Шпанска партија, позната и како Реј Лопес или Шпанско отворање е шаховско отворање кое настанува со потезите:

1. e4 e5 2. Sf3 Sc6 3. Lb5

Шпанската партија е едно од најпопуларните шаховски отворања. Ова отворање има огромен број на варијанти кои во енциклопедијата на шаховски отворања се обележани со шифрите од C60 до C99.

Историја

Отворањето води потекло од Шпанија од 16. век. Свештеникот Реј Лопес де Сегура извршил систематски студии на ова и на други отворања во книгата Libro del Ajedrez напишана во 1561. Во негова чест, во западната литература, ова отворање најчесто се среќава под името Реј Лопес. И покрај тоа, ова отворање подробно било познато и пред анализата на Реј Лопес, како дел од Гетингенските ракописи, кои датираат од 1490. Популарна употреба на отворањето не се развила, и покрај тоа што во средината на 19. век, рускиот теоретичар Карл Јаниш повторно го вратил во употреба, покажувајќи го неговиот потенцијал. Отворањето сè уште е во активна употреба, бидејќи често отворањата со двата кралски пешаци во првиот потег се дел од партиите на велемајсторите. Адаптирано е речиси од сите шахисти во нивните кариери и многумина го играат и со бели и црни фигури.

Основа Најосновно е дека со својот трет потег белиот го напаѓа црниот коњ на с6 кој го заштитува пешакот на е5 од нападот на коњот на f3. Може да се каже дека белиот има намера да го освои црниот пешак, играјќи 4.Lxc6 dxc6 5.Sxe5. Црниот може да одговори, играјќи 5...Dd4, образувајќи виљушка, напаѓајќи го коњот на е5 и пешакот на е4, или со 5...Dg5, напаѓајќи го коњот и пешакот на g2. Двете можности на црниот му носат враќање на материјалната рамнотежа и добра позиција. Потегот 3.Lb5 сепак е добар потег: развива фигура, подготвува рокада и создава потенцијално врзување кон црниот крал. И покрај тоа што, третиот потег на белиот нема за цел закана во скоро време, црниот може да одговори на голем број на начини. Ова отворање исто така било наречено „Шпанска тортура“, бидејќи црниот треба долго време да се бори за да обезбеди еднаквост.

Главни варијанти Теоријата на отворањата на Шпанска партија е многу поразвиена, во однос на сите други отворња со два коња. Речиси за секој потег постојат голем број на останати продолженија и многу се истражувани подлабоко. Обично поделбата се врши во две поголеми гупи: продолженија по потегот 3...a6, кој ја престставувае Морфиевата одбрана по Пол Морфи, иако тој не бил првиот кој го одиграл тој потег.Morphy played 3...a6 in the second (a draw) and fourth (a win for Morphy) games of his 1858 match with Adolf Anderssen. Philip W. Sergeant, Morphy's Games of Chess, Dover, 1957, pp. 106-08, 110-12. ISBN 0-486-20386-7. The move had been played much earlier, however. Charles Stanley played 3...a6 twice in his 1845 match, held in Morphy's hometown of New Orleans, against Eugene Rousseau for the United States Chess Championship. Stanley lost both games, although he won the match. Andy Soltis and Gene McCormick, "The Morphy Defense", Chess Life, August 1984, pp. 26-27. Howard Staunton also mentioned 3...a6 in his Chess-Player's Handbook, first published in 1847. Howard Staunton, The Chess-Player's Handbook (2nd ed. 1848), Henry C. Bohn, pp. 147, 149. Варијантите со било кој друг потег на црниот освен 3...a6 се постари и поедноставни, но Морфиевата одбрана е вообичаена и најчесто се игра.

Одбрани на црниот различни од 3...a6 Од оваа група, денес највообичаени се Берлинската и Шлимановата одбрана, како и Класичната одбрана. Штајницовата одбрана била значајна и често играна на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Ова се некои други продолженија 3...g6 (Смислова одбрана или Одбрана Барнес) 3...Sge7 (Одбрана козио) 3...Sd4 (Б'срдова одбрана) 3...d6 (Штајницова одбрана) 3...f5!? (Шлиманова одбрана) 3...Sf6 (Берлинска одбрана) 3...Lc5 (Класична или Корделова одбрана)

Смислова одбрана Смисловата одбрана, Одбрана со фјанкетирање или Одбрана Барнес (ЕШО C60), (3...g6) е мирен положбен систем, кој бил игран од страна на Василиј Смислов и Борис Спаски. Овој систем станал популарен во 1980-тите, кога се утврдило дека 4.c3 a6! му дава добра игра на црниот. Подоцна било дека по 4.d4 exd4 5.Lg5, белиот има предност и оттогаш оваа варијанта ретко се игра. Интересната гамбитна линија 4.d4 exd4 5.c3 била играна од страна на Александар Калифман, иако некои позиции сè уште се истражуваат.

Одбрана Козио Одбраната Козио (ЕШО C60), 3...Sge7 е всушност старомодна и можеби најнепопуларната од варијантите во оваа група. Иако Бент Ларсен ја одиграл со успех, таа е една од најнеистражуваните варијанти во Шпанска партија.

Б'рдова одбрана Б'рдовата одбрана (ЕШО C61), 3...Sd4 е невообичаена варијанта, која се игра со надеж да се изненади белиот и да се принуди да направи грешка во несродните позиции. Со внимателна игра, се смета дека белиот е во можност да дојде до мала предност.

Оваа одбрана била објавена во 1843 во делото Handbuch des Schachspiels на Паул Рудолф фон Билгер и била проучувана од Хенри Б'рд на крајот од 19. век. Б'рд ја играл со црни фигури најмалку 25 пати, со резултат +9=3−13 (9 победи, 3 реми, 13 порази).Bird Defence games played by Bird. ChessGames.com. Посетено на 2009-01-29. Б'рдовата одбрана подоцна била играна неколкупати на турнирите од страна на Зигберт Тараш, Борис Спаски и Александар Халифман. Иако се игра во исклучителни случаи како изненадување, немало некој многу силен шахист како Б'рд, кој редовно ја играл.

Штајницова одбрана Штајницовата одбрана (често именувана и како Стара Штајницова одбрана) (ЕШО C62), 3...d6 е солидна, но пасивна и ограничена. Иако омилено на првиот светски првак Вилхелм Штајниц и подоцна играна од други познати шахисти со одбрандбен стил на игра, како Емануел Ласкер, Хосе Раул Капабланка и Василиј Смислов, денес оваа варијанта ретко се игра. Белиот може да го приндуи црниот да му го препушти центарот (видете Тарашова стапица). Одложената варијанта на оваа одбрана (3...a6 4.La4 d6) му нуди на црниот повеќе шанси и е попопуларна.

Вилхелм Штајниц ја играл оваа варијанта не помалку од 21 партија, со резултат +6=3-12. Френк Маршал и Емануел Ласкер оствариле резултат +4=2-2 со црни фижгури. Александар Онишчук е подобар, со резултат +7=2-1 на меѓународните турнири.

Шлиманова одбрана

Шилемановата одбрана или Јанишов гамбит (ЕШО C63), 3...f5!? е многу остра линија, со која црниот се обидува да ја отвори f-вертикалата за напад, за што жртвува пешак или два. Некои ја сметаат оваа варијанта за сомнителна и несигурна, но сепак таа се игра во врвниот шах како изненадувачко оружје. Оваа варијанта потекнува од партиите на Карл Јаниш од 1847 и понекогаш е именувана по него. Иако подоцна е именувана по германскиот правник Адолф Карл Вилхелм Шлиман (1817–1872), Шлимановата линија е играна во 1860-тите како варијанта на Корделовата одбрана (3...Lc5 4.c3 f5).

Рудолф Шпилман ја играл со црни фигури, со резултат +6=5-1, а Френк Маршал со +9=8-4. Александар Шабалов има позитивен резултат на меѓународните турнири. Тејмур Раџабов ја игра оваа варијанта, остварувајќи добри резултати, вклучувајќи и реми против Вишванатан Ананд на шаховскиот турнир во Морелија-Линарес во 2008.

Класична одбрана

Класичната одбрана или Корделова одбрана (ЕШО C64), 3...Lc5 е можеби најстарата одбрана од Шпанска партија, а и денес се игра во исклучителни случаи. Вообичаен одговор на белиот е потегот 4.c3, по што црниот мора да избере дали ќе одигра 4...f5, Корделовиот гамбит. Ова често води до мирни позиции и е повеќе со реми карактер, во однос на другите можни потези за црниот. Посолидно е 4.c3 Sf6, по што 5.0-0 0-0 6.d4 Lb6 води до Бенелушката варијанта. Основна алтернатива за белиот на 4.c3 е 4.0-0.

Вилхелм Штајниц ја играл оваа варијанта, остварувајќи резултат +5=2−4. Борис Гулко сѐ уште ја игра. Австралијанскиот велемајстор Јан Роџерс има остварено резулатат +7=4−1 на меѓуанродните турнири.

Берлинска одбрана

Берлинската одбрана, 3...Sf6 се смета за солидна и варијанта, која често има реми карактер, па е наречена и „Берлински ѕид“The Berlin Wall Grows Higher In Sochi , 9 август 2008. Белиот победува со 56.3% во оваа варијанта, што е еднакво со шансите за победа на белиот во Шпанска партија генерално; но 37% од партиите со оваа варијанта завршуваат реми, во споредба со 30% во сите останати отворања. Берлинската одбрана била играна од страна на Емануел Ласкер и други шахисти на крајот од 19. и почетокот на 20. век, кој типично играл 4.0-0 со 4...d6 во стилот на Штајницовата одбрана. Овој пристап ја изгубил својата популарност, поради неговата пасивност и целата варијанта ретко се игра. Артур Бисгер ја играл оваа варијанта со декади, но секогаш го избирал продолжението 4.0-0 Sxe4. Тогаш во 2000, Владимир Крамник ја искористи како реми оружје против Гари Каспаров во мечот за класичен светски првак, по што Берлинската одбра доживеа забележителна ренесанса; и други шахисти како Алексеј Широв, Веселин Топалов и самиот Каспаров ја применија.

Доколку третиот потег нема за цел да го земе белиот e-пешак (ако црниот го зенме, белиот ќе го врати пешакот, земајќи го црниот на e5), белиот обично рокира на пократка страна. по 4.0-0, има на располагање две солидни продоженија 4...Sxe4 или поборвбеното 4...Lc5 (Класичната Берлинска варијанта). По 4...Sxe4 5.d4 (5.Te1 Sd6 6.Sxe5 е исто така можно) Sd6 6.Lxc6 dxc6 7.dxe5 Sf5 8.Dxd8+ Kxd8, се смета дека белиот има мала предност блчагодарение на подобрата пешачка структура и лошо поставениот црн коњ. И покрај тоа, црниот има ловечка дојка и неговата позиција нема слабости, па би било тешко за белиот да изврши вистински притисок. Всушност, сите четири од партиите во мечот Каспаров-Крамник со ова отворање завршија реми.

Според кодовите во ЕШО, Берлинската одбрана е кодифицирана од C65 до С67. Кодот C65 ги опфаќа продолженијата по 4.0-0, како 4.0-0 Lc5, а кодот C66 продолженијата по 4.0-0 d6 додека C67 4.0-0 Sxe4.

Морфиева одбрана 3...a6: алтернативи на Затворената одбрана

Најиграната варијанта во Шпанска партија е Морфиевата одбрана, 3...a6, која „го поставува прашањето“ за белиот ловец. Белиот има на располагање само две добри можности: 4.Lxc6 или 4.La4. Целта на потегот 3...a6 е дека по воообичаеното повлекување на ловецот со 4.La4, црниот би ја имал можноста да го оневозможи врзувањето на неговиот коњ, играјќи ...b5. Всушност, белиот мора да внимава да не падне во стапицата Ноева арка во која црниот го заробува белиот ловец на полето b3 со напредувањето на пешаците на даминото крило на ...a6, ...b5 и ...c4.

Екол дел Рио, во неговите принципи од 1750 Sopra il giuoco degli Scacchi, Osservazioni practice d’anonimo author Modense (На шаховскатѕа игра, практични набљудувања од анонимниот моденски автор), бил првиот автор кој го вовел потегот 3...a6.Harry Golombek, Chess: A History, G.P. Putnam’s Sons, 1976, стр. 117-18. И покрај тоа, потегот станал популарен, откако бил игран од страна на Пол Морфи, по кого и го добила името варијантата која настанува. Штајниц не го одобрувал потегот. Во 1889, тој напишал „по принцип, ова не води до предност, туку го носи ловецот каде што сака да оди“. Мислењето на Штајниц не преовладало, па денес потегот 3...a6 се игра во над 75% од партиите кои започнуваат со Шпанска партија.

По 3...a6, најиграна линија е Затворената одбрана, којашто настанува со потезите 4.La4 Sf6 5.0-0 Le7. Алтернативни продолжениоја на затворената одбрана се: 4.Lxc6 (Варијанта со размена) 4.La4 4...b5 5.Lb3 Sa5 (Норвешка одбрана) 4...b5 5.Lb3 Lc5 (Грацка одбрана) 4...Lc5 (Одложена класична одбрана) 4...d6 (Одложена Штајницова одбрана) 4...f5 (Одложена Шлиманова одбрана) 4...Sf6 5.0-0 b5 6.Lb3 Lb7 (Архангелска одбрана) 4...Sf6 5.0-0 b5 6.Lb3 Lc5 (Модерна Архангелска одбрана) 4...Sf6 5.0-0 Lc5 (Милерова одбрана) 4...Sf6 5.0-0 d6 (Руска одбрана) 4...Sf6 5.0-0 Sxe4 (Отворена одбрана)

Варијанта со одбрана