум кој го одбрал Ругова како претседател на Косово. Српската влада ги прогласила двата референдуми илегални,и нивните резултати како фалсификат и неважечки.
Чекор кон војната (1996–1998)
Претседателството на Ругова,резултирало Косово да биде мирно во текот на војната која се водела во Словенија и војните во Хрватска и Босна,во текот на 1990-тите. Сепак дошло до формирање на Ослободителната Војска на Косово,која според информациите била формирана недалеку од Загреб со помош на Албанците во Хрватска,поранешниот Хрватски претседател Стјепан Месиќ кој му дал прибежиште и финансиска помош на Албанците.ОВК била исто така поддржувана од страна на Албанската емиграција,која дала финансиска помош.Во 1990-тите години Ругова ги молел ОН, за да се стационираат мировни сили во Косово.Во 1997 Слободан Милошевиќ бил промовиран во претседателството на СРЈ,се до април 1992.
Скоро неприметливо во јавните гласила, војната на Косово започна на 22 април 1996 година, каде се воделе борби помеѓу албанските герилци од ОВК, и југословенската полиција. Најголемиот дел од наоружувањето на ОВК, потекнувало од Албанија, каде што воените складишта на албанската армија биле опљачкани во текот на немирите поради падот на пирамидалниот систем во банките. Оружјето било пренесено преку тешко проодните планини на југословенско-албанската граница. ОВК исто така имала центри за обука на територијата на Албанија.
Првите жртви на ОВК се состоеле од Албанци кои биле припадници на МВР на Србија или на некој друг начин соработувале со властите во Србија. Наесен 1997 година, припадниците на ОВК изведиле напади како група од непознати групи, меѓу кои најважна била дреничката група на чело со Адем Јашари. По неколку напади на припадниките на Српската полиција и неуспешните акции за фаќање на Јашари, на 5 март 1998 година, полицијата ја опколила куќата на Јашари во селото Доње Преказе. Јашари бил убиен во борба, а загинале околу 60 лица меѓу кои жени и деца.