Славка Манева (, - , 8 јануари 2010) — македонска писателка.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 149.

Животопис Манева е родена во на 2 февруари 1934. Завршила студии по книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела како професор по македонски јазик и книжевност во гимназиите „Цветан Димов“ и „Јосип Броз Тито“ во Скопје.Славка Манева, Ѕвездени перничиња (второ издание). НИП „Студентски збор“, Скопје, 1998. Починала во на година..

Творештво Манева пишувала поезија и проза за деца. Таа ги објавила следниве дела:Славка Манева, Ѕвездени перничиња (второ издание). НИП „Студентски збор“, Скопје, 1998. „Свирипиле“ (раскази за деца), „Џиџа“ (сказни), „Камчето на сакањето“ (сказна), „Волшебниот лифт“ (сказни), „Готварски сказни“ (раскази за деца), „Виножитото што пее“ (сказна), „Од дедо Марковото торбуле“, „Приказни без крај“ (сликовница), „Куќата на божилакот“ „Ѕвездени перничиња“ (сказни).

Во библиотеката „Јунаци и јунаштва“ биле објавени нејзните книги „Кирил Пејчиновиќ“ и „Климент Охридски“. Покрај тоа, Манева ја има подготвено и преведено антологијата на детскиот расказ „Децата на светот“. Преведувана е на српски, турски, албански, руски, бугарски, полски, ерменски, грузиски и литвански јазик. Застапена е во повеќе антологиски избори во Македонија. За книгата „Ѕвездени перничиња“, таа ја добила наградата „Ванчо Николески“ за 1996 година, што ја доделува друштвото на писатели во Македонија.Славка Манева, Ѕвездени перничиња (второ издание). НИП „Студентски збор“, Скопје, 1998.

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски антолози Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Југословенски писатели Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје