Државна награда „23 Октомври” — награда од високо ниво на Република Македонија која традиционално се доделува на Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври. Со неа се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија.

Доделување Според Законот за државните награди на Република Македонија со државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата. Државната награда под условите определени во конкурсов може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство. На награден поединец му се доделува: диплома, плакета и паричен износ.

Паричниот износ на државната награда “23 Октомври” изнесува десет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година. Државната награда “23 октомври “ се доделува, по правило, секоја година. Во една година може да се доделат награди на најмногу 5 лица.

Традиционално наградите се доделуваат во зградата на Македонското Собрание.

Добитници

Први и историски добитници на оваа награда се: етнологот Танас Вражиновски, Тахир Зајази, истакнат педагог и методичар и Гане Тодоровски, афирмиран поет, критичар, преведувач, и книжевен полемичарОбјавени добитниците на државната награда „23 Октомври“.

Наводи

Поврзано Државни награди на Македонија

Надворешни врски Државната награда „23 Октомври“ -You Tube

23

Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија